Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Ќе се расчистува со духовите од минатото

Македонија по Косово и Словенија, беше последна земја од регионот што и' се приклучи на иницијативата за РЕКОМ

Гордана Дувњак

Ќе стане ли Македонија дел од приказната за РЕКОМ? Доколку ова се случи и успеат амбициозните планови за формирање регионална иницијатива од цивилен карактер, која силно ја поддржуваат меѓународната заедница и Брисел, РЕКОМ ќе стане наше секојдневје и реалност. Звучната кратенка, која е следена и од медиумска кампања, засега е позната само во тесни кругови. Главно, меѓу невладините организации и во дел од државниот сектор, задолжен за правда и безбедност. Македонската промоција срамежливо ја доживеа во март оваа година.

За разлика од земјите од поранешна Југославија, Македонија, по Косово и по Словенија, беше последна земја од регионот што и' се приклучи на иницијативата за РЕКОМ, која е почната уште во мај 2008 година. А, в година таа треба да финишира со формирање вонсудска институција, со мандат на територијата на старата Југа. Регионалната комисија треба да добие силен легитимитет од владите на сите седум држави, вклучувајќи го и Косово. Нејзина мисија е да ги утврди фактите за воените злосторства и за кршењето на човековите права во периодот од 1991 до 2001 година, но и да се обиде да ги открие „поширокиот контекст“ и причините за она што доведе до распаѓање на поранешната заедничка држава.

„Секое злосторство треба да биде целосно расветлено и во него да ги препознаеме двете страни - и извршителот што заслужува казна и жртвата што ја заслужува нашата почит“. Оваа порака викендов ја пренесе претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ, кој во саботата го отвори Седмиот регионален форум за транзициска правда, кој се одржа во Загреб. Тој ги повика политичарите од регионот да ја поддржат иницијативата за формирање РЕКОМ. Тој и претседателот на Србија, Борислав Тадиќ, се силни поддржувачи на РЕКОМ.

„Македонија не е исклучок од ситуацијата во регионот, туку напротив, можеби и поради тоа што нашиот конфликт е меѓу последните, процесите на конструктивно соочување со минатото низ призма на жртвите, може слободно да се каже, не е ни почнат“, вели Боро Китановски од невладината организација „Мировна акција“ од Прилеп, кој е национален координатор на иницијативата РЕКОМ за Македонија.

Тој вели дека постои една тенденција, која често се заговара во јавноста, дека нам ни се потребни некаков заеднички договор и заедничко толкување на тоа што навистина ни се случило.

„Тоа е погрешен пат. Единствено за поединечните случаи на кршења на правата е апсолутно потребен процес за утврдување на фактите и нешто во таа насока. Во однос на генералната оцена за тоа што ни се случи во 2001 година, таа не смее да се монополизира, ниту по етничка, ниту по линија на моќ ниту, пак, по која било друга линија. Она што навистина ни е потребно во оваа фаза е своевидна демократизација на дискурсите низ кои се третира минатото во јавноста“, додава Китановски.

Пратеничката од редовите на ДУИ, Зумрета Јакупи, значително ја поддржува регионалната иницијатива РЕКОМ и смета оти Македонија мора да биде дел од тој процес. Таа беше дел од македонската група составена од претставници од невладини организации, кои викендов учествуваа на Форумот во Хрватска.

„Нам ни е неопходно соочување со минатото за да можеме да тргнеме натаму. Има многу неразјаснети работи, исчезнати лица, па затоа е битно што поголем број организации и поединци да и' дадат поддршка на оваа иницијатива“, вели таа.

Поддржувачите на РЕКОМ се убедени дека постои недостаток од критичко согледување на процесите и на актерите што доведоа до крвави разрешници на конфликтите во регионот. РЕКОМ треба да се обиде да го поттикне процесот на преиспитување на сопственото минато. Амбиции се да се изгради јавна платформа за глас на жртвите и со помош на нивниот глас да се поттикне јавноста на сочувствување, почитување и солидарност.

Иницијативата РЕКОМ засега е поддржана од над 900 организации и поединци, а, според плановите, до јули идната година треба да се соберат милион потписи што треба да ги убедат седумте влади да застанат зад иницијативата. Процесот на консултации постојано тече, а по Форумот што се одржа викендов во Загреб, за идниот месец се предвидени консултации со верските заедници, ветеранските здруженија, граѓанските асоцијации...


#
Статијата е прочитана 848 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Секој четврт тендер поништен
Нови маки за болните од леукемија
Нов рок за концесионер за патиштата






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency