Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Нови маки за болните од леукемија

Од Министерството за здравство молчат

Јасмина Јовановска


Ќе извисат ли повторно болните од леукемија за лекот што им го продолжува животот? Иако, како што се дознава, Владата пред околу половина година одлучила сите пациенти со леукемија да примаат „гливек“, без импликација врз здравствената каса, здравствените власти проблемот со овој лек повторно го вратиле на почетокот. Министерството за здравство повторно побара од хематолозите да се изјаснат дали лекот треба да биде ставен на листата на лекови што ги обезбедува државата. По којзнае кој пат се бара стручно мислење за лекот, па болните се прашуваат дали со ова здравствените власти само купуваат време за лекот да не се обезбеди, а, сепак, да покажат пред јавноста дека работат на решавање на проблемот.

Од Комисијата за проширување на позитивната листа во Бирото за лекови ни потврдија дека од клиниката е стасан список со четири препарати за кои хематолозите се изјасниле дека треба да бидат ставени на листата на државни лекови, меѓу кои и „гливекот“. Од Министерството за здравство повеќе од една недела молчат за овој проблем и не одговараат зошто повторно се бара стручно мислење.

И додека државата да се убеди да го обезбеди лекот, болните и натаму умираат. Од почетокот на годинава се починати три лица, а моментално во критична состојба се уште двајца пациенти. Тие не се без терапија, но се лекуваат со лекови што не можат доволно да ја контролираат болеста.

„До кога ќе ја молиме државата да ни обезбеди лек, а со тоа и право на живот“, прашуваат болните. „Зарем ние не сме граѓани на оваа држава или со тоа што имаме леукемија државата пред време не има отпишано“, велат во Здружението.

Повеќе од три години овој лек, кој им го продолжува животот и до осум години, па и повеќе, во Македонија го примаат само 15 пациенти. За толку пациенти Фондот се реши да дава пари, а во државата има околу педесетина пациенти на кои овој лек им е потребен.

„Нашиот предлог е парите што се издвојуваат за другите лекови за леукемија, Фондот да ги пренасочи за „гливек“. На овој начин државата ќе може да обезбеди „гливек“ за уште 22 болни, а за другите 13 болни како здружение некако ќе се снајдеме, дали со донации, хуманитарни концерти или слично“, смета Пепо Леви, претседател на Здружението. Математиките велат дека државата за другиот вид терапија издвојува околу 1.000 до 1.500 евра месечно по пациент, а за „гливек“ по околу 2.600 евра. „Навидум, разликата во пари е голема, но резултатите за болните се непроценливи, а и на крај, трошоците за лекувањето со „гливек“ се помали ако се знае дека од другата терапија има голем број последици и компликации со што пациентите завршуваат во болница“, потенцира Леви.

За проблемот на болните од леукемија, Здружението по три години барање и молење, конечно, било ислушано во Министерството за здравство. „Бевме на средба, и имаме закажано уште една средба“, вели Леви, кој додава дека ако не се реши проблемот, ќе преземат други порадикални мерки.

Пациентите се револтирани поради тоа што државата одредува и прави селекција кој да живее, а кој да умре. „Кој е тој што одлучува кој да живее. Сите имаме право да живееме“, вели една пациентка, која ја моли државата да не ја осудува на смрт, зашто нема пари за нив. „Мизерно е да се вели дека бројот на болни од леукемија не се зголемува и дека секоја година салдото е нула, зашто се јавуваат нови случаи, колку што умираат годишно. Само кај нас се размислува вака за болните“, нервозно раскажува една пациентка.

Директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева-Змејкова, директно не одговори на прашањето дали може да се пренасочат средствата од другите терапии за леукемија кон набавка на „гливек“. „На Клиниката и сега има доволно пари да може да се прошири листата на болни што може да примаат ’гливек’“, кратко ни изјави Парнарџиева-Змејкова.

 


#
Статијата е прочитана 454 пати.

Испрати коментар

Од: Тrpe
Датум: 19.10.2010 21:02:05
Срамота, брука и незнам што друго да пишам. Мојот револт е огромен за сето овоа. Оваа ненародна влада има пари, за коњи, за лавови само за да живеаат болните од леукемија немаат пари. Ќе ги стаса божјата клетва и нив за сета оваа мака која ја трга народот македонски. На сите ни е јасно зашто е тоа така, од коњите и лавоите има добра провизиичка, од лекови на кој им е позната цената нема. За да дозволи Пастирот и фамилијата нека чинат лекарството дупло, ма и тродупло само дај те луѓето да не ни умираат и целиот свет да не ни се смее за овие циркуси.

Најди! во Утрински
Политика
Секој четврт тендер поништен
Ќе се расчистува со духовите од минатото
Нов рок за концесионер за патиштата






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency