Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Забава

„Крушево етноград“

Започна туристичкото востание

Во неделата попладне, на 24 јули, се отвори манифестацијата „Крушево етноград“ во присуство на повеќе од илјадници граѓани и голем број комити, Турци и чорбаџии, кои во наредните десет дена ќе се потрудат да го почувствуваме времето на Илинденското востание.

Манифестацијата ја отвори идеологот и авторот на проектот „Крушево етноград“, Ранко Петровиќ-Бубамара, кој по трет пат го прочита Туристичкиот манифест, каде што повторно на духовит начин со многу сериозни пораки им се обрати до „востаниците“. Тој им порача со манифестот да внимаваат кога земаат кредити, како градоначалникот на Крушево, кајмакамот Василчо Бурхан Дамчевски ослабел 30 килограми со специјална крушевска диета или зошто во Крушево се' уште има голем број невработени - па затоа што е најубав град за одмор во Македонија!

Музичкиот дух на востаниците го подигнуваше најдобриот народен пејач Наум Петрески, кој облечен во стара мијачка носија, покрај многубројните знамиња и народни везови ја отпеа и македонската химна.

Многу туристи посакаа да се сликаат пред маскотата на ова востание, која ја постави Радио Бубамара, а на која пишува „Поздрав од Крушево“, а наскоро сите туристи ќе можат да изнајмат комитски носии за да направат историска фотографија. Голем впечаток остави и Ристо Самарџиев, кој беше облечен како турски чорбаџија, кој соработува со востаниците и на тој начин придонесува во битката на ова востание.

Во наредните десетина дена манифестацијата „Крушево етноград“ ќе биде реализирана од страна на Историскиот музеј - Крушево и Општина Крушево.


#
Статијата е прочитана 20252 пати.

Испрати коментар

Од: Betoven
Датум: 26.07.2011 10:07:29
!! SELOTO GORI, BABATA SE CESLA !!!
Од: граѓанин на Македонија
Датум: 26.07.2011 13:06:43
Најпаметна е одлуката , македонскиот етноград да прерасне во балкански. Во секој поглед, нашето Крушево тоа го заслужува.

Најди! во Утрински
Забава
Принцезата се вика Ангела
Изгрејсонце на плажа „Парк“
Со прстен во книга ме побара за жена
Кнежевската двојка подготвува тужба
Рекордна продажба на албумите на Ејми Вајнхаус
Бисер на јапонската технологија

"""