Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Забава

Автомобили

Бисер на јапонската технологија

„Субару“ е познат по „боксер“ агрегатите и (AWD) погон на сите тркала. Исклучок не е и знаменосецот, „легаси“, кој по четири генерации и повеќе од четири милиони продадени примероци, првпат во својата историја доби дизел-мотор

„Субару легаси“ 2.0 D

Владимир Ристовиќ

Последнoто, петто,издание на „легаси“ е повпечатливо, поголемо и полуксузно од претходниците. Јапонскиот бренд како да сакаше да го позиционира моделот едно скалило погоре. Но, тоа не е се'. По 20 години од лансирањето, тој има единствана изведба за сите светски пазари. Маркантните динамични линии најавуваат моќен играч во средната класа, но со претензии да земе и дел од клиентите определени кон полуксузни премиум модели. Елеганција, со нишка на спортски елементи. Се' е слично, но и различно од претходните генерации. Се чини дека во балансот на спортските карактеристики и комфорот, удобноста добила предност. Тоа се должи на поголемата должина за 50 мм во однос на претходникот, а меѓуоскиното растојание е зголемено за 80 мм на 2.750 мм. Пространоста е за пример. Однапред вниманието го привлекува издигнатиот отвор на поклопецот од моторот, детаљ што ја истакнува спортска нота. Следува долга предница, лимузинска кабина, а надолниот пат на линијата кон задниот дел ви дава чувство дека пред вас е комбинација на лимузина и купе. Внатре плени со удобност. Предните седишта се комфорни, а пространо и на задните, каде што тројца возрасни патници имаат доволно простор за колената, рамениците и главата. Возачкото седиште е удобно и електронски се регулира. Инструмент-таблата е прегледна. Централната конзола е едноставна со достапни команди со кои лесно се ракува. Од левата страна на возачот се: електрорачна сопирачка, систем за помош при тргнување на угорнина и копчето со кое може да се исклучи системот за контрола на пролизгувањето. Багажникот со капацитет од 486 литри е во рамки на класата. Едноставно, но со квалитетни материјали и прецизна завршна изработка и елементи од хром и кожа што ве внесуваат во премиум-сегментот. Првиот „боксер“ дизел-агрегат, вграден во автомобил, доаѓа од „Субару“. Моторот е целосно дело на Јапонците. Со зафатнина од 1.998 см3 и моќ од 150 КС, со максимален вртежен момент од 350 Нм, добиени веќе од 1.800, е по мерка за тон и половина тешкиот автомобил. Доволно за топ-брзина од 206 мк/ч и спринт од место до „стотка“ за 9,3 секунди. Силата се пренесува на сите тркала преку шестстепен мануелен менувач. Симетричниот погон на сите тркала ја пренесува силата во сооднос 50% на предната и 50% на задната оска, редукторот, во моделите со дизелски агрегат не постои поради големиот вртежен момент што го произведува агрегатот. Погонот е „одговорен“ за исклучителната стабилност и управливост. Да не зборуваме за предностите на лизгав коловоз во отежнати условите на патот. И за крај, уште една благодат за неговите сопственици - просечната потрошувачка на изминати 100 км изнесува 5,9 литри.

Subaru Legacy) 2.0

Цена на основен модел: 28.308 евра

Цена на тестираниот примерок: 32.792 евра

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ:

Subaru Legacy 2.0 D мотор: дизел

цилиндри / вентили: четири цилиндри 16 вентили

работна зафатнина: 1.998 см3

максимална силина: 150 КС при 3.600 врт./мин.

максимален вртежен момент: 350 Нм при 1.800-2.400 врт./мин.

погон: на сите 4 тркала

трансмисија: 6-степен мануелен менувач

потпирање напред: MacPherson, попречни рамења, стабилизатори

потпирање назад: двојни попречни водилки, стабилизатори

сопирачки напред: вентилирачки дискови

сопирачки назад: дискови

должина х ширина х висина: 4.730 х 1.780 х 1.505 мм

меѓуоскино растојание: 2.750 мм

тежина: 1.527 кг

багажник: 486 литри

резервоар: 65 литри

максимална брзина: 206 км/ч

забрзување 0-100 км/ч: 9.3 сек.

декларирана просечна потрошувачка: 5,9 лит/100 км

емисија на CO2: 156 г/км

Олдтајмер на „Мерцедес“ ги руши сите аукциски рекорди

На аукцијата на автомобили што ќе се организира во август во калифорнискиот град Монтереј се очекува соборување на рекордот според вредноста на продадено возило. Рекордниот модел би требало да биде „мерцедес бенц 540К специјал родстер“ од 1937 година.

Ист ваков автомобил пред неколку години му беше продаден на лицитација на Берни Еклстоун и тогаш вредноста стигна до 8,2 милиона долари. Од аукциската куќа „ПР аукшн“ најавуваат дека кога автомобилот ќе биде понуден на аукција, ќе ја надмине споменатата цена, а би можел да достигне и цена од 10,9 милиони, што пред три години ја постигна „ферари 250 ГТ СВБ Калифорнија спајдер“ од 1961 година.

За разлика од моделот што го купи Еклстоун, сегашниот нема славен сопственик, но се работи за многу редок автомобил, а само уште три возила се во возна состојба.

„Мицубиши и-Ми-Ев“ ќе дополнува

„Мицубиши моторс“ објави дека до крајот на годинава на пазарот ќе пласира уред што ќе овозможи електричното возило „и-Ми-Ев“ да обезбеди напојување на апаратите за домаќинство?

Моделот на „мицубиши“ е опремен со литиумјонска батерија со капацитет од 16 киловат-часа, што е еднакво на просечна потрошувачка за еден и пол ден. Во компанијата сметаат дека уредот ќе привлече внимание како мобилен извор на е��ергија со висок капацитет, што е особено важно во источна Јапонија каде што катастрофалниот земјотрес однесе многу домови и ги отсече од напојување со електрична енергија.

Моментно „и-Ми-Ев“ може да обезбеди напојување на мобилен апарат и лаптоп преку адаптер кој се вклучува во автомобилската запалка за цигари. Сепак, не може да се напојуваат електрични уреди за домаќинство зашто за тоа е потребно повеќе енергија. Компанијата планира да постави лимит за потрошувачка на енергијата од 1.500 вати.

Новата „киа пиканто“ пристигна во Македонија

КММ од Скопје, импортерот на возилата на „Киа“ во Македонија, неодамна го промовира новиот модел на најпродаваниот автомобил во А-сегментот на „киа пиканто“.

Овој градски автомобил сега има еден поинаков, позрел и посупериорен изглед од својот претходник. Комплетно редизајниран и реконструиран, со поголемо меѓуоскино растојание е еден од најконкурентните модели во овој сегмент. Гледано отстрана, новото „пиканто“ има значителни промени во линијата и самата каросерија. Ова е резултат на играта со сенки и слоеви, кои ја акцентираат висината, со што овој модел добива поинаков, повпечатлив изглед.

На стартот доаѓа со 5 врати, но наскоро ќе може да се добие и со 3 врати. Кај нас „пиканто“ доаѓа со два типа мотори 1.0 и 1.2 бензин, кои се едни од најекономичните и најеколошки со најмала емисија на штетни гасови.


#
Статијата е прочитана 709 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Принцезата се вика Ангела
Изгрејсонце на плажа „Парк“
Со прстен во книга ме побара за жена
Кнежевската двојка подготвува тужба
Рекордна продажба на албумите на Ејми Вајнхаус
Започна туристичкото востание

"""