Број 3640  вторник, 26 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Забава

Рекордна продажба на албумите на Ејми Вајнхаус

За само еден ден продажбата на албумите на пејачката Ејми Вајнхаус, која беше пронајдена мртва во саботата во својот стан во Лондон се зголеми за 37 отсто, а според компанијата "Офишал чартс", се очекува овој тренд да продолжи и во наредниот период.

Вајнхаус се искачи на врвот на топ листата на "Тјунс" со албумот од 2006 година "Back to Black", за кој освои пет награди "Греми" во САД и кој проблематичната лондонска девојка ја претвори во светска ѕвезда. "Back to Black" ја исфрли од првото место на топ листата на "Тјунс" британската пејачка Адел.

Порастот на продажбата потсетува на случајот со Мајкл Џексон, чии синглови и албуми ги зазедоа првите места на светските топ листи по неговата смрт. Богатството на Џексон се зголеми за 310 милиони долари благодарејќи на продажбата на албумите и останатите изданија.


#
Статијата е прочитана 473 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Принцезата се вика Ангела
Изгрејсонце на плажа „Парк“
Со прстен во книга ме побара за жена
Кнежевската двојка подготвува тужба
Започна туристичкото востание
Бисер на јапонската технологија

"""