Алберт и Шарлин од Монако
Кнежевската двојка подготвува тужба

Шефот на владата на Монако, Михел Роџер, изјавил дека остро се противи на трачевите за лошиот однос на принцот Алберт од Монако и принцезата Шарлин и додал дека кнежевскиот пар токму поради тоа ќе тужи еден француски магазин.
„Тоа е мошне вознемирувачки. Сите гласишта се целосно неточни“ - изјавил Роџер по повод пишувањата на медиумите.
Францускиот магазин „Л’Експрес“ прв објавил дека Шарлин се обидела да побегне пред свадбата, но луѓето од обезбедувањето на Алберт ја вратиле од границата, како и дека кнежевскиот пар е во лоши односи, но и дека Алберт има ново вонбрачно дете. Како што изјавил премиерот на владата на Монако, кнежевскиот пар има намера да го тужи магазинот зашто објавувајќи ги гласиштата, им дал кредибилитет. |