Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Да живее скандалот!

Сунчица Уневска

Претставата „Алкмеон од Коринт“, дури и неодиграна, се претвори во најголемиот театарски настан во земјава. Иако изминатава недела во рамките на „Охридско лето“ имавме гостување на два театарски спектакла, сепак, целото внимание на јавноста е окупирано со скандалот околу „Алкмеон од Коринт“, кој како мегаинтернационален театарски проект требаше да има премиера на 19 август. Ниту „Калигула“ на култниот словенечки режисер Томаж Пандур, па дури ни претставата „Зошто, зошто“ на еден од најголемите театарски автори на денешницата Питер Брук, и покрај виртуозноста и ексклузивноста која ја донесоа, се чини нема да ја обојат оваа театарска сезона како секојдневните извештаи поради овој срамен настан.

Битолскиот театар и британскиот креативен тим не штедат обвинувања на сметка еден на друг. Од театарот тврдат дека странците не го почитувале договорот, додека Британците велат дека парите се ненаменски трошени, иако за оваа претстава се одобрени и дополнителни средства, а целиот проект чини над 50 илјади евра. Претставата ќе заврши на суд.

Уште една претстава која се подготвуваше во Струмичкиот театар, „Калигула“, со режисер од Англија, исто така, пропадна, но не отиде на суд. Пропаднаа и 1.500 евра за хонорар на режисерот и средствата за неговиот едномесечен престој тука. Но, она што во сево ова е најтрагично не се средствата, туку состојбата со театарот и со културата и неможноста да бидеме во чекор со театарските копродукции во светот. Ваквите настани не' враќаат назад и говорат за нашата неодговорност и непрофесионалност, а особено за немањето однос кон врвната уметност која само пред неколку дена требаше да покаже дека ако не умееме да ја создаваме, барем можеме да ја препознаеме.


Статијата е прочитана 1376 пати.

Испрати коментар

Од: MILE
Датум: 15.08.2008 05:27:58
Dali i za ova ke gi okrivite VMRO-DPMNE i GRUEVSKI. Ajde fabrikanti pocnete da kritikuvate.
Од: Mile
Датум: 15.08.2008 10:15:35
Ne be nese tie krivi -tatkomi e kriv.
Од: citatel vo GB
Датум: 15.08.2008 10:40:28
Mi se cini deka vo komentarot ima cuvstvo na sebe-potcenuvanje na Mkedonija kako kulturna (teatarska) sredina. Se razbira deka rakovodstvata na Strumickiot i Bitolskiot teatar treba da bidat profesionalni i da gi vodat proektite na takov nacin da ne se sozdade problem od tolku seriozen karakter. Od druga strana, so involviranje stranski iminja vo eden proekt, avtomatski ne se stava Makedonija na 'kulturnata mapa' na Evropa. Takvi 'mapi' ne postojat i se' e rabota na kvalitet na programa i menadzerstvo no i marketing. Znaci, site proekti treba da se kvalitetni i soodvetno prezentirani i reklamirani-kvalitetot treba da bide imperativ.
Од: Chichko Stoilko
Датум: 15.08.2008 10:49:30
Jas mislam deka turcite se krivi zosto tie ni gi postavuvaat direktorite i revnosnite partiski vojnici,koi za najvisoko dostignuvanje ja imaat partiskata kniska koja vprocem e i edinstveniot kriterium.Arno ama toa na prostive stranci ne im e jasno pa zatoa ke mora i do site niv po edno pismo da im napiseme i celava rabota da im ja razjasnime.Krajno bezobrazie od nivna strana sto pak se interesiraat i za nasite pari koi si se samo nasi i ke si gi trosime kako si sakame.Pa nie sme nezavisna drzava, majkata?!!!!!!!!!
Од: maja
Датум: 15.08.2008 11:34:13
Se razbira deka tie se vinovni,ami koj?Tie institucii se pod kapa na drzavnata vlast,ama za niv nemaat vreme oti tie se obzemeni so drugi povazni raboti.
Од: Трпе
Датум: 15.08.2008 12:13:24
Opozicijata e vinovna.Gi plasi ministrite.Nemoze do izraz da dojde amaterskiot glumec Nikola.Losi soveti im dava na ministerkata za kultura.Mu smeta prasinata od crveniot tepih.Covekot koga odi i od prasinata se sopinja.Bravo vlada na ovcite.
Од: Do MIle
Датум: 15.08.2008 12:33:48
За овие гупости и кражби крива е владата на Никола Груевски , ако пак таа не е крива тогаш крива е Рада Шекеровска.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Власта си бара градоначалници, а опозицијата лидер
Verbatim