Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Забава

Џенифер Лопез

Се разведува ли латинодивата?

Бракот меѓу Џенифер Лопез и Марк Ентони е во голема криза, а медиумите претпоставуваат дека се веќе и пред развод. Иако кариерата и' напредува, како што пренесуваат американските медиуми, нејзиниот брак со пејачот Марк Ентони е во голема криза. Извор близок на парот рекол дека тие двајцата се караат секој ден поради неговите, наводно, се' почести неверства и поради финансиските проблеми со кои се соочуваат.

„Марк се пресели во Лос Анџелес, кој не го сака, за да ја поддржи Џенифер во нејзината работа. Голем проблем е и неговиот глад за пари, па тргна на турнеја во исто време додека Џенифер е член на жирито во шоу-програмата „Американски идол“ поради што таа се налути“, вели изворот.

Тие дв��јцата веќе воопшто не разговараат нормално, тој или вика по неа или воопшто не и' се јавува на мобилен телефон.

„Марк во последно време е многу наклонет на алкохолот и флертувањето со други жени, па ако не сторат нешто, многу брзо ќе се разделат“, изјавил пријател на Марк за американскиот магазин „Ин тач“.

Џенифер и Марк имаат две деца, близнаците Макс и Ема, а гостувајќи во емисијата на Елен ди Џенерис, пејачката неодамна изјавила:

„Штом ги добив бебињата, помислив дека тоа би го повторила уште илјада пати. Го сакам тоа. Тоа е животот“.


#
Статијата е прочитана 1966 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Филм за кралските младенци
Андрогениот манекен како машка невеста