АНДРЕЈ ПЕЈИЌ
Андрогениот манекен како машка невеста
Манекенот со фигура на супермоделка, полни усни и високи јаготки на лицето, прошетал на модната писта во венчаница, на ревијата на Жан-Пол Готје во Париз и бил преубава невеста.
Иако машко, Андреј Пејиќ се прошета низ пистата во проѕирна венчаница, со црни кожни ракавици и црн превез, пердуви на главата и така нашминкан за да не може никој да претпостави дека невестата не е девојка.
Истиот манекен, кој е нова муза на славниот креатор, ги претставил и машките креации на Модната недела во Париз, шетајќи во смокинг.
Овој 19-годишник првпат се појави на ревијата на Жан-Пол Готје со долг елек од крзно, златни ракавици и светкави чорапи, носејќи златен пиштол во раката, па ги предизвик��л коментарите дека би бил и одлична Бонд-девојка.
Андреј Пејиќ, австралиски манекен со босанско потекло, му припаѓа на новиот бран андрогени манекени, кои можат да носат и машки и женски креации, а се има фотографирано и за модни магазини, вклучувајќи ги италијанскиот и францускиот моден магазин „Вог“. |