КЕЈТ И ПРИНЦ ВИЛИЈАМ
Филм за кралските младенци
Британскиот канал „Лајфтајм“ најавил дека наскоро започнува со снимање на филмот за Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, а предвидено е остварувањето „Вилијам и Кејт“ да биде емитувано на 22 април, една недела пред нивната венчавка.
Вилијам ќе го толкува актер од Нов Зеланд, Нико Еверс-Свиндел, кој се има појавено во неколку серии. Принцот Чарлс ќе го игра Бен Крос, а засега не е соопштено кој ќе ја игра Кејт Мидлтон. „Филмот зборува за тоа како пријателството меѓу Вилијам и Кејт се претворило во прекрасна љубовна приказна што го воодушеви светот поради што нивната венчавка се очекува со нетрпение. Заплетот го следи нивниот однос од моментот кога се запознале на Универзитетот ’Сен�� Ендрјус’, па низ сите подеми и падови во текот на деветгодишната врска, соочување со притисоците на кралското семејство и огромното медиумско внимание“ - се наведува во соопштението на каналот „Лајфтајм“.
Режијата на филмот му е доверена на Марк Росман, кој за ТВ-мрежата Еј-Би-Си ги има режирано сериите „Грк“ и „Шепкач со духови“. |