Што прават денеска
Ванеса Обрадовиќ
визажист
Утрово се будам во прекрасниот Охрид и кафето го пијам со драгите луѓе. По белградското динамично секојдневје, секој миг крај езерото го вдишувам со полн капацитет... Потоа, најверојатно, ќе го посетам Свети Наум. Попладне нема да ја заобиколам ни плажата Потпеш. Моите домаќини се трудат да ми го направат незаборавен престојот во древниот град.
Симонида Филипова - Китановска
ликовна уметница Овие денови интензивно работам графики и се подготвувам за заедничката изложба со Марија Светиева, што треба да биде отворена во почетокот на октомври во Скопје. Викендов сум во Грција на одмор, по изминатиот период во кој бев многу ангажирана, а учествував и на ликовни колонии во Гевгелија, Битола и Охрид.
Кочо Димитровски
фудбалски тренер По 845 настапи во дресот на Вардар и многу години тренер во мојот најсакан клуб, решив малку да се одморам. Го презедов тренирањето на мал клуб Горно Лисиче, кој игра во Третата лига. Иако е тоа релаксација за мене, верувам дека идната година ќе бидеме второлигаши.
|