Дневен хороскоп
Овен
Активни сте, добро расположени и успешни. Во се' наоѓате задоволство, што ретко ви се случува. Уживајте во овој ден и дишете со полни гради. Не размислувајте за глупости и не се оптоварувајте за нив. Подгответе се за случувањата кои бараат максимално ангажирање.
Бик
За многу нешта имате погрешна претстава, па редно е да се спуштите на земја. На проблемот гледајте практично. Во брачно-партнерските односи нешто не функционира. Вие ќе мора да ги исправите туѓите погрешки. Кој ви е виновен кога во врската сте појаки и поспособни. Тешко ви паѓа фактот дека тоа мора да го прикривате.
Близнаци
Ќе бидите во ситуација од себе да го дадете максимумот. Бидејќи знаете дека со тоа проблемот ќе се реши ќе направите се што е во ваша моќ. Ви се советува да бидете внимателни, бидејќи во таквата ситуација може да се појават некои непријатности. Ве нервира начинот на кој размислува вашиот партнер, но и неговите постапки. Иако најискрено го сакате, немате време за губење, па најлесно ви е да се свртите кон работата.
Рак
Доколку повеќе внимание посветете на здравјето и на правилната исхрана, ќе можете нормално да функционирате. Избегнувајте лекови и свртете се кон алтернативната медицина. Препаратите како алое вера и природните витамини влијаат на расположението, а и на здравјето. Стрелец се обидува да ве заинтригира.
Лав
Донесувате брза одлука иако се возбудувате и нервирате. Храбро размислете за новите потези. Просечност и лежерност не сакате, па настојувајте такви да не бидете. Избегнувајте конфликт со партнерот, особено доколку тој е Овен или Близнаци, бидејќи ќе го извлечите подебелиот крај.
Девица
Не треба да читате хороскоп бидејќи и без него веќе се' знаете. Свесни сте за своите вредности, но не се задоволувате со постигнатите резултати. Копнежот да напредувате моментално е присутна а и околностите ви одат во прилог. Со Водолиите воспоставувате одличен однос, кој може да прерасне во трајно пријателство.
Терезија
Склоноста кон инфекции е изразена, па ви се советува да внимавате. Внесувајте повеќе витамини во исхраната и избегнувајте места кои се лежиште на заразите. Ви опаднал имунитетот, а и нервниот систем не е во состојба да се носи со многу животни проблеми.
Скорпија
Незадоволни сте. Физичките активности може да ви го поправат расположението и да влијае на тоа да го исфрлите наталожениот стрес. Не очекувајте од околината повеќе од реалното. Ова се однесува првенствено на партнерот. Мора да ја признаете неговата доминација во врската или да си замините.
Стрелец
Променливо расположение, преосетливост, незадоволство без видливи причини, претставува реакција на планетарното влијание. Бидејќи се тешко ви оди, обидете се барем денес да ги одложите обврските и да го почекате поволниот момент. Во друштвото на пријателите се чувствувате како нови.
Јарец
Ви се нудат поволни прилики кои на жалост не знаете да ги препознаете. Задлабопчени сте во животните проблеми кои со негативниот став уште повеќе ги преувеличувате, така што ги пропуштате шансите. Морате да бидете свесни за своите квалитети, ако сакате другите да ги забележат.
Водолија
Потребата за успех прави да функционирате во тој смер. Многумина Водолии очекуваат излегување во јавност и признание. Со Лавовите го делите искуството. Од нив добивате не само подршка туку и материјална помош. Затоа не е пожелно да ги лутите, туку спрема нив треба да се однесувате со почит.
Риби
Полека но сигурно градите свој свет во кој малкумина имаат пристап. Ако продолжиете со ова темпо ќе бидете тотално осамени, што мора да признаете дека не е идеално решение. Бидете отворени спрема околината. Размислете за тоа што треба да направите за некои ваши негативни особини да ги промените.
|