Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Писма

Допрецизирања од Уставниот суд

 

Југослав МиленковиЌ, портпарол на Уставниот суд

 

Портпарол на Уставниот суд, Во написот насловен како „Уставниот суд со ’Малиот ринг’ ќе пресудува и за себе“, објавен во „Утрински весник“ од 18 декември 2008 година - стр 4, присутни се три непрецизности во врска со изградба на објект наменет и за потребите на Уставниот суд: (1) дека „...оттаму сметаат дека не треба да го делат објектот со друг корисник, особено не со институција која е сосема различна од нивната“: (2) дека институција која се занимава со оцена на уставноста и законитоста беше договорена за време на посетата на премиерот Никола Груевски на Уставниот суд во мај оваа година“; (3) дека „... надлежните од Уставниот суд не биле консултирани ниту околу локацијата на зградата ниту, пак, за распоредот на просториите“.

Фактите во врска со тие три прашања се: (1) Судот воопшто не се изјасни по прашањето на „делење објект со друг корисник“, со оглед дека просториите на Судот во предвидениот објект имаат посебна функционалност и посебен влез; (2) премиерот Груевски воопшто не го посети Уставниот суд во 2008 година, па ниту во мај оваа година, ниту е нешто договарано; (3) надлежните од Судот беа консултирани и околу локацијата и околу распоредот на просториите, наменети за потребите на Судот, од органите надлежни за урбанистичко планирање.


Статијата е прочитана 180 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Каков простор - политички или правно независен?
Каде се парите?