Дали правото на праведно и независно судење е човеково право? Конечно, дали поимот на човекови права во нашава држава е поинаков, отколку во другите држави? Во овие изминати денови сите што зборуваа или пишуваа за шеесеттите години на Општата декларација за човековите права - во контекс на ставовите на госпоѓица Крамарска во наведената статија, би ги третирале како подарени или партиски придобивки, а не како уставни човекови права. Затоа, во угледниот „Утрински весник“ „анализата на делото со беспримерна ригорозна санкција не стасана за ниту еден од премиерската или претседателската лига“ упатува на ваков заклучок и отстапува од стандардите читани во овој весник. Дали основните човекови права, во тој однос и за судската правичност може да зависат само од претпоставена „максимална партиска персонална хомогенизација“, како што сугерира авторката.
Во случајов, во нивната најочигледна блокада - партизирањето на јавните институции, посебно апострофирано во судството и неговите органи. Констатации евидентирани во реагирањата на политичката и на стручната јавност, во извештаите на меѓународните институции (Брисел, Вашингтон), враќањето на Уставниот суд на фундаментални закони за енергетиката, Клиничкиот центар, образованието...
Зошто преку претпоставките за „рамнодушност на СДСМ“ (независно од реалноста на оценката) и шпекулациите за „свртени грбови на поедините функционери“ (и пак независно од реалноста на оценките) се прејудицира и субјективно се изместува локацијата на политичкиот ангажман во овој случај кој-како што констатира авторката: „ако се случи ќе биде преседан во историјата на македонското судство и во историјата на политичките партии во земјата“.
Независно од фактот што изнесените ставови не коинцидираат со досегашните јавни настапи и најновите реагирања на СДСМ, остварувањето на еден од фундаменталните човекови права (во случајов со реперкусии по угледот на државата се суди на доскорешен премиер и министер) на правото на фер и независно судење, не може да се сведе на единствено персоналните партиски дневни или периодични односи. Туку, како што оценија и лидерите на сите опозициски партии (Манасиевски, Андов, Петковски, Адеми од ДУИ) се работи за присуство на политички партиски притисок, што е сериозно загрозување на уставноста и уставните човекови права.
А во потрагата по бришан простор?
На бришан простор: сите што оневозможуваат судиите да судат само врз основа на докази и факти да се тргнат настрана од владејачките структури, пред се' во ресорот на Министерство за правда, кој го оневозможува ова, а државата ја туркаат со сегашната политичка и економска криза и се' поголемиот пад на моралните вредности кон тоталитаризам и се' понеизвесна перспектива.