Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Филе: Време е за решавање на името

„Пред неколку месеци испративме силна порака дека процесот на реформи мора да биде забрзан“, вели еврокомесарот

Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, ги оцени изборите во Македонија како добро спроведени, посочувајќи дека „сега се очекува да се фокусирате на неколку прашања, пред се', прашањето за името“. Оваа изјава Филе ја даде во вчерашното интервју за Македонската информативна агенција, во кое подвлекува дека е важно нашата земја да биде дел од темпото за проширување, кое тој очекува да се случи во земјите од Западен Балкан во втората половина од 2011 година. „Тоа, во голема мера, е поврзано со вториот приоритет, а тоа е да се навратите на агендата за евроатлантска интеграција, пред се', поради иднината на македонските граѓани што имаат аспирации да бидат не само дел од ЕУ, туку и од НАТО“, вели Филе. Тој, како што вели, очекува од владата да ги забрза реформите, бидејќи само прашањето за името и реформите се испречуваат меѓу нашата земја и нејзината европската перспектива.

Филе, навраќајќи се на препораките од 2009 и од 2010 година, кои Европската комисија ги даде за отпочнување преговори на ЕУ со Македонија, вели дека тоа е знак оти тогаш биле задоволни од тоа како земјата ги исполнила Копенхашките критериуми. Тој информира дека сега работат на извештајот за напредок што ќе биде објавен во почетокот на октомври. „Ќе почекаме да добиеме покомплетна слика до тоа време. Но, кога Баросо ја посети вашата земја пред неколку месеци и јас го имав тоа задоволство да го придружувам, ние испративме силна порака дека процесот на реформи мора да биде забрзан“, вели Филе. Еврокомесарот наведува дека иако земјата стои на прагот и штом се отвори вратата би започнала преговорите, сепак, „тоа не значи дека процесот на реформи треба да запре“. „Има листа на работи што треба да се направат, има прашања во врска со кои е направен прогрес, но потребно е да се направи многу повеќе од тоа“, вели Филе во интервјуто.

Осврнувајќи се на приближувањето на ставовите на власта и опозицијата околу прашањето за референдум за името, Филе вели дека тоа „дава некаков вид задоволство, кога главните политички фактори постигнуваат консензус или се блиску до постигнување консензус за прашањата што се витални за процесот на проширување на ЕУ“. „Не би го коментирал прашањето за референдум, но би кажал сосема јасно дека проблемот за името не би можел да се реши без силен консензус меѓу политичките партии“, е ставот на Филе. Тој изразува охрабрување од ваков политички консензус и се надева дека владата, опозицијата и другите ќе имаат корист од тоа. „Годинава се отвора прозорец на можности, постои потреба да се разреши прашањето“, вели тој.

Во врска со најавите дека може да се укине визната либерализација, поради зголемениот број баратели на азил и мерките што ги презеде македонската влада за да го намали тој број, еврокомесарот вели дека треба да се продолжи со спроведување на тие мерки, со цел таквите најави да не се реализираат. Филе смета дека владата е свесна за ситуацијата и оти поради тоа треба да дејствува активно за да го намали бројот на баратели на азил во шенген-зоната. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 724 пати.

Испрати коментар

Од: Kosta , Chicago
Датум: 17.06.2011 01:41:29
Jas sum siguren deka nitu rekol nitu spomnal MAKEDONIJA !

Најди! во Утрински
На прво место
ММФ не' скенира, што ќе каже на крај?
Косовската полиција ќе ја контролира границата со Македонија

"""