Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

ММФ не' скенира, што ќе каже на крај?

Некои експерти сметаат дека сега нема да ја дознаеме вистината за тоа зошто и колку пари се потрошени од кредитот

Нина Нинеска-Фиданоска


Тешко е да се очекува дека монетарците кои допатуваа во земјава токму при оваа посета ќе не' „почестат“ со вистината за тоа од кои причини и' беше одобрен безусловниот заем на Македонија, или можеби со критики за износот и за намените за кои досега нашите власти ги потрошија повлечените пари од кредитот. Ова е ставот на некои од аналитичарите кои ги консултираше „Утрински весник“, а кој е на линија дека Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд што престојува моментно во Македонија, ќе биде буквално замолена од македонската Влада, барем во овој момент, да ги премолчи одговорите што ги бара овдешната јавност, што најверојатно ќе биде и прифатено. Поконкретно, од монетарците би се побарало да имаат разбирање за комплицираната политичка  ситуација во која сега се наоѓа државава, или прецизно - за големите тешкотии кои моментно стојат на патот на формирањето на новиот владин кабинет. Од нив, пак, се очекува дека ќе ги уважат ваквите аргументи и дека токму од тие причини, за време на оваа визита од нив нема да слушнеме гласни критики за леснотијата со која Владата на Никола Груевски ги повлече и почна да ги троши парите од кредитот.

Други познавачи, пак, очекуваат дека ММФ по завршувањето на својата посета ќе се однесува исклучиво во зависност од тоа што точно ќе најде во финансиската и буџетската слика на земјава, па така и ќе ги конципира своите изјави за јавноста.

Мисијата на ММФ предводена од Вес Мекгру, веќе неколку дена е во Македонија. Посетата е назначена како редовна, но факт е дека доаѓа непосредно во постизборниот период. Најавено е дека ММФ ќе ги „истражува“ буџетските трошења, а сосема е очекувано и дека живо ќе се интересира колку од повлечените 220 милиони евра се потрошени и за кои конкретни проекти.

Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, кој будно ги следи финансиските, но и политичките случувања во Македонија вели дека ако се следеле настаните и изјавите на претставниците на ММФ од повлекувањето на парите па се досега, има навистина мистериозни моменти.

„Уште на стартот, кога вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека заемот е безусловен, јас уште тогаш кажав дека е невообичаено ММФ да дава пари без да поставува услови и да дозволи тие да се трошат на начин како што ќе сака односната Влада. Тоа е преседан. Очигледно е дека има политика во однесувањето на ММФ. Откако нивните пари се пуштени, се' до денес нема евиденција колку од нив се потрошени. Но, за тоа што се прави сега, кога-тогаш ќе дознае македонската јавност“, вели овој некогашен чувар на државната каса.

Овој аналитичар е убеден дека Владата на Груевски влезе во големи финансиски дупки со „Скопје 2014“, па дел од овие средства добро дошле да се угаси револтот на изведувачите и добавувачите кои работат на тој проект, а кон кои државата имаше големи долгови.

„Ако ММФ ги дале парите без услови, јас би прашал зошто мисијата е присутна во земјава веднаш по изборите. Според мене, намерата е токму да видат како се трошат парите. Но, тој одговор во јавноста нема да исплива сега, бидејќи ММФ е и политички фактор и е свесен дека Македонија влегува во длабока политичка криза, па Фондот нема намера да ја усложнува и што и да констатира при својата контрола, тоа сега нема да излезе во јавноста“, размислува Хајредини.

Тој вели дека и Никола Груевски и Али Ахмети сега се наоѓаат во многу тешка ситуација на преговори, од кои или едниот, или другиот, ќе мора да излезе како губитник. За да се надмине оваа криза, според него, странските амбасадори ќе мора и јавно да арбитрираат. „Ако од овие барања што сега ги испорачува кон Груевски не добие резултат, Ахмети ќе си има сериозни проблеми. Затоа јас пред изборите зборував дека Груевски треба повеќе да се плаши од победата отколку од поразот. Многу тешко ќе оди формирањето на Владата“, вели Хајредини.

Токму затоа, поранешниот министер за финансии смета дека ММФ нема да одлучи да долева масло на огнот во оваа сложена состојба. „Од Владата ќе ги молат претставниците на ММФ јавно да не зборуваат, а и тие најверојатно ќе прифатат да молчат. Ние, пак, подоцна ќе дознаеме колку и за што биле потрошени парите“, прогнозира овој експерт.

За Ванчо Узунов, професор на Правниот факултет, очекувано е што ММФ досега не излегол со критики за Владата, односно не се изјаснил ниту „за“ ниту „против“ нејзините досегашни потези. „Тоа е од причина што тие сакаат прво да видат колку и за кои намени се потрошени повлечените средства и токму затоа е оваа посета. Исто така, битно е што тие всушност ќе најдат во буџетот на државата. Ако согледаат дека тој се одржува во некои предвидливи параметри и дека така ќе биде до крајот на годинава, од ММФ нема да има критика за властите. Тие ќе искоментираат нешто во стилот ’Владата си знае зошто ги повлече парите, а плус и тоа е Влада што повторно ги доби изборите‘. Но, ако од ММФ најдат дека со буџетот ќе оди тешко до крајот на годинава, што не е исклучок, тогаш сигурно ќе дадат некој вид сигнал, а тие ќе проценат дали ќе биде груб или ќе има посмирен тон. Јас би почекал и би сакал да ги видам тие изјави. Значи, зависи што ќе најдат - ако нема проблеми - нема, но ако има, тие ќе најдат начин тоа да го кажат. Сепак, треба да се има предвид дека тие секогаш се воздржани и не сакаат да влегуваат во политички дебати“, објаснува овој аналитичар кој долг период наназад ги следи економските случувања во Македонија.

„Утрински весник“ вчера побара информации од министерството за финансии, како и од Народна банка на Македонија, каде што се водени разговори со Мисијата на ММФ, за тоа на што најголем интерес посветуваат монетарците, но, до затворањето на весникот, не доби одговор. (Н.Н.Ф.)


#
Статијата е прочитана 2543 пати.

Испрати коментар

Од: Caki
Датум: 17.06.2011 00:45:33
Shto kje kazhe?Sve najdobro....kolku sho znam posledno vreme davaat dobri oceni, a vas shto ne vi se slusha......vasha rabota!
Од: stavre gevgelija
Датум: 17.06.2011 06:06:29
Vidi gi samo analiticarite, ti se molam! Se koj od koj ponezavisen. A i so svojata strucnost ja imaat mnooogu zadolzeno makedonija. Osobeno vo devedesettite godino.
Од: ?????
Датум: 17.06.2011 08:57:54
Ke go kazat ona sto nim najmnogu im odgovara. Sto drugo sakate da kazat?
Од: k2
Датум: 17.06.2011 14:37:27
Eksperti od tipot na Hajredini i Uzunov ne ni se potrebni....a i da ima vistina vo toa deka "parite" se povleceni zaradi Skopje 2014 pa sto ima loso vo toa...parite zavrsuvaat vo stopanstvoto (gradeznistvoto trgovijata) bar se koristat za ekonomijata ne za djabe....I uste nesto kade Hajredini vide politicka kriza

Најди! во Утрински
На прво место
Филе
Косовската полиција ќе ја контролира границата со Македонија

"""