Број 2731  вторник, 08 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Големиот тендер за медицинска опрема ќе пропадне?

Не е направен избор на речиси повеќе од половината од бараните апарати

Јасмина Јовановска

Пациентите нема да добијат современ и прецизен преглед на најголемиот дел од медицинските апарати што Владата планираше да ги купи со набавката од 40 милиони евра, зашто големиот тендер би можел да пропадне. Болните и натаму ќе мора да се снимаат и нивните болести да се дијагностицираат со помош на стари и дотраени апарати, зашто, како што дознаваме, не е направен избор на речиси повеќе од половината апарати кои се бараат на тендерот. Неофицијални извори велат дека се избрани само едвај една третина од апаратите кои Владата ги барала за потребите на болниците и на клиниките. Од Министерството за здравство веќе десетина дена не даваат конкретна информација до каде е големиот тендер и зошто за поголемиот дел од тендерот не можело да се избере најповолна фирма од која ќе се купат апаратите. Во Министерството вчера првично само ни рекоа дека тендерот тече во најдобар ред, но за кратко време се премислија и излегоа со податок дека е направен избор на опремата од три лота во вредност од 10 милиони евра и тоа, пред се', лабораториска опрема, за кардиологија, рендген-апарати... Притоа, немаше објаснување зошто за другата опрема од 30 милиони евра не е избрана најповолната понуда. Многу не сакаат да коментираат ни фирмите кои конкурирале на тендерот, додека не добијат официјално известување за која опрема која фирма добила.

За разлика од Министерството за здравство, од каде што тврдат дека нема проблеми со тендерот, доброупатени извори велат дека најголемиот дел од понудите за тендерот се одбиени поради нецелосна документација, а другите поради тоа што понудените апарати не одговарале на техничките карактеристики во спецификацијата на апаратите кои ги барало Министерството за здравство. Голем апсурд е, велат неофицијални извори од Министерството за здравство, што се одбиени светски познати фирми за медицинска опрема, со образложение дека не поднеле европски сертификат за квалитет иако нивната опрема се продава низ целиот свет. Поради ваквата дисквалификација, за одредена опрема останала само една фирма и затоа не можело да се направи избор. За одредени сегменти од тендерот нема воопшто понудувачи, како што е, на пример, за пет скен-системот, иако во преткфалификационата фаза од тендерот се зборуваше дека токму за него е формирана специјална фирма. За друга опрема, пак, како да се одело намерно да не се избере апарат со тоа што се барал таков кој ќе ги има техничките карактеристики на сите четири светски познати производители.

Инаку, тендерот се влече повеќе од една година. Иако Владата првично најави дека првите апарати ќе стасаат во јануари годинава, оттогаш помина над половина година, а тендерот се' уште е во фаза на избор.


Статијата е прочитана 429 пати.

Испрати коментар

Од: KiKi
Датум: 08.07.2008 10:08:09
Ovde ne e bitka za oprema od griza za pacientite, ovde e bitka za PROCENTITE... nekoj debelo ke se omrsi... Aferim Makedonijo...
Од: Igor
Датум: 08.07.2008 17:03:13
Ova so novava koalicijai vo ovoj pogled im odi vo polza zasto napravija haos od koj sega tesko ke izlezeme a so ova plus i ke zataskaat so toa sto ke bide i drug minister.Aj da se nadevame deka malce ke se spustat na zemja za dobroto na pacientite pa i na medicinskite lica.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Преубавата Шара се пустоши од дрвокрадци
Се бара графолошко вештачење на писмото на Владо Танески
Студентите не пријавуваат корупција
Генерален ремонт за трите блока на РЕК „Битола“