Број 2731  вторник, 08 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Преубавата Шара се пустоши од дрвокрадци

Посебен куриозитет е тоа што е одземена само една моторна пила

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Дрвокрадци ја пустошат Шара на сиот нејзин шумски простор. На повисоките делови вистински се беснее по дрвата на државен имот, а во пониските предели воопшто не се гледа на сопственоста. Тоа што со децении се создавало и ја облагородувало една питома планина за час се уништува. За жал, ваквото дивеење трае со години пред очите и на оние што треба да се грижат за шумскиот фонд. Засега се' е оставено на стихија.

Шумите се деградираат на простори што се на најубавиот дел на Шара, а по кои се градат патишта заради превоз на дрвата. Крадците користат моторни пили, а за превоз трактори и тешки камиони. Тоа што се гледа на поширокиот простор на Три Води над Теарце, од селото Брезно преку месностите Езерце до Горна Рупа е вистински срам за надлежните органи, а криминален потег за дивите дрвосечачи.

Огромни површини само потсетуваат дека некогаш биле шуми. Останати се само трупците како делови на корените од децениските букови или чамови дрвја. На одделни делови од патот и сега може да се забележи како дрвјата од двете страни имаат прекриени делови, како да создале тунел од гранки по целата должина, но сега во горните делови се' е исечено и однесено.

Според информации од Месната заедница „Теарце“, на две фирми им биле доделени концесии за експлоатација на одредено количество дрва. Меѓутоа, од дозволеното многу повеќе се сече и пустоши.

„Сигнализиравме на тоа што се случува на планината. Испративме официјално писмо до неколку министерства и надлежни органи. Не само што не добивме никаков одговор, напротив, оттогаш уште побезмилосно се сече“, коментира Шерафедин Беадини, претседател на МЗ „Теарце“. Писменото известување било заедничко со МЗ „Глоѓи“, а испратено до министерствата за земјоделство и шумарство, за внатрешни работи, ЈП за шуми.

За време на посетата на поширокиот реон на Три Води имавме можност да ги видиме последиците од уништувањето. Месностите Мелово, Ајдучки камен, Коштајништа, околината на брдските села, претставуваат неми сведоци на бруталност спрема шумското богатство. Се атакува на најубавите и највисоките дрвја. Допрва ќе се почувствуваат последиците на Шар Планина. И тоа во создавање ерозивни терени, како што е кај Ѓермо, Вешала и Седларево, во пресушување на изворите за вода. Трагично е тоа што нема никаква грижа за обнова на шумскиот фонд онаму каде што безмилосно се сече.

Тони Билбиловски, командир на шумско-полициската станица во Тетово, вели дека на почетокот на годината никој не оди во планината, пред се' поради снежни наноси. Но, потоа се' е поинаку.

„Ние немаме кадровски и технички можности да се справиме со проблемот. Некогаш правиме заеднички акции со редовната полиција, меѓутоа, имаме проблеми. Не само што дивите дрвосечачи не носат со себе документ за лична идентификација туку и дрвата ги пренесуваат со нерегистрирани и технички неисправни трактори. Изложени сме и на други опасности. Дрвокрадците се дрски и носат оружје. Наскоро кадровски ќе се дооекипираме, а ќе добиеме и нови теренски возила“, најавува Билбиловски.

Шарпланинскиот регион има голем број планински села, но и населби. За нив порано имало таканаречени селски сечи кои биле укинати пред малку повеќе од пет години. За жителите од планинските села била дозволувана сеча во одредени граници. Надлежните дозволувале отстранување само на деградирана шума, а потоа се организирале акции за пошумување. Сега од тоа нема ништо.

Ефекти за заштита на шумскиот фонд се можни. Ако се вратат селските сечи, ако престане издавањето дозволи на нерегистрирани трактори, ако се зголеми контролата, а казните за прекршителите бидат поригорозни. Годинава се поднесени 16 кривични пријави за кривични дела кражба и пустошење шуми и пет прекршочни пријави за недозволено сечење дрва помалку од еден кубен метар. Посебен куриозитет во битката против дрвокрадците е тоа што е одземена само една моторна пила.


#
Статијата е прочитана 963 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 08.07.2008 00:27:03
zarem nekoj ne pomisluva deka ke dojde ona vreme od pesnata ,,navali se sar planina,,? ke si go zeme danokot prirodata
Од: pogled
Датум: 08.07.2008 07:55:18
1.Од кога Шар планина почнавме да ја викаме Шара? 2. Не грижете се за ерозивни терени, одрони и слично. Ако такви се појават, подоцна државата ќе одвојува парични средства (од сите граѓани) за нивно санирање. На тој начин ем ќе намаме шуми, ем ќе немаме пари, ем ќе стоиме во место! 3. Како го решаваат горниот проблем другите држави?
Од: jovan
Датум: 08.07.2008 09:47:07
Sto ubavo do sega na EVN ne mu plakaa struja pa ne ni gi tolku pustosea sumite. Sega ako treba da plakaat struja (ke vidime zimoska) ne Sara nego cela Makedonija ke ja sotrat a nie ke gledame i ke si pisuvame kolumni i komentari po kolumnite, a kako sto napisal eden komentator tuka(pogled) uste i pari ke odvojuvame za posumuvanje i saniranje na ona sto go eksplatiraat. Toa e narode. Vo eden denesen komentar tuka vo ovoj vesnik bas toa i go napisav, Oni se novite gazdi na ovaa drzava i fakt e deka nisto ne im mozeme. Da e samo Sara dobro e, mozete da trknete do pozadi Vodno, Kitka i nataka po sumite pa ke vidite sto se pravi. Pokolj, se uzurpira zemijste(se zagraduva kade ke im tekne) ,se kopa kamen, se sece suma.

Најди! во Утрински
Македонија
Се бара графолошко вештачење на писмото на Владо Танески
Големиот тендер за медицинска опрема ќе пропадне?
Студентите не пријавуваат корупција
Генерален ремонт за трите блока на РЕК „Битола“

"""