Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Поплавено здравство

Билјана Ангеловска

Толку ли немаше некој во Македонија што знае да поправа покриви, та мораше Министерството за здравство да одбере фирма од Благоевград за да го смени покривот на Поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром? Какви услови се бараа на тендерот, па да не може да ги исполни ниедна домашна фирма? Сега, од готово се направи вересија, па излегува дека ќе мора да се лечи, иако, веројатно, можело да се спречи.

Зарем така се работи во Бугарија, се крева покривот и се остава објектот незаштитен? Бугарските работници, очигледно, спиеја на тоа уво дека во Скопје не врне во септември и ја оставија поликлиниката без покрив цели 10 дена. И, нормално, дождот ги изненади. А, ги изненади и вработените во здравствениот дом.

Всушност, тие беа изненадени уште кога почна да се работи, бидејќи некој сметал оти нема потреба да ги информира дека ќе има градежни зафати на објектот во кој тие имаат свои простории полни со скапа опрема.

И, сега што? Кој кому ќе му полага сметки? Министерството за здравство вети дека штетата ќе ја надомести изведувачот. Аплауз за ветувањето. Па, никој и не очекуваше помалку од тоа. Но, концесионерите во поликлиниката заедно со илјадниците пациенти што останаа без лекарски услуги очекуваа министерот веднаш да се појави на самото место и да ја сподели загриженоста со нив. Да се слика во поплавените простории покрај уништената опрема. А, не да дојде дури третиот ден од поплавата.

Оти, ако знае да каже дека се' што било направено деновиве е заслуга на неговиот ангажман, тогаш, веројатно, знае и дека негова заслуга е и изборот на фирмата-изведувач. Значи, и одговорноста за направеното е негова. И од тоа не смее да бега.


#
Статијата е прочитана 1297 пати.

Испрати коментар

Од: Вераг
Датум: 07.09.2010 12:48:05
Граѓаните со кампања беа насочувани да купуваат македонски производи а за нашата влада ништо македонско не вреди,па за еден обичен покрив мора да одбере странска фирма. А можеби за ДПМНЕ бугарската фирма е исто како домашна.А концесионерите немаат ништо со бугарската фирма- Министерството нека им ја плати штетата а потоа нека ги бара парите од фирмата која ја ангажирала.
Од: Goran od Ljubljana
Датум: 08.09.2010 15:07:11
Takva oprema obično se osiguruva. Nie nemame kultura za osiguruvanje, zatoa se slučuvaat gluposti. Da beše opremata osigurana, sega site ke si svirkaa. Pozdrav
Од: Ankica
Датум: 09.09.2010 09:33:37
Bugarska firma,ve molam toa e bratska firma,najverojatno so ceski gazdi bliski na Golemiot lav...Koj smee perce da pomrdne bez da mu odobri golemiot bokser.Na ringot e samo toj i negovata fela i neka ne ve cudi sto samo pokriv nemalo...mozelo i struja da gi utepa lugjeto..aman

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим