Број 2872  петок, 26 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Забава

ТВ ФОТЕЛЈА

Дедо Мраз под мраз

РОБЕРТ Д. КРСТЕВСКИ

Голем дел од децата во Сараево, кое не толку одамна се сметаше за најкосмополитски град на Балканот поради мешањето на повеќе нации и религии и толеранцијата меѓу нив, претстојните новогодишни празници првпат ќе ги дочекаат без Дедо Мраз. Така решила Арзија Махмутовиќ, директорка на Јавната установа „Децата на Сараево“, која ја сочинуваат 24 градинки со вкупно 2.600 деца. Во емисијата „Чесно“ на Федералната телевизија таа својата одлука ја бранела со случајот кога родителите го отпишале нивното дете од градинка, бидејќи „Дедо Мраз не бил дел од нивната традиција“. Неа ќе ја негувале некои други дедовци со бради, кои на децата не им раскажуваат бајки за Лапонија и за санки што ги влечат ирваси, туку делови од „Коранот“, а во рамките на законот за веронаука, кој таму прво се применува за децата со исламска вероисповед.

Најомилениот лик на децата од целиот свет пред 12 години најде место и во отвореното писмо на некогашниот босански претседател Алија Изетбеговиќ до уредниците на државната РТВ БиХ. Испровоциран од снимките од прославата на Нова година во земјата, авторот на „Исламска декларација“ од 1970 и пет години затвореник пред распадот на СФРЈ побара „да не ни ги наметнувате разните дедомразовци и други симболи туѓи на нашиот народ“.

Да не е трагично, би било смешно. Господ да чува и да брани до каде може да оди човечката глупост. Ако Дедо Мраз не бил дел од традицијата и на муслиманските деца во Босна и Херцеговина, тогаш зошто нивните родители, кога оделе во градинка, им се радувале на пакетчињата од истиот тој лик што со невидена леснотија некој сака да го укине? Како тоа преку ноќ стана туѓ симбол старецот со црвена облека, кој од големата вреќа што ја носи на грбот веќе еден век пред истекот на календарската година ја д��рува и и' ги исполнува желбите на најмладата популација од сите меридијани и напоредници? Тој не се спомнува во ниту една религија, така што отпаѓа и неговото (злонамерно) поврзување со христијанската вера, со која единствената допирна точка е што се појавува околу Божик, а тој не ретко се совпаѓа со најголемите празници на муслиманите и на Евреите.

Дедо Мраз е измислен лик кој од никого ништо не бара, ами дава, а да(ру)вањето е еден од стожерните постулати на секое религиозно и општествено полезно учење. Децата можеш да ги убедиш дека постои таков човек што само дава, не правејќи разлика кому, но не можеш да ги излажеш дека тој е негативна личност кога од лично искуство секоја Нова година се уверуваат во спротивното. Што има лошо ако тие уште од мали нозе учат дека има добри луѓе, дека на крајот (од секоја година) победува доброто и оти за доброто (однесување) се враќа со добро (награда во вид на пакетче)? Ако Дедо Мраз отскокнува и за милиметар од ова, тогаш треба да се забранат и Црвенкапа, Пепелашка, Снежана, Петар Пан...

 


Статијата е прочитана 325 пати.

Испрати коментар

Од: gragjanin
Датум: 26.12.2008 09:19:18
dedo mraz e lik izmislen od koka kola neka ne pijat i koka kola vo bosna:))
Од: tomo
Датум: 26.12.2008 13:28:10
Imaat pravo lugjeto. Dedo Mraz na angliski se vika Santa Claus t.e. Sancti Nikolaus. Dedo Mraz e katolicki izmislen lik baziran vrz vistinskiot daritel - Sv.Nikola.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Година на носталгични собирања и групирања
Новогодишно телевизиско мени
„Алкалоид“ со календар за 2009
Џеко не умира, туку планира турнеја
25 години како дел од имиџот на Скопје
Концерт за предновогодишно расположение