Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт
Србија ја шокира Шпанија

Тимот на Ивковиќ го совлада светскиот првак со 66:57

Српските кошаркари му приредија фрустрирачка вечер на светскиот првак и европски вицешампион Шпанија, славејќи со 66:57 на стартот од групата Ц на Европското првенство во Полска. Тимот на Душан Ивковиќ одигра на високо ниво од почетокот до крајот на натпреварот во Варшава, посебно во одбраната, за што зборуваат дури 12 украдени топки и четирите блокади, како и сведувањето на противникот на реализација од само 11 проценти (2/19) од дистанца и 43 отсто (18/42) од рекетот.

„Првиот меч на секој турнир секогаш е тежок за играње, но вечерва сметам дека мојот тим апсолутно ја заслужи победата. Шпанија е еден од најдобрите, ако не и најдобар тим на првенството, па завршивме голема работа со тоа што ги ограничивме на само 23 поени во првото полувреме и на само 37 коша по првите три четвртини. Нашата одбрана беше одлична“, не го криеше задоволството Ивковиќ.

Шпанците, кои ја загубија последната контролна средба со Литванија во Вилнус пред почетокот на ЕП, беа толку лоши што имаа мизерни 54 проценти од линијата за слободни фрлања, погодувајќи само 15 пати од 28 обиди. Во тоа се „истакна“ НБА-ѕвездата Пау Гасол од Лос Анџелес лејкерс, кој ги промаши сите седум слободни фрлања пред конечно да погоди пред самиот крај на мечот. Првата виолина во шпанскиот состав за 25 минути забележа девет поени и седум скока.

Шпанскиот селектор Серхио Скариоло призна: „Србија одигра многу добар натпревар, посебно во одбраната. Нашите проценти на ударите беа многу ниски и дел од причините за тоа беа во нивната одбрана, поради што постигнавме само 57 поени“.

Капитенот на „сините“ Ненад Крстиќ постигна 17 поени и шест скока.

 


#
Статијата е прочитана 731 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Херојска победа над Израел
Хорор игра и пораз против Грците
Самарџиски жали за македонските навивачи
Да се извлечат хрватските тешки центри од рекетот
Поправен испит барем со победа на крајот
Вардар про супериорно до групната фаза од ЛШ
Баришников на тениските терени
Ѓоковиќ го победи Степанек и ја забавуваше публиката
Димовски чекор до медал ��а СП
Литванија непознат противник за нашите надежи
Јосифоска го освои Брчко