Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Димовски чекор до медал на СП

Примислав Димовски се проби меѓу најдобрите осуммина боксери во супертешка категорија (над 91 кг.) на 15. Светско првенство што се одржува во Милано од 1 до 12 септември. Единствениот преостанат македонски претставник од четворицата што се појавија на мундијалот во Италија во второто коло го декласира Клејтон Лорент од Девствени Острови со 12:0, по рунди 4:0, 6:0 и 2:0.

Следен противник на популарниот Прим попладнево ќе му биде Кинезот Жилеи Жанг, кој досега ги совлада Сардор Абдулаев од Узбекистан со 11:5 и Ерик Пфајфер од Германија со 12:8. Победникот од македонско-кинеската пресметка ќе обезбеди медал, а последна пречка до финалето ќе му биде подобриот од четврт-финалниот дуел меѓу Украинецот Роман Капитоненко и Кубанецот Ерисланди Котилја Савон.

Димитар Ташков, пак, на стартот во тешка категорија до 91 кг. беше нокаутиран од Рамзјон Ахмедов. Узбекистанецот ја доби првата рунда со 14:6, а работата ја заврши по 47 секунди од втората, до кога освои уште три поена. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 220 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Херојска победа над Израел
Хорор игра и пораз против Грците
Самарџиски жали за македонските навивачи
Да се извлечат хрватските тешки центри од рекетот
Србија ја шокира Шпанија
Поправен испит барем со победа на крајот
Вардар про супериорно до групната фаза од ЛШ
Баришников на тениските терени
Ѓоковиќ го победи Степанек и ја забавуваше публиката
Литванија непознат противник за нашите надежи
Јосифоска го освои Брчко