Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Кошарка

Херојска победа над Израел


Од нашиот известувач
Наум Котевски

Македонската кошаркарска репрезентација по дебаклот од Грција успеа да слави во вториот меч од групата и широко да си ја отвори вратата од втората фаза на ЕП во Полска

 

"Македонија, Македонија, Македонија", долго одекнуваше од 500. грла во салата во Познањ. И не залудно навивачите и репрезентативците на Јовица Арсиќ излегоа од својата сопствена кожа, славејќи ја големата победа во вториот меч од групата А на ЕП во Познањ против стариот должник Израел (82:79), со која широко ни се отвора вратата за историски пласман во втората фаза на европската смотра.

Околу 1500 гледачи во Арена имаа страшен тест на своите нерви. Непланирано беа живи сведоци на хичкоковската завршница слична на онаа од ЕП пред 10 години, но овој пат со среќна завршница за Македонија. Ако тогаш херојот беше Одет Каташ, кој не елиминираше од фазата по групи со кош во последната секунда, сега херој беше Дарко Соколов, кој на 9,8 секунди до крајот пресече топка во ситуација кога Израел изведуваше аут, па по направениот фаул врз него реализираше едно слободно фрлање. На крајот се покажа дека тоа е последен кош во мечот, кој секогаш ќе остане врежан длабоко во меморијата на македонската јавност.

"Хрватска, Хрватска, Хрватска", го побараа уште веднаш македонските навивачи нашиот утрешен последен противник во групата. Сега сме добитна ситуација, па ако не се случи нешто непредвидено Македонија и со пораз како трета во групата ќе се пласира меѓу 12. најсилни репрезентации на Стариот континент.

Вечерва нема славење, Арсиќ најави среќна ноќ, но во кревет, иако неговите кошаркари според она што го покажаа на паркетот заслужија награда. Умешно го премостија психолошкиот товар по дебаклот од Грција и заиграа онака како што се бараше од нив. Тоа го најавија од стартот, кога одлично отворивме со со двете тројки на Антиќ, а потоа и на Ристе Стефанов за водство од 9:3. Играта со два центра во која ротираа Антиќ, Самарџиски, Гечевски и Мејси одлично функционираше. Сите добро го отвораа рекетот, па и на Врбица Стефанов му беше полесно да ги проигрува своите соиграчи. Антиќ во првиот дел беше најефикасен со 11 коша, а Самарџиски, пак, беше тој кој со своите скокови и во одбраната и во нападот ги нервираше Тамир, Грин и Елијаху. Токму тој беше кошаркарот кој во втората четвртина, по НБА додавањето на Врбица Стефанов, ефектно ја заби топката во кошот на Израел продуцирајќи го најатрактивниот момент на натпреварот. Севкупно играта беше сосема различна од онаа против Грција. За само 20 минути имавме дури 20 скока (против јужниот сосед во цел натпревар имавме 23 скока) и тоа девет офанзивни, наспроти едниот на Израел. На крајот завршиме со 38 скока, од кои 14 офанзивни. И во вториот дел сликата на теренот беше идентична. Во то�� период поголема минутажа добија Мејси, Антиќ и Гечевски, кој беше расположен и за шут за три поени. Токму неговата тројка, по која следеше и онаа на Стојановски за највисокото наше водство од 66:57, на седум минути преде крајот, го најавија големиот триумф.

Бродот на Израелците на површина на водата во текот на целиот натпревар, во кој центрите беа неутрализирани, вклучувајќи го и најдобриот, стрелецот на 31 кош против Грција Елијаху, го одржуваа бекот на Олимпијакос Халперин и на Макаби Тел Авив Бурнштајн. Првиот постигна 20 коша, а вториот 25. Но тоа не беше доволно по трет пат Израел да биде кобен за Македонија.

Македонија - Израел 82:79 (полувреме 40:39)

Сала: Арена во Познањ, гледачи:1500, судии:Илија Белошевиќ (Србија), Даниел Хирезуело (Шпанија), Матеј Болтаузер (Словенија)

Македонија: В.Стефанов, Мираковски, Соколов, Р.Стефанов, В.Стојановски, Блажевски, Тасовски, Гечевски, Антиќ, Стојановски, Мејси, Самарџиски

Израел: Рот, Наими, Мекел, Лимонад, Пнини, Халперин, Бурнштајн, Елијаху, Мизрахи, Козикаро, Грин, Тамир.


#
Статијата е прочитана 3168 пати.

Испрати коментар

Од: Rubin
Датум: 08.09.2009 21:19:53
Sekoja cest decki! Vaka edna mlada reprezentacija, vo koja samo Vrba i Gechevski imaat igrano na Evropsko, a 6-7 od kosarkarite se pod 24 godini, a odigraa tolku zrelo i kolektivno, stvarno e zacuduvacki. Vlegovme vo najdobrite 12 vo Evropa, a mozeme i povisoko dokolku ne se zadovolime so vleguvanjeto vo vtor krug. Site izginaa na parhetot i redno bese da im vratime na izraelcite za tolku machnina sto ni napravija na dushite koga dva pati ne pobeduvaa vo zadnja sekunda. Steta sto Vrba zaminuva, eden e od trojcata najdobri makedonski kosharkari, voopsto, zaedno so Bushtur i Pece. Megjutoa ohrabruva faktot sto ima novi decki kako Samardziski, Sokolov, bliznacite Stojanovski, taka da ke ima uste svetli momenti vo makedonskata kosharka i vo idnina. Sekja cest decki, ni go razubavivte denot! A Mejsi treba da dobie makedonska penzija, nemam videno pogolemo srce od negovoto, gine za Makedonija! Bravo Mejsi, za tebe ke raspisam inicijativa za Spomenik odma do Onoj na Dame i na Goce na plostad
Од: ohrid
Датум: 08.09.2009 22:28:05
cestitki samo napred momci za makedonija
Од: skopje
Датум: 08.09.2009 22:48:38
Браво!!!!
Од: Igor-BT
Датум: 09.09.2009 00:03:01
Konecno prva istoriska pobeda za Makedonija !!! Bravo momci, sega odime na rastereteni na Hrvatska pa zosto ne i iznenaduvanje, da se razigra Vrba i ako ni odi sutot i cetvrtfinaleto ne e daleku. Bidejki mozime ramnopravno da se nosime i so Rusija, Letonija ili Germanija. Srekno.
Од: gjoko bugarija
Датум: 09.09.2009 08:41:28
Abe sve e dobro,ama kako mozhea da se poserat protiv Atina...
Од: jas
Датум: 09.09.2009 11:02:51
da se sretneme pak so grcija i da im vratime :-)
Од: Saso
Датум: 09.09.2009 11:32:16
Znacajna pobeda, sekako za cestitki. Sepak, verojatno nesto od utakmicava so Izrael ke nauci i Arsic, koj trebase mnogu podobro da se snajde vo poslednite tri minuti koga logicno bese da se socuva vodstvoto od 7 poeni, so tajm-aut, so promena na igracite i slicno. Vaka, srekata ni bese nakloneta i fala bogu sto bese taka ,zosto trudot na Sokolov, Antic, Mejsi i drugite trebase da se nagradi bas vaka, so pobeda!
Од: pozdrav od belgrad
Датум: 09.09.2009 12:58:56
samo da znaete kolku mi e milo. pratev rezultat preku teletekst za malku srceto da mi zastane. so hrvatska samo opusteno i bez strav imame sansa. pozdrav do site tamu!

Најди! во Утрински
Спорт
Хорор игра и пораз против Грците
Самарџиски жали за македонските навивачи
Да се извлечат хрватските тешки центри од рекетот
Србија ја шокира Шпанија
Поправен испит барем со победа на крајот
Вардар про супериорно до групната фаза од ЛШ
Баришников на тениските терени
Ѓоковиќ го победи Степанек и ја забавуваше публиката
Димовски чекор до медал на СП
Литванија непознат противник за нашите надежи
Јосифоска го освои Брчко