Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Хроника

Ласерски радари ќе ги ловат бесните возачи

Заборавете на антирадарите и на другите финти. Ништо не ќе може да ве спаси од казна доколку возите пребрзо

Даниела Трпчевска



Полицијата со нови ласерски радари ќе ги лови непослушните возачи. Сите оние што користеле финти досега или набавувале антирадари во странство што ќе им сигнализираат каде се крие сообраќајната полиција во заседа ќе мора да заборават на тоа и да внимаваат на брзината со која возат. Новите ласери едноставно не можат да бидат фатени навреме на ваквите шпионски апаратчиња на возачите, а освен што ги фотографираат возилата и нивните таблички, тие обезбедуваат и видоезапис, кој може да се користи во судска постапка. Така што возачот и да успее да и' побегне на сообраќајната контрола, не ќе може да се спаси од казна. Таа ќе му стигне на домашна адреса и ќе мора да ја намири во определен рок.

Ласерските радари „при ласер III“ и „ласер кам II“ веќе се пристигнати во земјава и наскоро полицијата ќе почне да ги користи при секојдневните сообраќајни контроли. Овие радари веќе се користат на патиштата во Словенија, Хрватска и во Србија.

Според Кузман Данчевски, виш советник за сообраќај во МВР, со првиот радар брзината се мери стоечки „од рака“, од возило во мирување или со ногарки со чија помош се постигнува поголема стабилност при мерења на поголеми растојанија.

Вториот ласерски радар има и дигитален фотоапарат што е поставен и прицврстен на горната површина од радарот. Тој содржи податоци за регистарскиот број на возилото, датумот, времето и измерената брзина со кое е снимено возилото. Сите тие податоци можат да се отпечатат во форма на фотографија, каде што се испишуваат податоците за сообраќајниот полицаец што го извршил мерењето и локацијата каде што е извршено мерењето на брзината.

„Битно е да се истакне дека овој уред детекторите за радари го откриваат непосредно кога возилото е означено, односно кога се врши мерењето брзина. Значи, нема детектирање додека уредот за мерење не е во функција“, вели Данчевски. Користењето антирадари е забрането, па затоа доколку сообраќајната контрола го фати возачот да користи ваков апарат, веднаш му се наредува да го отстрани.

Осовременувањето на радарската опрема, според надлежните, е нужно со оглед на тоа дека големата брзина е еден од еден од најголемите причинители за сообраќајните незгоди, кои често завршуваат фатално, со жртви.

Статистичките податоци во земјава покажуваат дека пребрзото возење е причина за една третина од вкупниот број случени сообраќајни незгоди. Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, за пребрзо возење се предвидени казни до 300 евра или ако ја платите глобата во рок од осум дена, тогаш ќе платите 150 евра. Покрај глобата е предвидена и забрана за управување со моторно возило во траење од три до 12 месеци, која ја изрекува надлежниот Суд за прекршоци, иако сте ја платиле предвидената глоба.

Како што укажуваат од Сообраќајната полиција, фреквентноста на возилата во летниот период неколкукратно е зголемена на сите патиштата што водат до туристичките места во земјава. На тие точки се најзастапени радарските проверки, особено на меѓународниот Коридор 10, од граничниот премин Табановце до Гевгелија, како и на Коридорот 8 од граничен премин Деве Баир до Охрид, Струга и граничниот премин Ќафасан.

„Сообраќајната полиција врши мерење брзина на движење на возилата со радари на посебни однапред одредени места на автопатиштата, магистралните и регионалните патишта. Радарите се поставуваат на одредени места што се најпогодни за контрола на брзината на возилата и места кои во изминатиот период се покажале како критични“, велат од МВР.

Радари во Скопје има на сите булевари, како и на улиците „Првомајска“, „Иво Лола Рибар“ и „Адолф Циборовски“. Контроли има и на излезот и на влезот на градот кај клучката Дијамант и наспроти влезот на „Алкалоид“. Брзината на возилата се мери и на регионалниот пат Скопје - Велес кај селото Трубарево, селото Идризово, населбата Дрма, селата Петровец и ’Ржаничино.

На радари може да наидете и на регионалниот пат Скопје – Куманово, кај клучката Арачиново и пред селото Арачиново. Полициската станица во Драчево ги користи радарите кај селата Батинци, Варвара, Морани и Студеничани, на улицата „Првомајска“ кај „Бујото“ и „Мебел Ви“.

Најголем дел од радарите се сконцентрирани на локации во западниот дел на земјава, особено на патот кон Охрид и Струга. Контролите се зајакнати на излезот од Скопје, потоа на регионалниот пат Групчин – Тетово кај автоотпадите, но и на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај селата Непроштено, Џепиште, Лешок, Теарце и Доброште.

Гостиварската полиција ги лови брзите возачи кај селата Градец, Чегране, Србиново и Речане. Доколку ја зголемите близината при влезот во Кичево, радарите ќе ве лоцираат на патот Кичево – Охрид кај селата Другово и Пополжани.

Внимавајте како возите и кај штипското село Три Чешми и на магистралниот пат Штип - Радовиш. Радари има и во Пехчево, на Русинска раскрсница кај Берово, на магистралниот пат кај Страцин... Почитувајте ги дозволените брзини на движење на автопатите Скопје - Куманово кај Агино Село, кај Бунарџик, не возете пребрзо кон Демир Капија... Впрочем, внимавајте, пред се', за својата безбедност и за безбедноста на оние што патуваат покрај вас.


#
Статијата е прочитана 5614 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 29.08.2011 00:15:54
Наместо да ги поправат несигурните патишта (од кои неможе дополнително да земаат пари) тие купиле најнови радари (за да го полнат буџетот). Фрли рипче да ти се врати крапче. Само што за жал незнаат дека секаде во Европа (кон која се стремиме, или не?!) на патиштата нема радарски контроли (вклучувајќи го и нашиот јужен сосед),туку фиксни брзински камери кои сликаат кога на тоа место ќе се помине со поголема брзина од дозволената, бидејќи патиштата им се добри и на другите делови од патот безбедно е да се вози и побрзо од дозволеното, а и се наменети за да се стигне од А до Б што побрзо, а не што понеудобно и споро, бидејќи многу луѓе ДНЕВНО мигрираат на работа (и замислете не живеат сите во главниот град), а и постои развиена индустрија која има секојдневна потреба од суровини.
Од: Od sl 500
Датум: 29.08.2011 00:43:01
Dobro e sto Policijata kontrolira ali sve nemozat da kontrolira oti tie sto vozat brzo i ima uvek i antiradar koj im javuva pred 500metra deka ima radar i tie ja namaluva brzinata i go isklucuva anti radarot i Policijata se luti zosto ti so brza kola vozis poleka a so fico plajka kazna i duri jako reagira...............
Од: Simo
Датум: 29.08.2011 01:12:19
Во Холандија се делеа анти-радар апараптчиња без пари зашто радари има на секој ќош. Па за да не те казнат ќе си возиш побавно. Арно ама во Македонија еве гелдам се забранети, ем не се способно да уловат некојси ласерски радар (иако за секое танте во техниката има и кукурику), а причината веројатно е за да се заработат пари, на нечес��н начин. Не верувам дека силеџиите зад волан ќе престанат да се тоа ако некој ги фати. А пак некој да ги осуди? - ич...
Од: Марсовац
Датум: 29.08.2011 01:29:33
Убаво е што се поставуваат вакви радари, ама стварно е НЕКУЛТУРНО да изјавувате дека не постојат АНТИРАДАРСКИ системи кои ги “фаќаат“ новите радари, овие радари кои ги поставува нашата полиција се стари 7-8 години и антирадарски системи постојат и се продаваат на www.amazon.com но ве разбирам зошто давате лажни информации, ама што е тука е. ПОЗДРАВ и НЕ ЈА ЛАЖЕТЕ ЈАВНОСТА !!!
Од: Alex
Датум: 29.08.2011 01:57:58
"Заборавете на антирадарите и на другите финти. Ништо не ќе може да ве спаси од казна доколку возите пребрзо" Bi bilo ubavo da naprvite minimalen reaserch pred da pisete sto i da e.... Jasno e deka ima aparati sto go blokiraat laserskiot radar za da nemoze da procita brzina.
Од: Razocaran
Датум: 29.08.2011 08:53:39
Пред нецел месец ја пропатував цела Европа. Полиција видов само на влез во Италија со траект и на излез од Словенија. Само што влегов во МК после Табановце контрола. На автопатот кај Тетово пак мерат со радар. На влезот во Охрид дури и ме застанаа - рутинска контрола. Полициска држава. Затоа и се чувствувам побезбедно отколку во Германија или Франција. Криминал скоро да нема! Дрога на секој чекор, кражби во секој влез, лудување со мотори и автомобили до бесвест! Кого штитат момчињата во сино кои ние ги плаќаме дебело од својот џеб?
Од: Tina
Датум: 29.08.2011 09:09:35
Vnimavajte kako vozite, e upozorenje, zaradi, ke ve fatat so kamera. Bidete obzirni i nasmejte se, oti vie veke znajite deka se postaveni. Seta rabota e deka ste upozoreni. Sega e do vas, kako ke vozite. Drogirani, pijani, vljubeni, ke se sminkate dok vozite. Se ova veke e stara prikazna, i doaga vija USA, so filmovite na edna kultura bez razum i pocit na zivot. Pa vo USA cak imat pravo na dozvola za naoruzavanje. O, da, i nie imame isti ulavi, ama tie se bez dozvola. Ajdeee, videte kolku sme po aktivni od mafijata i kaubojcite. Edno nemame, Kucinja koji ke gi namirisat barutski oruzja i za sekogas da gi istrebime tie demokratski privilegiji. Oste malce USA ke ni dojde na vrata, ili kroz pengerot ako sami ne gi pocituvame pravilata na vozenje. Vo grad, vozenje e privilegija, nee potreba. A pocit odi daleku.
Од: abdula-turk
Датум: 29.08.2011 09:40:17
se soglasuvam deka makedonija treba da izgradi po dobri patista biejki be z infrastruktura nema idnina primerno."Ke stavaat radari samo i od toaa moze covek da izbegne samo ako covek saka "kako? primerno ako vozis vo aftopat vo evropa dovolno e samo da ne ti se vidi liceto od slikata a toa mozes mnogu lesno da go napravis so pokrivanje zastitnikot za sonce" bidejki treba dokaz?a kolata moze da bide toj den pozajmen ili moze da vozi tvojot sovozac,kade ke treba povtorno da te dadaat na sud i urociste na lice mesto znaci ima izlez od se.naj vazno e coveckata svest i pocituvanje na soobrak.znaci.
Од: MKD - Boy
Датум: 29.08.2011 10:47:28
Udrete po dzepot na narodot, nabavete i aparatcinja kolku vozduh disime, pa i toa naplatete go. Stramota, rezili nevideni.
Од: Jas
Датум: 29.08.2011 12:02:31
Значи. Само казна може да го натера нашево човече да го почитува законот. Па така, ја поздравувам одлуката да се дисциплинираат возачите. Ред мора да има. Нема небезбедни патишта во земјава ако се почитуваат сообраќајните знаци. Сите кутри будалчиња што загинаа возеле 180 км/ч на места каде е ограничено на 70 км/ч. Камо порано да се воведеше оваа зафрканција, сега ќе беа живи.
Од: ilija
Датум: 29.08.2011 12:29:23
Se dodeka ne vidam radar od bitpazar do topaana i realizacija na prekrsocite policijata moze da "cica veslo" a nie pravoslavnite da plakame po dvapati.
Од: petar
Датум: 29.08.2011 13:03:43
Првo. Наместо да даваат пари за нови радари, нека се прошета министерката мустаќлија низ патиштата наши, да види во какви услови се вози… Оф заборавив, од џиповите нивни со затемнети стакла, не се осеќаат црните дупки по автопатите и не се гледа дека патиштата се скроз необележани без никакви сигнализации. Нова кола, 2 години стара ми се растропа цела, а они, пичка им матер ќе ми градат споменици, и одозгора ми ставиле 100 патарини. Второ. Тие сообраќајните знаци шо демек треба да не предупредуваат колку да возиме, стојат од на Тито времето, кога по патиштата возеле фиќофци и тристачи, и кога максималната брзина на колите била 100 ка, после тоа гледаш како тркалото ти се откачило од кола. Во законот за патишта, точно е напишано дека ограничувањето на автопат е 130км/ч, дали вие сте виделе некаде таков знак? И како може да ставаат знаци со ограничење 100ка на пушка прав автопат? Значи ли тоа дека ако возам 120-30 сум бесен возач?
Од: jovan
Датум: 29.08.2011 14:48:35
Dali ke bidat laserski ili svemirski radarite, problemot i ponatamu ke ostane istiot. Edni ke plakaat kazni, a na drugi ke im gi "kinat" kaznite.
Од: Eкономичен
Датум: 29.08.2011 19:12:59
За да се подобри безбедноста мора првин да се реновира патната мрежа во РМ. Кај нас постојат многу неправилни кривини, недозволено многу оштетен асвалт со колотраги, непрегледност поради непрописно изградени патишта под неправилен нагон, како и поради обраснатост со растенија околу патот ..... Не ни требаат нам ласерски радари, треба директно да ги насочиме средствата во решавање на овие суштински проблеми.
Од: marlboro
Датум: 30.08.2011 00:02:07
ehh koga se instalirano ovie vo germanija vakvi radarski napravi vo 80 godini tuka sega stasale lele ama drzava
Од: marko
Датум: 30.08.2011 12:27:14
Bravo bravo redno bese i kaj nas da dojde sovremena tehnologija,samo taka odime napred Napred Makedonija !!!
Од: Betoven
Датум: 30.08.2011 12:43:57
Toa ke vazi samo za ostanatite, a niv gi ima mnogu poveke nego li "nivnite" koi nepreceno ke mozat da vozat brzo kolku sakaat, da ubijat nekogo na pesacki, a pritoa da ne odgovaraat. Netreba graganite da se plasat od radarite, ionaka na ovie patista-grobista nemoze da se vozi, trba da se plasat od "nivnite" iskompleksirani puleni koi se od site bezzakonija.

Најди! во Утрински
Хроника
Охриѓани бараат клуч на врата за кабареата во Сараиште
Скопјанец загина кај Крива Паланка
Жена загина во возило што излетало во канал

"""