Жена загина во возило што излетало во канал
Педесет и едногодишна жена од Панчево, Србија, загина при превртување на возило што паднало во одводен канал. Несреќата се случила вчера околу 2.45 часот на локалниот пат Мралино – Кадино. Српскиот државјанин 3.С. (49), кој возел „опел ида“, во еден момент изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се превртел на кров на десната страна во одводниот канал. На самото место починала неговата сопатничка (С.А.) |