Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Хроника

Охриѓани бараат клуч на врата за кабареата во Сараиште

Охрид - Поголема група жители од охридската крајезерска населба Сараиште, иницирана од некогашниот член на култната охридска група „Билјана“, Кузман Поп Стефанија, викендов една ноќ пробдеа, а малку недостасуваше да дојде и до физичка пресметка со сопствениците и со обезбедувањето на ноќниот клуб „Џез ин“. Тие од надлежните државни органи бараат итно да се преиспитаат и да се одземат издадените дозволи за работа и во иднина во стариот дел на Охрид воопшто да не се издаваат одобренија за кабареа, дискотеки и за ноќни клубови.

Поддршка на жителите стигна од многу граѓани на Охрид, но и од локалната самоуправа. И оттаму ги поддржуваат реакциите на жителите од стариот дел на градот, кои поради бучавата од угос��ителските објекти не можат да спијат до раните утрински часови.

„Одобренијата за работа на угостителските објекти не ги издава локалната самоуправа, туку надлежните органи на Владата, кои во најголем дел се задолжени и за контрола на нивното законско работење“, реагираат од охридската локалната самоуправа. Тие потсетуваат дека централната власт мора да се грижи за спроведувањето на прописите и да ги заштити граѓаните што живеат во старото градско јадро.

Според нив, слична е состојбата и со издадените концесии за плажите, кои надвор од законските прописи, наместо да се затвараат по 20 часот, како дискотеки на отворено работат до раните утрински часови. (В.М)


#
Статијата е прочитана 963 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 29.08.2011 00:27:40
Џез-ин нема прозорци, а има 2 врати, и од него музика надвор не се слуша. Но тоа на никого не му одговара да го напише/слика. Луѓето што стојат пред локалот прават галама, да. И можеби некои уринираат наоколу, но тоа не е вина на газдата или на обезбедувањето (кое патем не постои) на Џез-ин, туку на луѓето кои го посетуваат тоа место. А во ред е од плажата Кадмо да се слуша секој стих на настапувачот се до пристаништето до 02:00? Не гледам некој за тоа да се будни?! Се се врти околу парите.
Од: Komentator
Датум: 29.08.2011 11:28:42
Jas sum star skopjanefc ama gi podrzuvam.vo taa kacija za mir ohridanite --konecno poveke ziveat vo Skopje odkolku vo Ohrid....Koga odam vo Ohrid sakam mir a bre na Turisticka celo leto ne mozez da zaspies od ulavi i besni motordii ..od besna mladina koja se vraka od noken zivot pijana do daska gi zaposednuvaat noknite burekgilnici i vristat kako da se izdrogirani ..abre bez usul se deka ima luge koi spijat ..dobro bre i jas sum bil mlad i pijan ponekogas ama so usul ne navreduvajki nikogo nitu na nikogo ne go narusuvav mirot najsustvena potreba na covekot koga saka da se odmori....neznam sto falinka ima ovaa denesna mladina...!!!
Од: Скопјанец што се откажа од одење во Охрид
Датум: 30.08.2011 11:46:29
А бре Охриѓани, не протестирајте ... догодина само кажете, парите што сме планирале да ги потрошиме ќе ви ги уплатиме на трансакциона сметка и нема да ви сметаме :))) Охрид и така стана град полн само за викенди, сега и тоа ќе го уништите... Уште една пародија на охридски туризам ...

Најди! во Утрински
Хроника
Ласерски радари ќе ги ловат бесните возачи
Скопјанец загина кај Крива Паланка
Жена загина во возило што излетало во канал

"""