За проблемите во здравството, како што се уривањето покриви во болниците, умирање на родилки, немање лекови, за министерот за здравство, Бујар Османи, виновни се политички ментори, но и новинарите што ги пренесуваат нивните оцени.
„Во последно време слушам различни квалификации за здравството, како тоа е гнило и се распаѓа. И покрај напорите на овој состав на Министерството за здравство, некој упорно сака да го оцрни здравството за да извлечат корист за своите политички спонзори и ментори. Секоја несреќа ја користат за да излезат со различни квалификации. Вас, новинарите, сакам да ве замолам да не донесувате генерални заклучоците врз основа за плитки и паушални оцени на поединци и новодни експерти што не направиле ништо додека можеле и биле на функции. Не можам да сфатам како толку лесно преминувате преку тоа и ги амнестирате од тоа дилетантско однесување“, изјави вчера министерот Османи на прашањето како ќе го среди хаосот во здравството по несреќата во тетовската болница. Османи не чувствува одговорност за тетовскиот случај и ја чека полициската истрага за да се најде виновникот.
Премиерот Никола Груевски, сепак, призна дека „овде-онде се јавуваат слабости во здравството“, но со различни активности Владата правела се' што е во нејзина моќ да ги подобри слабостите. (Ј.Ј.)
Кога малиот Трпе,напраил белја и почнало многу да смрди ,го прашале кој направи белја,тој одговорил дека тоа го направил дедо му Трпе.
Од: b
Датум: 03.12.2010 14:13:26
Новинари, кога се рушат покриви и гинат луѓе, ќутете, министерот мирно да министерува и во недоглед да се фали за неговите невидени успеси. Успеси на лаги, фалби и приказни за мали деца.
Од: јас
Датум: 03.12.2010 16:18:30
Оф мори мајко.Сите му се криви , само тој и неговите се невини ко млада пред прва брачна ноќ .Утката е во тоа што нема невина невеста..
Од: kole
Датум: 03.12.2010 18:24:22
Gospodine Ministre, vodenjeto na resorot Zdravstvo.... ne e isto sto i delenje beli bumbari od Tanja Bumbarkata i nejziniot VMRO-vski hor.....
Од: Koni
Датум: 04.12.2010 09:59:32
Ministerot izgleda deka e poslusen egzibicionist. Zdravstvoto e preseriozen sektor za mladi neobuceni luge. Sto koncepti toj moze da predlozi koiga i sovetnicite mu se isti i neupateni.Nog da ne cuva od takvite...