Форум на ВАЦ за пристапот до информации
БУДИМПЕШТА - Медиумската групација ВАЦ, фондацијата „Конрад Аденауер“ (КАС) и Медиумската организација за Југоисточна Европа (СЕЕМО), во соработка со Централната европска иницијатива (ЦЕИ) и „Асес инфо“, и заедно со локалните партнери „Панон Лапок Тарсасага“, ХВГ, Мрежата за известување за Источна Европа (Н-Ост), „Рајфајзен банк интернешенел аг“ (РБИ) и „Фугетлен медијакоцпонт (Центар за независно новинарство) го организираат IV Медиумски форум за Југоисточна Европа, на кој се собрани медиумските главни извршни директори, главни уредници, водечки истражувачки новинари, деловни професионалци, владини претставници, главни извршни директори на компании активни во Југоисточна и во Централна Европа и претставници на НВО. IV Медиумски форум СЕЕ, фокусиран на темата „Пристап до информации - извори за истражувачки новинари“, кој почна вчера и трае до денес во Будимпешта, Унгарија. Форумот го отвори д-р Срѓан Керим, претседател на 62. сесија на Генералното собрание на ОН и специјален пратеник за политички прашања на медиумската групација ВАЦ.
По отворањето на форумот, ќе се одржи тркалезна маса меѓу новинари и експерти за жешката медиумска тема „Викиликс“. Други панели на годинешниов Медиумски форум СЕЕ се: „Средства за истражувачко новинарство“; „Медиумски НВО и пристап до информации“; „Пристап до информации - регионално искуство“; „Пристап до информации - меѓународно искуство“; „Транспарентност на медиумската сопственост и јавни информации“; и „Усогласување со минатото - пристапност до тајните архиви“.
На форумот да учествуваат повеќе од 250 професионалци. За време на медиумскиот форум СЕЕ ќе бидат презентирани годишната Награда за извонредни заслуги во истражувачко новинарство на ЦЕИ-СЕЕМО, како и годишната Награда за храброст на ВАЦ-ИФЈ (Меѓународна федерација на новинари) и ќе им бидат доделени на извонредни истражувачки новинари.
Медиумската групација ВАЦ и Меѓународна федерација на новинари ИФЈ ја доделија Наградата за храброст во новинарството за 2010 година на тимот унгарски автори Јозеф Гелеи (50) и Ласло Мурањи (54). Спонзорите го наградија хрватскиот новинар Хрвое Слабек (38) со одликување за второ место. Жирито одлучи да ја подели наградата што се доделува по втор пат.
Покрај работните сесии, дводневниот форум нуди уникатна можност да се запознаат водечки професионалци за отворена дискусија за медиумите, истражувачкото новинарство и пристапот до информации во Југоисточна и во Централна Европа. |