Безбедност на жичарницата на Водно
Црвен крст на Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие вчера потпишаа меморандум за соработка. Секретарката Сузана Тунева-Пауновска и директорот Мишо Николов ги ставија своите потписи на документот со кој ја договорија меѓусебната соработка во однос на организирањето тимови за евакуација и спасување на гондолската жичарница на Водно, со која ќе стопанисува ЈСП. Овие тимови ќе бидат одговорни и за организирање и систем на превенција од несреќи и обука на вработените за прва помош и заштита. (Сн.К.) |