Општините ќе купуваат возила за „Комунална“
Градот Скопје до пролет ќе му купи на ЈП „Комунална хигиена“ 40 возила за собирање на сметот. Веќе е во тек набавката на возилата што ќе се финансира со пари земени од кредит. Градоначалникот Коце Трајановски се надева дека возниот парк на комуналното претпријатие в година ќе се поднови и со камиони обезбедени од општините.
„Разговаравме за можноста секоја општина да купи макар едно помало комунално возило, со што би се создале услови за работа на претпријатието според сите стандарди. Тоа значи 10.000 жители да имаат на располагање едно в��зило. Општина Гази Баба најави дека веќе во буџетот за 2011 година испланирала средства токму за набавка на комунални возила, а се надевам дека тој пример ќе го следат и останатите општини“, изјави вчера Трајановски на Координативното тело на градоначалници. Тој информираше дека до средината на октомври 70 отсто од приватните лица го платиле данокот на имот и апелираше и другите да го сторат тоа во предвидениот рок. (Дс.Т.) |