Пензионерското бесплатно возење кошмар за вработените
Има предлози да им се овозможи бесплатен превоз секој ден во одреден термин
Снежана Калабакова
Петок во автобус на ЈСП. Слободно возење за пензионерите, кошмар за вработените граѓани. Баби и дедовци со бастунчиња во треперливите раце едвај се качуваат во градските автобуси додека зад нив се туркаат ученици со ранци на грбот. Воздржано нервозни поради долгото стоење на постојките, влегуваат и оние што треба навреме да стигнат на работа. Но, има и такви кои не го кријат револтот од големите турканици што се создаваат секој петок во автобусите на ЈСП. Во последниот работен ден во неделата студентите брзаат на предавања, вработените на работа, а пензионерите ја користат привилегијата за бесплатен превоз за да стигнат до институциите, болниците, продавниците, пазарите или да ги чуваат внуците.
„Стана невозможно да се оди на работа во петоците, бидејќи од пензионерите е тешко да се влезе во автобус на ЈСП. Немам воопшто против бесплатно да го користат градскиот превоз, но мора надлежните да најдат начин да не биде тоа на штета на другите патници. Или нека им дозволат без пари да се возат секој ден, но во одреден временски термин, што ќе придонесе, секако, да се намали притисокот што се прави во петок или нека биде тоа во време на викенди, кога вработените не користат автобус“, револтирано вели една скопјанка.
Мажите постари од 64 години, а жените што имаат наполнето 62 години секој петок се тискаат заедно со останатите граѓани, а евидентно е дека бројот на автобуси е ист како и во секој друг работен ден. Тоа го потврдуваат и од ЈСП, објаснувајќи дека не се во ситуација да преземат нешто конкретно за да ја подобрат состојбата, бидејќи не можат да обезбедат плус автобуси од оние што им се на располагање.
Ист број автобуси, а зголемен број патници има само во петок, а тогаш мака мачат сите што се превезуваат со нив. Метежот им го комплицира животот на сите граѓани во Скопје, па голем дел од нив размислуваат и даваат предлози за негово растоварување. Додека едни прашуваат зошто градските власти и ЈСП не им овозможат бесплатен превоз на пензионерите секој работен ден во неделата, други предлагаат бесплатно возење за пензионери да се дозволи плус и во сабота и во недела.
„Свесни сме дека во петоците имаме проблем со турканиците. На тоа се жалат и возачите кои навистина во тешки услови си ја вршат работата. На оваа тема имавме повеќе разговори со надлежните во Градот, во смисла на тоа дали освен во петок, да се овозможи бесплатно возење и во некој друг делничен ден. Од советничката група на СДСМ имаше предлог пензионерите да се возат во период од 9 до 15 часот, кога вработените веќе се заминати на работа и пред да им заврши работното време, со цел да се намалат тисканиците, или евентуално освен во петок, уште и во сабота и во недела. Предлозите се разгледуваат и наскоро ќе излеземе со конечно решение“, вели Мишо Николов, директор на ЈСП „Скопје“.
Од Одделението за односи со јавноста велат дека Градот моментно не размислува да го смени терминот за бесплатен превоз на пензионерите. „Неработните денови не може да бидат алтернатива за петок, затоа што и оваа категорија граѓани имаат потреба да завршат некои обврски и во работните денови“, велат од Град Скопје.
Videte..vo kakva mizerija ..ziveeme..da se iskoristi sve do maksimum..i sto ti trebe i sto ne...E neka ne mi kaze nekoj penzioner deka navistina sekoj petok ima potreba od avtobus.....Kaj ke odi sekoj petok. na decata veke im se kacile na glava tie edvaj dovagaat da se odmorat od rabotna nedela a ona starci zarinkale na vrata uste gi cekaat so saati...za da odis na lekar itno po potreba vo petok prava cekalnica..po 3 casa najmalce...Ma ne iskacaat od kaj maticniot kako pop da im e vo ispovedalnica...I jas sum penzioner ..podobro ke prosetam pozdravo e odkolku da se butkam so "kolegi" koi bas vo petok trosat i po 3000 denari na pazar a tesko im e da dadat 25.00 za edna karta SRAMOtA...vo obicen raboten den !!!
Од: Stojko
Датум: 27.11.2010 14:33:19
Ne sme kvazidrzava so kvazi vlada, koja donesuva ovakvi idiotski resenija. Pola Makedonija vo petok e vo Skopje, a penzionerite da se setaat bas togas. Bre...
Од: stojko
Датум: 27.11.2010 19:12:15
Glupav narod za evtini pari se kupuva........ neka glasaat za grujo i ke mu ja zapecatat sudbinata na mladite.......
Од: Gordana
Датум: 28.11.2010 03:48:10
kolku ste cudni, mnogu jasno deka treba da im se dozvoli sloboden prevov na penzionerite! itoa ne samo vo odreden period vo denot, tuku sekogas koga posakaat!
a JSP treba da obezbedat dopolnitelni avtobusi vo petok za da ne se sozdava guzva!
STRASNA RABOTA!
Од: Viktorija
Датум: 28.11.2010 19:49:12
Penzionerite ja dale svojata finansiska kontribucija za vreme na nivniot raboten period i sega ke treba da uzivaat nekoi minimalni beneficii. Za da ne se stvara guzva potrebno e da se razredi vremeto na patuvanje. Penzionerite da patuvaat pomegu 10.00- 14.00 casot plus 18.00- 22.00 casot, i toa sekoj den vo nedelata. Taka site ke bidat po zadovolni.
Од: Dolno Vodno
Датум: 28.11.2010 22:19:45
Pa jasno e deka vo Petok ke ima turkanica i semozni problemi koga site (beda od) penzioneri primorano stedejki, ostavaat se da se zavrsi vo Petok. Toa dobro kazuva deka ne samo Patok da bidat "privileguvani" , tuku sekojden vo sedmicata.Togaj, nema da ima turkanica i problemi kako ovie za koi pisuvate. Vprocem, vo zapodnoevropskite civilizirani drzavi, postarite od 65 godini i onie so mai primanja, imaat bezplatni godisni bileti za sekakov vid transport, a nekoi reguini i bezplateni taksi prevozi. Gradonacalnikot koj miluva da se seta niz Evropa i da kopira nemu ubavi idei, neka proveri, pa neka prenese i edna vakva ubava moznost,taka site ke bidat zadovolni.A onie na koi im preci ovaa bedna privilegija na postarite, bi trebelo da se zasramat od komentarite inedokvakanite misli, oti i za nim, mladosta ne e vecna!
Од: bezanec
Датум: 28.11.2010 22:53:52
Na toa se veli ,,Videla zabata kako konjot diga noga da go potkovat i taa dignala,, Zatoa se veli na deca ne im davaj sapun,ke go izedat,mislejki deka e sirenje. I vo shvajcarija e vovedeno no ne bez platno vozene,tuku poeftini,no pod uslov,koga rabotnicite i uchenicite odat ili se vrakat od rabota,od uchilishte,da ne se vozat starcite i penzionerite tuku meguvremeto,vo sprotivno ke plakat cel iznos na vozniot bilet.
dokaz za diktatorskiot odnos na ovaa vlada ne koga ima potreba da odat penzionerite kade sakaat ,tuku koga saka grujo so familijata ,pa neka se tutkaat site i strari i mladi izdravi i bolni,pa ibanjatai i nebanjati katastrofa od drzava sme od 2006 god navamu ziveeme pod strasen pritisok vo sekoj pogled
Од: Zagor do Stojko
Датум: 29.11.2010 10:56:59
vo Rusija,na nivo na cela drzava,vklucitelno i vo bivsiot SSSR penzionerite i dr.voeni invalidi imaa i imaaat besplaten prevoz.izlezete malku od svoite sela,i kosmarot sto so sebe go vlecete vo pogolemite gradovi.nautro izmijte si ocite,trgnete prevezot na glupavosta.pa ke progledate