Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Лапароскопската метода е селективна

(Повод: текстот „Кила се оперира без хируршки рез“ од Ј. Јовановска)

Проф. д-р Драгослав Младеновиќ

Во написот „Кила се оперира без хируршки рез“ има стручни невистини во однос на хируршката метода опишана во текстот, поточно операцијата на кила (хернија) со помош на лапароскопија. Текстот може во голема мера да ги доведе пациентите во заблуда затоа што лапароскопската метода е многу селективна и не е општоприфатена од многу причини! И покрај долгогодишните напори, оваа метода да се афирмира како метода на избор, пред се' поради тоа што се сметаше за помалку инвазивна во однос на отворените методи, тоа не се случи. Причина за тоа е фактот што оваа метода има и одредени слабости кога се применува во хируршки третман на кила (потреба од општа анестезија, неможност да се обнови динамиката на абдоменалниот ѕид, неадекватно позиционирање на мрежата, процентот на компликации и рецидиви не е помал во однос на другите методи итн.).

Изнесеното во текстот може и треба да биде елаборирано на состанок на Здружението на хирурзите на Македонија за да се избегнат субјективноста при изборот на методата, а пред се' за да не бидат пациентите доведени во заблуда. Право на пациентите е да бидат правилно информирани за одредени методи, за нивните предности и недостатоци, како и за тоа какви се резултатите од нив.


Статијата е прочитана 344 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Писма
Венко Марковски - дел од македонскиот синдром на самоуништување