Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Венко Марковски - дел од македонскиот синдром на самоуништување

(Повод: фељтонот „Вистината и контроверзиите за Венко Марковски“ објавен во „Утрински весник“)

Никола Џабирски, пензионер

Најнапред да кажам дека јас се чувствувам за просечен Македонец - интелектуалец и не сакам да спорам со академици. Но, ако некој кажува невистина, тогаш треба да се замолчи. Ако пред вистината и боговите молчат, тогаш зашто да не биде замолчан некој што не ги изнесува вистините, па макар тој бил и академик. Во фељтонот се јави академик Иван Катарџиев и вели во разговорите со Венко слушнал изјава од Венко дека тој требал да биде претседател на македонската влада, а не Лазар Колишевски.

Тоа е ординарна невистина. Тоа ни пијан човек не би смеел да го каже, ако се знае дека во тоа време ако кажеш нешто лошо за Тито и Лазо може глава да се губи. Тоа се обични провокации за да се ликвидира некоја непожелна личност.

Aкадемик Гане Тодоровски се нафрли врз Венко Марковски нарекувајќи го: национален отпадник, одметник, родоотстапник, дисидент- еретик, предател, дводомник итн.итн. Не ме чуди. На овие недолични квалификации на еден самобендисан писател за великанот на македонската литература, Венко Марковски, може да се одговори со два збора: завист и страв да не му потемни ѕвездата.

Животната врвица на Венко, Гане ја нарекува Душегубица по името на едно зафрлено заостанато село во Кичевско, во една пустелија близу до Бошков мост, место каде што постоеше логор на затворени македонски патриоти во времето на малоумието. Близу до овие зафрлени краишта, беше интернирана фамилијата на Венко од 7 члена, 3 старци и 3 деца, заедно со Филимена, сопругата на Венко. Се сеќавам сестра ми Фима дека често се среќавала со Филимена во кланицата во Кичево. Немале пари да купат месо, па од кланицата собирале црева и чкембиња што требале да се фрлат. Кога ги миеле со вода цревата и чкембињата, кичевските деца се чуделе и викале: „Со чанта по трбушки“, повторувајќи неколку пати. И додека децата на Венко и децата на нашата фамилија, отфрлени од своите огништа, гладувале и се хранеле со компир и месни отпадоци што ни кучињата не ги јаделе, Гане Тодоровски уживал во благодати.

Сакам да подвлечам дека како многу други академици, и академик Анте Поповски сакаше да се рехабилитира Венко Марковски и тоа уште во 1993 година. Кога сестра ми Фима со моја помош го напиша фељтонот за интернациите во 1950 година, во која беше опишана и голготата на Венковата фамилија, академик Анте Поповски сакаше да помогне фељтонот да се објави во весникот „Нова Македонија“. По моја грешка и нашиот договор по 2-3 дена, отидов кај главниот уредник Георги Ајановски, кој ме прими студено, ама му оставив примерок од фељтонот. Повторно кога отидов кај Анте Поповски, уште на врата почна да ме кара. Зошто си бил кај Џоџа - Георги Ајановски, а сега терај сам. Ми беше многу јасно. Татко му на Георги Ајановски беше познатиот партизан од татковинската војна во Егејска Македонија под прекарот Оче. По доаѓањето во Скопје, заземаше висока функција во УДБ-а за Македонија.

Јас лично не го познавав Венко. Но, при првиот контакт со него видов дека е голем хуман човек. Беше во 1951 година во малото театарче во Скопје, се даваше операта „Кармен“. Гостуваа првенката на загрепската опера Маријана Радев и Франц од љубљанската опера. Карти немаше, па чекав на карта повеќе. Наидов на убаво облечен господин, го прашав дали има карта повеќе. Тој ми одговори дека има две. Му кажав дека имам пари само за една карта, но ќе се снајдеме зашто има и други што бараат карта повеќе. Тој се насмеа и ме праша дали сум студент. Одговорив потврдно. А тој рече еве ти ги, не треба ништо и си отиде. Останав вчудовиден и, да си признаам, другата карта ја продадов за повисока цена, имаше добро место. Уживав во изведбата во првиот чин, а потоа ми беше пекол. По првиот чин, излегов во фоајето на одмор, каде што ми пријде мојот колега Лазо Чадиковски, кој ме праша од каде ми е картата. Одговорив: на карта повеќе. А дали го знаеш човекот, ме праша. Одговорив: првпат го гледам. Не го познаваш ли Венко Марковски, ме праша. Не, одговорив. Картата е од Венко Марковски, ми потврди. Кога влегов во салата, видов околу мене удбаши, и ми дојде страв во коски и едвај го чекав крајот на претставата и му ја летнав право дома.

Ете, таков беше Венко Марковски.


Статијата е прочитана 788 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 24.03.2009 00:17:50
Od sekogo moze covek po nesto da nauci. Da ne bese covekov nemase da znam deka udbasite bile luge so visoka kultura: odele na opera uste vo 1951.
Од: Признание за авторот на писмото
Датум: 24.03.2009 00:39:11
Со големо задоволство го читав писмото на Г-дин Џабирски, кое изобилува со конкретни факти и трезвени заклучоци. Искрено му благодараам за фактите што се содржани во писмото. Очигледно се уште не е дојдено времето во кое Големиот Венко ќе биде вреднуван објективно, бидејќи се уште се живи неговите прогонители и ликвидатори! Сепак, мислам дека доколку имаат барем малку човечко во себе, екзекуторите на Венко би требало да молчат, а не, и по дваесетина години по неговата смрт, повторно да го дисквалификуваат и омаловажуваат!
Од: Marx
Датум: 24.03.2009 01:31:26
E ponekogas se prasuvam kako moze da imame tolku izrodi vo drzavava. Kako be site znaete koi se faktite? Pa Nikola covekot napisal knigi protiv Makedonija, koi udbasi koi crni gavoli. Nemam nisto protiv da si go sekavate i slavite, no da mi nametnuvate neo-bugarski romantizam, e toa "malo morgen."
Од: mitko e za udba
Датум: 24.03.2009 01:55:06
Ako asolen makedonski covek treba da bira megu bugarofilite i udbasite jasno ke gi izbere udbasite. Dosta be so tie Makedonci koi se pisale Bugari treba svojata nacija da si ja neguvame a ne da falime nekoi izrodi tamu koi si ja smenile nacijata zatoa sto ne im go pravele keifot. Bez Koneski nemase da imame makedonska nacija a toj mu bil onoj sto mu smetal na Venkota. Nema zosto da se rehabilitiraat Bugari.
Од: Д.Талев
Датум: 24.03.2009 07:16:33
"Кога влегов во салата, видов околу мене удбаши, и ми дојде страв во коски и едвај го чекав крајот на претставата и му ја летнав право дома." Eve kako se gradi "makedonska " nacija , demek "So krotce so blag i sp mnogo kjotek"
Од: Петко
Датум: 24.03.2009 07:41:51
Оставете го Венко на Бугарите.Немојте на сила да правите херои од луѓе кои се откажале од својот идентитет па побарале место на друга страна.Ја молам редакцијата да биде малку повеке неутрална па да побара по интернет некои ситници за Венко и точно да пренесе што за него кажуваат неговата сестра,жена па и нековиот внук.Немојте насила да правите Македонец од човек кој се осека бугарин за кој и неговите најблиски тврдат дека е бугарин.Таквите како него ги има и денес многу низ Македонијава.Само овие денешниве се наогаат овде во Македонија и од дома сакаат да не направат сите како нив.Незнам зошто им даваат да си прават партии овде и да трескат глупости по телевизија.Да си ја сакаме татковината повеке од оние кои сакаат да ни ја земат.Да бидеме свои на свое а не да се продаваме како некои понапред споменати.
Од: adi
Датум: 24.03.2009 09:43:16
Luge,gledate deka e namesten Venko Markovski od sega i nekoj izivi takanareceni akademici.
Од: Историк
Датум: 24.03.2009 10:17:17
Не го правете Венко сосила Македонец. Ако во некоја прилика “хипотетичка“ стане од гроб или пак ве слушне, ќе ви се налути, затоа што со сила му го земате Бугарското чувство и идентитет и го правите Македонец. Човекот сам решил, ни УДБА ни никој. Самиот.
Од: Pirin
Датум: 24.03.2009 12:22:05
od venko nekoj saka da napravi marko krale kako vo epot, i site da se voodusuvat od negoviot podvig , prven bil bugarin doaga vo makedonija i e megu prvite redovi na Makedoncite , no so tekot na vremeto samiot oseka ja gubi ramniotezata zasto ne naoga istomislenici i pocnuva sam da se buntuva protiv sebe si , od feltonov ocigledno je da negovite deca vo makedonija zafrsuvaat fakulteti soprugta mu raboti vo drzavni institucii i pak se zalat na udbasite kako oni toa go narekuvaat, a sto ke recat selanite sto im se nacionalizira zemjata od koi gi hranea partizanite , zar i tie trebase da vo znag na rvolt da stanat bugari, ali tie selani toa ne go napravija zasto se makedonci a vlasta ete si zamina a lugeto si ostanaa makedonci i ragaa sinovi makedonci, makedonija so toa opstanuva, a sto opstanuva od venko , nisto samo onaa omraza sto ne uspeal makedonjcite da gi napravi bugari.
Од: Makedonec
Датум: 24.03.2009 14:52:21
Za ovoj venko mnogu se digna prashina so feljtonot.Za chovek koj se izjasnil i se chuvstvuval za Bugarin,ne treba mnogu da se pishuva,posebno vo pozitivna smisla. G-dinot Dzabirski verojatno shto napishal e se vistina,ama nedoiskazana.Demek kartite shto mu gi dal Venko za vo teatar bile so sedishta od udbashi i Venko se isplashil i mu gi dal nemu.Ako sakale udbashite da go apsat ke go uapsele vo bilo koe vreme,a ne vo teatar.Nekoi lugje se oboleni od poimot udbashi,kako pred nekoj den brat mu na Trajkovski"udbashite i Kosovarite mi ja unishtija kolata",pa pak Boneva izgubi. Dedo mi bil na pechalba pred 2ta Sv.vojna i parite gi vlozuval vo svoeto selo.Sistemot se smenil i se izgubil,ama nadez i nacija i vera ne izgubil. Tatko mi zavrshil uchitelska skola'48,jadel pchenkaren leb i po nekoj kompir i ne pobegnal od Makedonija,a negovite braka stanaa inzinjeri i doktori na nauki.
Од: Baba Jana
Датум: 24.03.2009 16:49:30
Do Dzabirski:1. Od koj velegrad si dojden vo Skopje, pa prekrasnata zgrada na teatarot ja narekuvas "maloto teatarce"? 2. Kartite sto ti gi dal Venko, bidi siguren, deka toj ne gi kupil; tie mu bile gratis od teatarot, zasto toj bese dramaturg tamu. 3. Vo 1950 g. Lazo Cadikovski ne bese vo Skopje, tuku na Goli Otok. a Filimena bese profesorka voo gimnazijata ":Josip Broz Tito i predavase makedonski jazik i literatura. 4. Ne pisuvaj i ne zboruvaj za luge, sto licno ne gi poznavas, a ubedena sum deka ne si procital nisto od nego i zatoia go narekuvas " golem poet". Toj na Gane kako umetnik - poet, ne mu e ni do noze.

Најди! во Утрински
Писма
Лапароскопската метода е селективна