Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Втора страница

Поглед

Скулптури на „Око“

Деспина Трајковска

Не една, не две, туку 29 скулптури ќе се постават на мостот „Око“ во Скопје. Оваа најава дека историски бодигарди ќе ги чуваат минувачите на преминот, дефинитивно ги надмина и најневозможните очекувања од кројачите на ликот на центарот на Скопје.

Ако веќе се навикнавме на секој чекор да се поздравуваме со шмизли, чистачи на чевли, бикови и други животни и занаетчии, а истовремено се подготвуваме војнички да ги одминуваме Александар и фалангата, Гоце, Даме и другарите, на крај памет не ни беше дека минувајќи по „Око“ ќе се дружиме со ликови од историјата, за кои никој не знае кои ќе бидат.

Од уметничката визија на скулпторите ќе зависи составот на друштвото на 29-мина што ќе надвиснуваат на мостот со триметарските бронзени стави. Ликовите треба да се и членови на Археолошкиот музеј. Барем така се тврди. Дури да стасаат до неговите клепки, скопјани ќе се изморат од дружбата со десетици триметарски и петметарски бронзени и мермерни воини, коњаници... Од каде ќе бидат тие – пајонски воини, свештенички од бронзениот период, некој командант на армијата на Самуил, херојот Карпош, а можеби и некој од четата на Јордан Пиперката?

Најважно за некого е ова време да се одбележи како ера на споменици и скулптури во Скопје. Независно има ли сето ова вистинска уметничка нишка. Некој својот сон полека, но сигурно го претвора во јаве. Барем сите да бидеме среќни, па да претендираме за влез во Гинисовата книга на рекорди.

Но, претходно да се донесе уште една одлука, а може и закон. Уште по најмалку една скулптура да се постави во сечиј дом, на тераса или двор. И тогаш, дефинитивно на Скопје не му бега графа во најпозната светска книга, па макар и за кич.


#
Статијата е прочитана 1406 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 23.01.2010 00:16:44
Neznam kako se vikase, ama vo Kina ima edno mesto kade sto ima iljadnici skulpturi na povrsina od edno fudbalsko igaliste. Ako kinezite mozele toa da go napravat pred iljada godini, zosto DPMNE da ne go napravi sega vo Skopje. Vo zmjata koja sto ne bese zafatena od krizata, koja najdobro ja izdrza krizata, koja prva se izvlece od krizata.Zemja vo koja sto tece med i mleko. Ako sega ne napravime suma od spomenici koga?
Од: Goran
Датум: 23.01.2010 09:23:01
Kako sto ni e ekonomijata i stopanstvoto,...vo ovoj bezizlez, vo Makedonija ke ima 2.000.000 skulpturi, koi ni ke disat ni ke se dvizat... Cest na isklucocite....tie ke pominuvaat pokraj nas, ke ne gledaat i ke bidat gordi, kakvi tvorbi napravile...
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 23.01.2010 09:40:09
Ovoj most e od golema faznost za razvojot na istorisko-geografskiot turizam i ugostitelstvoto,no me interesira sto stana so CVETNOT MOST -CVEKETO NA MOSTOT ,kade ke bide izgraden i od koj vidovi na cvekinja i rastenija ke bied ukrase ,koj e isto taka fazen za ravojot na botanickiot-geografski turizam i ugostitelstvoto povrzano so romanticniot nacin na zivot ,osobeno vo vecernite casovi ,vo vremeto kona na neboto e se cisto i zvedite pocnivaat da sumotat ili zboruvaat.POZZ OD ORCE MAKEDONSKI I VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA
Од: Трпе
Датум: 23.01.2010 10:19:41
Мора да ѓи потсетам,склупторите да не ја заборават и склуптурата на Пинокио.Досега немам чуено ваков предлог.И во случај ако вистински се изгради овој мост а не остане само на лопатите.Пинокио да биде поставен на почетокот од десната страна на мостот.
Од: batka
Датум: 23.01.2010 11:01:36
Ima li nekoj od nadleznite vo Skopje komu mu ostanal del od maliot mozok nedopren!? Zar treba Skopje da stane grad na skulpturi za da bide ubav.Tolku skulpturi,makar da se preterano ubavi na kraj radjaat kic.Kicerajstvoto e vkoreneto i dokraj razvieno vo ambientot na novo Skopje.Ama,da se znae ,vo antikata na kraj pobednikot im gi krsel glavite na skulpturite na svojot predhodnik,im gi brisel iminjata od crtezite vo piramidite.Toa ke go doziveat i ovie skulpturi za edno 2-3 godini .Verojatno zatoa Premierot ne izgradi nitu edna svoja skulptura.
Од: sirak
Датум: 23.01.2010 12:27:33
Skulpturi na pitaci i sl.ne ni trebaat,gi imame vo zivo.
Од: vvv
Датум: 23.01.2010 12:48:28
Abe Pejo,Pejo, moze si Pejo, ama itar mnogu tesko. Ako nema kriza kade e dekemvriskata plata za obrazovanie, zdravstvo i red drugi??? Ili za spomenici neka ima, a narodot neka crkne.Alal da ti e.
Од: verag
Датум: 23.01.2010 13:14:29
Не знам дали во психијатријата има манија за градење споменици, а ако нема вмро-ОВЦИ можат да станат славни со тоа што по ради нив ќе се открие една нова манија која во научната јавност ќе се нарече agalmamanija. Колку станови можат да се изградат со тие милиони со кои градат кичерски споменици?Што се случува со овој народ што е слеп прои очи?
Од: јас
Датум: 23.01.2010 14:27:11
Ауууу ORCE MAKEDONSKI, скроз си се занесол, батка!
Од: kire USA
Датум: 23.01.2010 15:28:15
Me interesira dali ke se gradi Ajfelovata kula nekade vo Skopje da ne potsetuva na denot na slobodata ( bez vizi vo EU)???
Од: mAko
Датум: 23.01.2010 18:43:52
lele luge pa gledate deka grujo saka da go sgolemi natalitetot vo zemjata do 2011 ke bidneme 3 milioni so skulpturite a do 2010 poveke i od amerika
Од: Irar pejo Re
Датум: 23.01.2010 19:47:44
ti si batka bolen coveck bez kriterium , nikakov umetnicki izraz i politicki zadoen. Smizlite licat na vanzemaljci od filmot Avatar , Goce i Dame se na magarinja kaceni . Ako bas sakas da ne izednacis so Kinezite togas predlagam voveduvanje na smrtna kazna da se istrebat politicarite. Krizata nas ne ne izbegna posebno ne realniot sektor. Taa e uste prisutna vo poveke pretprijatija. Ti ne si ja osetil voglavnom poradi toa sto si 99% drzaven administrativec pa nasata reformatorska vlada se zadolzi milionski. Ne zadolzi mene tebe moeto pretprijatie moite i tvoite deca segasni i idni samo kako bi go dal ti svojot glas za niv slednite izbori, kako ne bi padnal rejtingot , i kako ne bi se pobunila drzavnata admistracija koja e polna so partiski poltroni.

Најди! во Утрински
Втора страница
Австрија нема да посредува, но сака да помогне
Вербатим
Македонија е квалификувана за НАТО