Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Втора страница

Македонија е квалификувана за НАТО

Знаеме каде одиме и каде припаѓаме и сигурен сум дека не е далеку денот кога ќе си го заземеме заслуженото место во големото евроатлантско семејство, рече Иванов

Македонија ќе направи се' што е во нејзина моќ за да ја покаже пред светот својата големина и вредност, да покаже дека заслужува да биде почитувана. Македонија знае каде оди и каде припаѓа и сигурен сум дека не е далеку денот кога ќе си го заземе заслуженото место во големото евроатлантско семејство.

Ова вчера го нагласи претседателот на Република Македонија и врховен командант на АРМ, Ѓорге Иванов, во обраќањето на конференција насловена „Извезување безбедност - спроведување стабилност“, во организација на Евроатлантскиот совет на Македонија (ЕАСМ), а во насока на стратегиската определба на Република Македонија за членство во НАТО и нејзиниот придонес кон Алијансата.

„Македонија како членка на НАТО треба да го зголеми придонесот во меѓународните операции и до 10 проценти од севкупната структура на копнените сили на Армијата, рече Иванов. До крајот на 2010 година, посочи, треба да се подготви брзо распоредлив пешадиски баталјон способен за високоинтензивни борбени операции. До 2014 година, пак, треба да се развие и една средна пешадиска баталјонска група, која ќе биде способна за брзо распоредување и самостојно изведување дејства во целокупниот спектар на мисии и операции на НАТО. Иванов потенцира дека иако на Самитот во Букурешт не доби покана за членство, Македонија продолжува да се однесува како, де факто, член на Алијансата.

Амбасадорот на Република Турција во Македонија, Арслан Хакан Окчал, оцени дека Македонија вложува големи напори и заслужува да стане полноправна членка на НАТО, а Анкара е и ќе продолжи да биде нејзин силен поддржувач за остварување на таа цел. Лазар Еленовски, претседател на ЕАСМ и поранешен министер за одбрана, рече дека доаѓа времето кога Алијансата треба да размислува за внатрешна трансформација и за политички реформи. „Со НАТО ја делиме истата визија и одговорност, многу повеќе од некои земји-членки на Алијансата“, рече Еленовски.

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, констатира дека Македонија ги има исполнето крит��риумите во целост за полноправно членство во НАТО, а е подготвена и за започнување преговори за прием во ЕУ.

Одбранбените реформи во Македонија се извонредни, смета поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Лоренс Батлер, додавајќи дека по 18 години државата стана посамоуверена и погорда.

„Македонија е квалификувана за членство во НАТО. Способна е да го реши прашањето за името. Вратите и' се отворени. Одбраната и други аспекти ја квалификуваат државата за членство, а тоа е процес што не престанува, како пливањето во река. Кога ќе престанете да пливате, почнувате да одите во друга насока, рече Батлер, охрабрувајќи ја Македонија да продолжи со демократските, економските и одбранбени реформи за да ја одржи виталноста. Батлер, кој моментално е политички советник во Врховната команда на НАТО за Европа, изрази благодарност од името на Алијансата за придонесот на Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан. (МИА)


#
Статијата е прочитана 536 пати.

Испрати коментар

Од: NO otan
Датум: 23.01.2010 09:41:17
abe nesme nie za NATO... zaboravete, nemame pari za kotizacija
Од: девичанецот
Датум: 23.01.2010 14:40:14
Има ли некој достоен македонец од нашето раководство отворено да каже дека Нато е окупатор во Ирак..во Авганистан...сега дури и го окупира Хаити? Доста со понизности према тие што ја бомбардираа СРЈ и не се срамеа да бомбардираат градинки, пазари, топлани, трафостаници, мостови, амбасади...
Од: SPIRIDON
Датум: 23.01.2010 14:50:17
E zašo ne sme za NATO be?Pa nia sme u NATO,samo ne znaeme.Pa šo se tia našite u Avganistan."Topovsko meso" da ne sme.Samo eden den via od NATO ke ni rečat-pa neli gleate deka ste ulezeni,do guša u NATO.Taka biva taa.

Најди! во Утрински
Втора страница
Скулптури на „Око“
Австрија нема да посредува, но сака да помогне
Вербатим