Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Во Скопје и книжевноста излезе на улиците

Катерина Богоева

Ликовните уметници по подолга пауза повторно, минатиот петок излегоа во центарот на градот, анимирајќи ги граѓаните со пораки содржани во нивните дела, заедно претставени преку проектот „Микро - скопски наративи“. Своите приказни ги презентираа: Дијана Томиќ Радевска, Марија Ветероска, Благојче Наумовски – Бане, Тања Таневска и Атанас Ботев, а куратор беше Горанчо Ѓорѓиевски.

Проектот стратуваше во 16 часот со видео проектот „Во името на…“ на Дијана Томиќ Радевска, во излогот на пекарницата „Специјал“, во време кога на улиците имаше повеќе минувачи. Уметницата во името на вистинските вредности ги повикаа граѓаните на квалитетна мисла презентирајќи сегмент од познатото дело „Идиот“ на Достоевски, а меѓу оние што ги читаа речениците кои течеа на екранот, беше и писателот Гоце Смилевски. Тој проектот го доживеа како излегување на книжевноста на улиците. „Има градови во кои луѓето читаат и во метроата, трамваите, по автобусите за градски сообраќај, а кај нас се' помалку се чита и дома. Овој проект што ја носи со себе пораката да се избере уметноста, книжевноста, да се покаже на улица и она што не е дел од духот на консумеризмот, а со тоа што авторката го има избрано „Идиот“ од Достоевски, на некој начин, имплицитно, го поставува прашањето за доброто и злото, но и за тоа дали во овој свет добрината и натаму треба да биде наивна, или треба да ги научи игрите на борба (до победа!) против злото. Запрашан за мислење за ефектот од ваквиот вид, за жал, се' уште малобројни уметнички проекти во јавниот градски простор, кои ги следат и во нив учествуваат исто така мал број граѓани, Смилевски одговори: „Мислам дека на граѓаните ќе им треба време да се навикнат на ваквиот вид проекти, а на уметниците – упорност“.

Дијана Томиќ Радевска пак, посочи на целта на проектот, да испровоцира размислувања. „Ангажманот околу поимање една уметничка интервенција, се состои во тоа што гледачот не добива само сервирано визуелно доживување туку и интрига за размислување. Ако судирот на доброто и злото, искреноста, наивноста, наспроти сомнителноста и малициозноста се вечни теми на човековиот карактер, се прашувам, колку сме спремни да се посветиме себе си, да ги преиспитаме нашите карактери“.

Од својот потполно интерактивен проект таа очекуваше повеќе интерес, љубопитност од поминувачите или оние кои чекаат автобус, затоа потенцираше дека и беше одбрана таа локација со автобуска постојка, на една од најоптоварените улици во Скопје. „Мислам дека граѓаните се плашат да се доближат до нешто што им изгледа непознато. Или пак навиката да се чита е се' помалку присутна? Можеби ја вежбав и моќта на запазување. Им благодарам на сите оние што застанаа, подзастанаа и почувствуваа потреба да ги прочитаат презентираните пет страни од книгата. Интерактивно се вклучија во моите размислувања“, рече таа.

А упорноста не и недостигаше овој пат на групата уметници, члено��и на ДЛУМ кои делата ги поставија, на за Скопјани се' уште невообичаените места. Проектот на Марија Ветероска „Упатство за одржување“ поставен во излогот на продавницата за спортска опрема „Емилијано“, ги привлекуваше погледите на минувачите. Оние кои не ја разбраа пораката содржана во препознатливите симболи на интернационалните пиктограми за одржување на облека, во овој случај надополнети со две силуети на игла и ножици за одржување на човечкото тело, на што секојдневно се инсистира преку медиумските пораки, можеа и да ја прочитаат на хартија.

Благојче Наумовски Бане кој заедно со неговите колеги и пријатели на плоштадот Македонија ја оформуваше инсталацијата/перформансот „Ин Аут Енерџи“, граѓаните го прашуваа дали и лечи со енергија, а Тања Таневска во негова близина, пред поставените паноа со уништените сообраќајни знаци во Скопје им делеше картички на заинтересираните и разговараше за судбината на знаците од кои често зависат и човечки животи. Атанас Ботев, пак како шеик во пустина, под својот шатор ги примаше заинтересираните на муабет со кафе и цигари за уметноста. Но многумина од граѓаните повеќе ги привлекуваше нес-кафето кое бесплатно се делеше во близина, отколку разговорите со уметникот за уметноста.

 


#
Статијата е прочитана 550 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Златен Дедал“ за легендите
На „трезниот фестивал“ победија фудбалерите
Почнува Семинарот за македонски јазик во Охрид