Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Jа видоа Германија и се вратија назад

Со чартер-лет од Дрезден долетаа 38 лица во Скопје, кои не успеаја да добијат азил во Германија

Некаде околу пладне, вчера на скопскиот аеродром „Александар Велики“ слета авион од Дрезден, во кој патуваа 38 македонски државјани, кои се обидоа да добијат азил во Германија. Единствено што добиле азилантите од германската влада е чартер-лет и бесплатен пат до Македонија. Нивните барања за азил биле одбиени како неосновани.

„Ни рекоа дека во Македонија ни било убаво и таму да се вратиме. Дури не ни ја дадоа и еднократната парична помош што ја даваа порано“, зборуваа азилантите при излезот од скопскиот аеродром. Станува збор за 38 лица, цели семејства со деца, главно, Роми.

„Најмногу не' има од Шутка, Куманово, Штип и од Кочани, но и од цела држава“, зборуваат тие. Со скиснати лица и торби во рацете, сега останаа и без парите што ги платиле за пат кон Германија.

Велат дека биле изманипулирани од туристичка агенција од Штип, која им ветувала сигурен азил во Германија и за тоа им наплатила по 600 евра.

„Тука нема работа, сакавме да одиме кај роднини во Германија, да се обидеме да се снајдеме таму... Сега што ќе правиме, останавме и без последните пари“, велат повратниците. Никој од нив не знаеше да одговори зошто заминале таму кога искуството говори дека ниту еден македонски државјанин не успеал да добие азил во западноевропските земји.

Македонската полиција најави истрага околу евентуална одговорност на агенциите што го организирале нивното патување.

„МВР уште еднаш апелира дека одлуката за визна либерализација во никој случај не подразбира и можност за добивање азил во земјите од ЕУ. Напротив, земјите од Унијата ја третираат РМ како земја-кандидат за членство, која е безбедна и во која се почитуваат основните човекови права, така што државјаните на Македонија не се наоѓаат на листата на земји што би можеле по која било основа да добијат азил“, потенцираат од полицијата.

Министерката Гордана Јанкулоска информира дека периодов не добиле поплака од некоја земја во врска со зголемен број барања за азил на државјани од Македонија. Јанкулоска смета дека се' уште не постои опасност да ни биде укината визната либерализација, но дека и натаму треба будно да се следи ситуацијата и да се работи на превентивата. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1943 пати.

Испрати коментар

Од: Професорка
Датум: 09.12.2010 14:50:46
Што чека Јанкуловска? Во двор да и ги истресат “азулантиве“ па да се свести што не ги спречува агенцииве кои ги лажат луѓево? Плус сите ќе настрадаме ако ги воведат визите пак. А нема да се женираат тоа да ни го направат.
Од: borce
Датум: 09.12.2010 15:23:47
Sekoj treba da si sredi prvo rabotite koga saka da odi vo sranstvo posle da trgne na pat.Azil ne se dobiva taka lesno treba na agenciite chto gi lazat graganite za azil da im se odzeme licencata a na graganite da im se odzeme pasochot nekolku godini.
Од: SPIRIDON
Датум: 09.12.2010 16:45:34
Amdi Bajram na svoite birači i "turistička agencija" saka da im pomogne i kako musliman i kako tatko.Germancite nemat razbiranje za goleminata na vaj ćovek ni 103 posto.A narodo kako glua kučka.Makedonija i se e možno.
Од: Od fakelaki
Датум: 09.12.2010 20:42:44
Za da dobies azil vo eu treba da imas falsifikat pasos dasi od Avganistan ili palestina ili kosovo togas e mala sansa za azil.........
Од: hhhh
Датум: 09.12.2010 21:32:33
pa ne e rat pa da baraat azil luge bez mozok i vizite pak ke gi stavi evropa za vakvi klosari i idoti
Од: komentator
Датум: 09.12.2010 23:57:32
Ajde neka ne placat ovie neranimajkovci...mnogu dobro znaat i rodninite im imaat kazano deka Germanija ne e poveke Eldorado za Romite...Se osvesti gospoza Merkel...i na nea nesto kasata i e prazna pa saka da ja vrati Markata..Po pat gospoda Romi pravac kon vasiot nalickan Amdi od nego barajte da vi gi vrati parite e neknja na golem glas trabunjase vo Parlamentot kako ova drzava e i na Romite zatoa se borel ...zatoa od nego barajte pridobivka od taa borba,,!! Barem kilo zejtin,,,,,!!!

Најди! во Утрински
Политика
Гошев меѓу политиката и уште еден гувернерски мандат?
Маневски „крчка“ нови уставни промени
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach