|
|
|
|
|
|
Маневски „крчка“ нови уставни промени
Предлог за нови уставни измени влегува во владина процедура. Како што потврди министерот за правда Михајло Маневски во изјавата за „Утрински весник“, тој пред два дена веќе го потпишал текстот на уставната измена, која ќе биде ставена на дневен ред на претстојната владина седница.
Уставната корекција се однесува на промена на членот 4, која децидно забранува „на државјанин на Република Македонија да не може да му биде одземено државјанството ниту да биде протеран или предаден на друга држава“.
Со симнувањето на уставната забрана, ќе биде отворена можноста за испорачување на македонски државјани со двојно државјанство обвинети или осудени за кривични дела, а кои досега беа недостапни за органите на прогонот. Србија и Хрватска веќе потпишаа договор за испорака на сопствени граѓани на други држави и на тој начин овозможија екстрадиција на убијците на српскиот премиер Зоран Ѓингиќ и на хрватскиот медиумски тајкун Иво Пуханиќ. Летоска од страна на српското Министерство за правда беше испратена иницијатива за потпишување на таков договор и со Македонија и со Црна Гора.
Најавата за уставни промени, министерот Маневски ја спомена пред десетина дена на тематска конференција во Брисел кога рече дека во рок од 30 дена Македонија ќе почне процедура за уставни измени.
Последниот обид за уставни измени пропадна во март оваа година кога владејачката партија иницираше коригирање на делот посветен на Судскиот совет. Но, иницијативата доживеа фијаско откако по неколку лидерски средби и експертски состаноци се прошири „списокот на желби“ со нови предлози, кои одеа од барања за воведување на Бадинтеровиот принцип во работата на Уставниот суд - до инсистирање за незастарување на кривичните дела за незаконска приватизација. (Г.Д.) |
#
|
Статијата е прочитана 802 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Johnny |
Датум: 09.12.2010 18:34:47 |
|
Toa sto Manevski go napravi vo sudstvoto,bezprimernata partizacija,pritisocite,ne izmeni,sto novi ustavi nema da go popravat.Samo temelna,od koren sprovedena reforma na ovaa "reforma" moze da gi ispravi krivite drini na manevski i negovite naredbodavci Jankulovska,Mijalkov i slicnite na niv |
|
|
|
|
|
|
|
|