Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Гошев меѓу политиката и уште еден гувернерски мандат?

Актуелниот гувернер одби да ги коментира шпекулациите дека би можел да остане во фотелјата во НБРМ

Соња Маџовска
Александра М. Митевска


Можно ли е гувернерот Петар Гошев да добие уште еден мандат?

„Немам што да коментирам. Има надлежни за тоа. Сега си ја работам работата, за натаму - здравје“. Ова беше краткиот одговор на се' уште актуелниот гувернер, со кого вчера телефонски разговаравме.

„Се знае кој одлучува за тоа“, велат познавачите за можноста Гошев да добие уште еден мандат околу што веќе се шепоти во одредени политички кругови, особено откако ЛДП го овозможи потребното мнозинство за донесување неколку владини закони.

Во ЛДП со поделени емоции се очекува да се види дали Гошев по завршувањето на овој мандат, ќе се врати во партијата, од која се дистанцираше кога во 2003 година беше реконструиран од функцијата министер за финансии во владата на Бранко Црвенковски. Сепак, една година подоцна, токму Црвенковски како претседател на државата го предложи Гошев за гувернер.

На прашањето дали е можно и сегашниот претседател Ѓорге Иванов да го предложи Гошев за гувернер, функционер на ЛДП ни рече: „За тоа, сепак, би требало да прашате во ВМРО-ДПМНЕ. Извори од владејачката партија, пак, посочуваат дека станува збор за атрактивна функција и за долг мандат, што не е едноставно да му се препушти на човек што не е во тесни релации со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тој би можел да остане на функцијата и при евентуална смена на власта. Таков, впрочем, беше и случајот со Гошев, кој ја „надживеа“ Владата на СДСМ, ЛДП и ДУИ. Од друга страна, нашите извори од ВМРО-ДПМНЕ, наведуваат дека понекогаш на Владата, сепак, и' одговара да ја подели вината за некои промашувања во финансиската политика и дека во такви случаи поедноставно е кога гувернерот не е од иста партија со премиерот.

Заинтересираноста за фотелјата на Гошев е се' поголема, така што се множат и дилемите дали во неа ќе седне нова личност или стариот гувернер повторно ќе ги крши копјата, најверојатно, сега поублажено со Владата околу усогласувањето на монетарната со фискалната политика.

Веќе се свртеа и други имиња за иден гувернер. Како најсериозни кандидати подолго време се споменуваат министерот за финансии Зоран Ставрески, професорот Михаил Петковски и вицегувренерот Димитар Богов. Последниот пред неколку дена на прашањето дали се гледа како иден гувернер на НБРМ изјави дека досега до него не стасала таква понуда. „Не знам, јас немам таква понуда, така што не би можел да разговарам за тоа“, истакна Богов. Актуелниот директор на Царинската управа, Ванчо Каргов, пак, неодамна во едно интервју изјави дека се чувствува подготвен да ја извршува гувренерската функција, со оглед на тоа што тој доаѓа токму од оваа институција.

„Гувернерот на Народната банка го именува и го разрешува Собранието на

Македонија, по предлог на претседателот на државата, за период од седум години, со право на уште еден последователен избор“, стои во Законот за НБРМ, што значи дека Гошев има право на реизбор. Но, дали тоа ќе се случи зависи од партиските боксирања, а не од тоа која е најпогодната личност за креирањето на монетарната политика.

По завршувањето на гувернерскиот мандат, враќањето во политиката е само една од можностите за Гошев. Сегашниот гувернер би можел да помине и една година на апанажа, пред да замине во пензија. Во некои комбинаторики, Гошев се споменува и како иден амбасадор.

Во февруари следната година, пред истекот на овој гувернерски мандат на Гошев, ќе му истече мандатот на актуелниот лидер на ЛДП, Јован Манасијевски. Очекувањата се дека на конгресот што партијата ќе го одржи напролет, Манасијевски повторно ќе побара доверба од делегатите. И иако се зборува дека Гошев и Манасијевски подолго време одржуваат добри односи и одвреме-навреме се среќаваат, не се исклучува можноста евентуалните обиди за враќање на актуелниот гувернер во политиката да му ги поматат сметките на сегашното раководство на ЛДП. Според тоа, на многумина либералдемократи им одговара Гошев да остане гувернер, особено за да бидат сигурни дека нема да им биде конкуренција при составувањето на пратеничките листи за следните парламентарни избори, на кои партијата планира да настапи самостојно.


#
Статијата е прочитана 2422 пати.

Испрати коментар

Од: девичанецот
Датум: 09.12.2010 12:47:53
А како Вашиот бивѓи генсек Ханџо, не само што си го продолжи мандатот во Атина, туку си доби и нов, цел мандат во Софија?
Од: Alien from Space
Датум: 09.12.2010 13:27:32
Да не беше фацава претседател на СКМ-ПДПДПМНЕЛДПДПППП...?!Нешто ми е многу познат!? :-) Само напред!Тој е вечен!
Од: bingo
Датум: 09.12.2010 15:32:36
A sto doprinese toj gospodin za Mk vo tekot na negovoto politicko i strucno rabtenje. Nisto poveke od rabotenjeto na eden osreden ekonomski tehnicar. Odma nadvor...
Од: nekoj
Датум: 09.12.2010 16:20:04
Pa DA! Nemoj sluchajno nekoja nova faca da se promovirala. Da bidete site istite do penizja! Brankovci, Gruevci, Gosevci, Andovci, Veliji, Singovci. Za drugi nema mesto, neli?! MA ajde site u....

Најди! во Утрински
Политика
Jа видоа Германија и се вратија назад
Маневски „крчка“ нови уставни промени
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach