Брoj 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Второто прегласување помина без посериозни проблеми

Проблеми се регистрирани само на две избирачки места во Бојане, Општина Сарај

Повторното прегласување на предвремените парламентарни избори на 15 гласачки места во изборните единици 1 и 6 вчера се одвиваше без посериозни проблеми. Проблеми се регистрирани само на две избирачки места во Бојане, Општина Сарај. На избирачкото место 2445 едно лице влегло и ги расфрлило изборните ливчиња, по што Општинската изборна комисија излегла на увид и утврдила дека ливчињата не се оштетени. На изборното место 2446, исто така во Бојане, имало обид за групно гласање поради што имало прекин во гласањето од еден час. На 15-те гласачки места во двете изборни единици каде што се прегласува се запишани 14.551 гласач или 0,82 отсто од вкупниот број избирачи во Република Македонија.

Вчерашното второ прегласување во Тетово помина регуларно и без инциденти.. Во текот на денот поминавме пет избирачки места - три во Голема Речица со вкупно 2.574 запишани избирачи. каде што пред две недели беше украден гласачкиот материјал. Во Горен Челопек се прегласуваше на избирачкото место 2039 со 1.050 избирачи и едно избирачко место во Желино. На сите места забележавме позасилени полициски екипи, припадници на специјалните полициски единици, претставници на НВО „Мост“ и на политички партии, на државни органи, но и на меѓународната заедница - ОБСЕ, ЕУ и од неколку амбасади, а пред се' на САД. Впечаток е дека засиленото присуство имало придонес врз редот, регуларноста и врз изразување на желбата на гласачите.

Во Голема Речица наши соговорници беа претседателите на избирачките одбори 1985 и 1986, Муса Беќири, и Хазирали Билали. Тие изразија задоволство од одѕивот, од редот и од однесувањето на сите учесници во изборниот процес. Нивна процена беше дека овој пат се' ќе биде регуларно. Пред училишната зграда каде што беа сместени три избирачки места забележително беше присуство на повеќе возила и граѓани, но атмосферата редовна.

Во Челопек во редот на посматрачите ја забележавме пратеничката Силвана Бонева. „Цело време се гласа мирно и достоинствено. Посакувам во ваква атмосфера да помине денот“, рече Бонева, која била од моментот на отворањето на гласачкото место 2039. (Г. Е.)


Статијата е прочитана 198 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Владата повторно згреши со Клиничкиот центар
Возач во Министерство за труд сакал да гласа за повеќе лица
Од НСДП исклучени 13 фракционери
Еленовски- Во новата партија ќе преминат 80 отсто од НСДП