Возач во Министерство за труд сакал да гласа за повеќе лица
Полицијата го уапси А.Н. (20) од скопското село Бојане, бидејќи вчераутро го прекинал гласањето на две избирачки мести во Бојане, каде што по третпат се гласаше за парламентарните избори. Според МВР, дваесетгодишникот, кој бил вработен како возач во Министерството за труд и социјална работа, неколку минути откако се отвориле избиралиштата, влегол на гласачките места 2445 и 2446 во Бојане и ги расфрлал гласачките ливчиња, а го скршил и печатот, лут што не му било дозволено да гласа за себе и за други лица. По кусо време, А.Н. бил приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за спречување избори и гласање. По приведувањето на насилникот, гласањето во Бојане продолжило.
Помали нарушувања на изборниот процес вчера биле забележани и на местото 2108 во тетовско Желино, каде што едно лице сакало да биде присутно додека гласа неговата сопруга. (Г.А.)
|