Број 3085  понеделник, 14 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Кошарка

Македонија на чекор до четвртфиналето на ЕП

Победа над Германија од 86:75 во вториот меч од втората фаза во Бидгошч

Македонската кошаркарска репрезентација успеа по втор пат на европското првенство во Полска многу бргу да се рехабилитира по еден стравичен пораз. Како по дебаклот со Грција во првичната група, така и сега по катастрофата од Франција, македонската репрезентација носена на крилата на својот капитен Врбица Стефанов успеа да воскресне и да слави во исклучително важниот натпревар со Германија (86:75).

Со овој триумф ги одржавме во живот шансите за пласман во четвртфиналето, а за тоа утре во третиот и решавачки меч во групата Е ќе треба да ја совладаме Русија. Клучот за победата беше нашата феноменална игра во третата четвртина, која по нерешените (36:36) на полувремето, ја завршивме со 12 поени плус.

Целиот гнев од неколкуте слаби шутерски дена незапирливиот Врба, во својот 64. натпревар за Македонија, го истури врз Германците. Постигна 25 коша со скор од 4/5 за три и 4/6 за два, а одлично ги разигруваше и своите соиграчи.

Никако не смее да се заборави и актерот на споредни улоги во минатите натпревари Димче Тасовски, кој реализираше важни поени токму во моментите во третата четвртина, кога ја градевме недостижната предност (вкупно 13).

И центрите беа на висина на задачата. Антиќ постигна 13 коша, Гечевски девет, а Џеремај Мејси уште еднаш со своите 16 коша покажа дека мора да добие поголема минутажа од Арсиќ. Како во нападот така и во одбраната овие тројца добро си ја завршија работата. Најефиксниот досега на првенството кај Герамнците Јагла беше „смрзнат“ на само пет коша, а за играта под сопствениот кош доволно говори фактот што им дозволивме на Германците само три офанзивни скока. Германците, кои заедно со нас важат за тим кој досега најмногу шутнал за три поени (120 пати) и на овој натпревар со тој елемент се обиде да не изненади. Но и покрај 11 реализирани удари за три не успеа во тоа.

Имавме вкупно 28 скока, а му дозволивме на противникот да има само еден офанзивен скок. јагала беше сопрен на само пшет коша. Фермерлин и Јагла

Германците успеваа дури четири наши водства од по седум разлика да анулираат. Но не и петтото, по кое следешеа 12 поени прердност на крајот од третата четвртина.

Македонија - Германија 86:75 (полувреме 36:36)

Сала: „Лужњичка“ во Бидгошч, гледачи:, судии:

Македонија: В.Стефанов 25, Мираковски 9, Соколов 0, Стефанов 1, Стојановски, Блажевски, Тасовски 13, Гечевски 9, Антиќ 13, Стојановски, Мејси 16, Самарџиски.

Германија: Штајгер 14, Шафарцик 10, Шулце 3, Олбрехт 12, Висоцки, Хаман 2, Грин 10, Плајс, Харис, Фемерлинг 13, Бенцинг 6, Јагла 5.

 


#
Статијата е прочитана 3217 пати.

Испрати коментар

Од: realist
Датум: 14.09.2009 07:55:06
Dosta ambiciozen naslov, no, za zal, so ogled na vcerasnite rezultati i rasporedot vo poslednoto kolo, bi rekol i nerealen.
Од: Ti si Makedonija
Датум: 14.09.2009 09:05:15
"Katastrofalnite" porazi do Grcija i Francija bea vkalkulirani odnapred, realno tamu nemavme nikakva shansa i energijata se shtedeshe za duelite kade mozeme da pobedime kako Izrael i Germanija. Za toa Arsic zasluzuva respekt, zatoa shto definitivno pokaza deka ja gleda golemata slika i imame odrzliv gameplan . Edinstvena(golema) greshka koja beshe napraven e katastrofalnoto vtoro poluvreme so Hrvatska. Da ne se sluceshe toa veke ke bevme vo cetvtfinale i smetam deka bevme mnogu losho vodeni vo vtoriot del protiv Hrvatska. Vo sekoj slucaj veke e napraven ogromen uspeh i so pametna igra protiv Rusija (se nadevam Mejsi ke bide iskoristen barem 30 minuti), so razigruvanje na centrite shto ke otvori pogolem izbor na formacii vo napad mozeme i da dojdeme do fantasticen resultat i pobeda nad aktuelniot evropski prvak
Од: toni
Датум: 14.09.2009 10:10:36
gledajki go natprevarot makedonija ii germanija samo mozam da kazam bravo momci vie zasluzuvate golemi pofalbi i publicitet bez razlika kako ke bide so rusite jas sum licno zadovolen kako igrate i bi bilo sramota i necovecki nekoj da rece nee vo red nesto toj sto ke rece sramota toj sam ne se saka pa kamoli nekogodrugi da saka BRAVO NASI SAMO HRABRO
Од: mile
Датум: 14.09.2009 10:53:01
realno e da se plasirame vo osminafinale no za toa e potrebno da ja pobedime rusija so povece od 7 poeni razlika, a hrvatska da ja pobedi germanija. Dokolku odigrame dobro vo odbrana mozebi i imame sansi
Од: suchi
Датум: 14.09.2009 11:11:35
kje bide epten teshko da se pobedi rusija, no da sme zdravi i zzivi. Vazzno da igraat dobro i borbeno kako sto igraa vcera. Se zeznavme so Hrvatska, ako ja dobievme kje bevme plasirani vo cervrt finale. Nema gajle, samo da igraat so srce. Napred MAkedonija!
Од: Igor-BT
Датум: 14.09.2009 11:45:03
Odlicno, cestitki za pobedata. Sega odime na Golemata Rusija, Evropskiot Sampion. Treba da se zaboravat porazite i sega da se dade se od sebe i so ladni glavi da se vleze vo natprevarot. Imame daleku pobrzi bekovi od rusite i toa ednostavno mora da se iskoristi, a nasite centri pokazaa deka mozat da se nosat ramnopravno so site selekcii na centarska pozicija. Do REALIST- sansite ne se izgubeni, naprotiv nie imame sosema dobri sansi za 1/4 finale, a tie se slednite : poraz na Hrvatska od Germanija i kakva bilo pobeda nasa protiv Rusite i vtora varijanta, pobeda nasa nad Rusija od +7 kosevi, sto znaci bez razlika na duelot Hrv - Ger , nie odime vo 1/4 finale. Vrba ke izigra kapitenski, a togas se e polesno... NAPRED MAKEDONIJA !!!
Од: Koljo
Датум: 14.09.2009 12:01:41
Bravo Makedonija ! Vo sledniot natprevar sto sleduva protiv Rusija,nema potreba od custvo na pritisok,igrajte pametno kako sto odigravte protiv Germanija.Kako i da ispadne ,vi posakuvame dobra igra i sreka a nie Makedoncite od sekade vo svetot ke navivame i ke ve podrzuvame na najdobar mozen nacin kako i dosega. Napred Makedonija vo srce ve nosime !!!!!
Од: Црноризец
Датум: 14.09.2009 12:46:40
Тоа што „Ti si Makedonija“ го пишува за вкалкулирани порази, само што ме насмеа до солзи, сеуште не можам да се совземам. Арсиќ, нема блага врска од кошарка, кој е он, што е он, што бил он за да биде на таква позиција денес? Единствена заслуга за двете победи имаат самите играчи и пред се Врбица Стефанов. А се додека македонските тимови се водени од некомпетентни Арсиќи, Јонузи и слично, Македонија ќе биде постојано само „на чекор до“ подиумите.
Од: Goran-Crna Gora
Датум: 14.09.2009 12:50:49
Momci,sekoja cest...Da li ja dobro razbiram...Morame da gi pobedime Rusite sa 7 poeni pa da vlezeme?...Taka li e?
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 14.09.2009 13:02:51
Ne mozam a da ne im cestitam na momcinjata. Istorija se. I samoto ucestvuvanje bi rekol za malata Makedonija koja lavovski se bori protiv drugite pogolemi i poiskusni reprezentacii. Nema mesto za nisto drugo osven za cestitki. BRAVO !!!!
Од: vesna
Датум: 14.09.2009 14:21:20
Секоја победа во било кој спорт е афирмација на Македонија. Меѓутоа би требало како земја да направиме нешто и за индивидуалните спортови, како атлетиката. Светскиот куп во Берлин ја стави Јамајка земја со 2,8 милиони жители на 2 место по освоени медали. Тие работат со младите уште од основно. Идеја за нас. За трчање треба патека и патики, за скокање стап или песок итн. Малку инвестиција, а младите корисно и здраво ќе се ангажираат. Инаку ми се згади од разноразни најави за избори за мис, квазиквизови, квазипејачи , водителки и други глупости. Иднината на младината е во спортот.
Од: sofi
Датум: 14.09.2009 14:28:09
Dali se svesti selektorot(ako taka moze da se narece) deka iskustvoto i maladosta ne odat zaedno.Toa, vprocem i se dokaza vcera.Pobedi iskustvoto, dobrata i hrabra igra na onie koi treba da ja branat cesta na Makedonija(vklucuvajki gi Cekovski, Dimitrovski i Ilievski), a ne da si igrame mizi-tatara............Hrabro momci, belkim nema da napravi greska selektorot so mladite i neiskusni...

Најди! во Утрински
Насловна
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров
Смртта на рударот
Зденко
Трибина
„Златен лав“ за израелскиот антивоен филм „Либан“
За Владата, рибата смрди од опашката!
Македонија не ги почитува целосно пресудите на Судот за човекови права
Кредибилитетот на ветеното
Лозарите на протест, ги бараат ланските цени
Забните матични клетки - потенцијален лек за дијабетес и мускулна дистрофија
Карикатура