Број 3085  понеделник, 14 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Забните матични клетки - потенцијален лек за дијабетес и мускулна дистрофија

Млечните заби наместо под перница или на покрив, во банка за матични клетки

„Утрински весник“, истражувањата за матични клетки што се земаат од забите траат седум години. Иако се релативно нови, сепак, резултатите од овие истражувања посочиле на нови примени на матичните клетки, како што е лекувањето дијабетес.

„Матичните клетки се основа на нашето тело, кои лесно се трансформираат и самообновуваат. Може да ги набљудувате како лист кој сакате да го фотокопирате. Иако во основа тие се во мирување, доколку дојде до повреда се размножуваат и може да се трансформираат во соодветниот вид клетки потребни за лекување на раната. На пример, доколку настане фрактура на коската може да се трансформираат во коскени клетки и да придонесат за полесно заздравување“, објаснува Мао.

Според Мао, луѓето не можат ниту да замислат дека во нивните заби постојат клетки што може да се изолираат и потоа да помогнат за лекување на сериозни болести. Меѓутоа, неговиот истражувачки тим во лабораторијата во „Колумбија“ дошол до заклучок дека забите се огромен извор на матични клетки. Поконкретно, нивните резултати покажале дека забните матични клетки се способни да се трансформираат во клетки, кои константно произведуваат инсулин. „Тоа значи дека можеби сме на добар пат да најдеме лек за пациентите со дијабетес. Пациентите со ваков проблем се' уште мора секојдневно, преку болна инјекција, да внесуваат инсулин. Доколку нашите истражувања вродат плод, со една хируршка постапка и со внесување матични клетки ќе може да се излекува дијабетесот“, вели Мао.

Денталните матични клетки, за разлика од оние што се извлекуваат од плацентата, може да се извадат на која било возраст. Најчесто се извлекуваат од млечните заби, но и при вадење на умниците на постара возраст, како и на забите пред ставање фиксна протеза. „Обично, извадените заби се третираат како медицински отпад. Меѓутоа, би требало да се земе предвид и нивното зачувување, сега кога веќе постојат научни факти дека матичните клетки во нив може да се искористат за натамошно лекување“, потенцира тој.

Покрај употребата за лекување дијабетес, денталните матични клетки имаат потенцијална примена за лекување на мускулната дистрофија. Експериментите со вакви клетки во модели на мускулна дистрофија покажале дека клетките се во можност да произведат мускулни влакна.

Во Македонија банката за матични клетки „Био технологија“, огранок на грчката „Криоџеномикс“, се занимава со изолирање и чување на дентални матични клетки. Клетките по изолирањето од забите ��е стерилизираат и се замрзнуваат, за потоа да се испратат во банката во Солун, која е опремена со соодветна технологија за чување матични клетки. Мао објаснува дека нема ризик за намалување на функционалноста на клетките при транспортот, поради близината на банките во Скопје и во Солун. Според него, доколку клетките се презервирани на соодветен начин, тие издржуваат транспорт и до 36 часа.

Џереми Мао потенцира дека постојано се работи на експерименти во полето на регенеративната медицина и секојдневно има нови резултати за примената на матичните клетки. „Засега, доколку имате инфекција земате антибиотици, додека, пак, ако имате повреда на ’рбетниот столб медицината единствено може да ви понуди инвалидска количка. Постои голема разлика меѓу третирање, лекување и целосно излекување. Цел на нашите истражувања, на регенеративната медицина, е наоѓање начин за целосно, а не само привремено решение за тешките болести“, додава професорот. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 1209 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров
Смртта на рударот
Зденко
Трибина
Македонија на чекор до четвртфиналето на ЕП
„Златен лав“ за израелскиот антивоен филм „Либан“
За Владата, рибата смрди од опашката!
Македонија не ги почитува целосно пресудите на Судот за човекови права
Кредибилитетот на ветеното
Лозарите на протест, ги бараат ланските цени
Карикатура