За денес е договорена нова средба во Владата на која ќе присуствува и вицепремиерот Владимир Пешевски
Ангел Данов
Неколку стотици лозари во саботата излегоа на протест пред винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци. Го изразија револтот од, како што велат, понижувачките цени што годинава ги понудија преработувачите за винското грозје.
Протестот за момент излезе од контрола, кога во управната зграда на „Тиквеш“ почнаа да влегуваат деловни партнери на оваа винарска визба од Хрватска. Настана мешаница. Гневот го насочија кон нив. Интервенираше полицијата и спречи посериозен инцидент. Откако лозарите сфатија дека кон погрешни луѓе го искажаа револтот им се извинија на гостите. Додека со полициска придружба ја напуштаа управната зграда гостите беа поздравени со аплауз. Кај три возила гневните лозари предизвикаа мали штети.
Градоначалникот Александар Панов најави дека за денес е договорена нова средба во Владата, на која ќе присуствувал и вицепремиерот Владимир Пешевски. Се' до конечното решавање на проблемите и враќање барем на ланските откупни цени лозарите остануваат на протест. Тие бараа министерот за земјоделство, пратеникот од Кавадарци, д-р Јован Гинев, и премиерот Никола Груевски да дојдат и одблизу да се запознаат со нивната мака, а не да крстосуваат само за време на избори.
Извршниот директор на „Тиквеш“, Ѓорѓи Петрушев, им кажа на лозарите дека решението на проблемот не зависел само од двете страни, туку оти било потребно да се вклучи и државата, а и дека со блокади не може да се дојде до решение. „Секогаш кога ’Тиквеш‘ прв објавувал цени бил обвинуван дека и ја диктира нивната висина. Затоа сега се воздржавме за другите и пазарот да ги формираат цените. Ние сме изложени на конкуренција, како и сите други, и не можеме да одиме спротивно на побарувачката. Слушате какви се цените за наливното вино. Ние годинава немаме политика да продаваме наливно вино. Продаваме висококвалитетно. Неколку пати објаснив за цената од седум денари, но спомнете дека има и 14 денари“, им рече на лозарите во дворот на винарската визба извршниот директор на ВВ „Тиквеш“, Ѓорѓи Петрушев.
За време на протестите капиите на „Тиквеш“ не беа блокирани од лозарите, иако од визбата се пожалија дека со протестот се попречуваат лозарите што имале покани да го предадат грозјето. Додека едни протестираа, имаше и голем број лозари што беа на лозјата и береа. Нивниот коментар е дека сега, во екот на бербата, не е најсоодветен момент за штрајкови, бидејќи ќе скапе родот. Повеќе од пет дена неколку десетици лозари со своите натоварени трактори чекаат да го продадат грозјето во селото Камен Дол. Се жалат дека големи количества од родот им пропаѓаат, бидејќи ширата од грозјето истекла од приколките, а грозјето почнало и да ферментира.
За пратеникот од Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Јован Гинев, биле неразбирливи нападите што на прес-конференција ги изнесе ОО на НСДП од Кавадарци. Тие го обвинија Гинев за незаинтересираност да им помогне на лозарите, бидејќи во парламентот не кажал ниту збор за маката на лозарите. „Владата нема да се откаже од натамошното посредување меѓу лозарите и винарите. Опозиционите партии да не градат политички маркетинг врз маката на лозарите“, порача пратеникот Гинев на прес-конференција.
Во посредувањето меѓу лозарите и винарите е вклучен и градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов. „На состанокот во Владата сите визби, освен ’Тиквеш‘ и ’Повардарие‘, најавија дека ќе ги вратат ланските цени. Најавено е и зголемување на количествата што ќе бидат откупени. Има надеж оваа година да ја спасиме бербата, а за наредната година ќе се донесе закон за вино, со што многу работи ќе се регулираат“, истакнува Панов.
Gosp. Petrusev izjavi deka imalo ceni i od 14 den za kg Vranec,Vranec ne moze da dostigne sekerna vrednost poveke od 22 promili.Za da se fati 14 den za kg Vranec treba da ima 30 promili sekernost,sto e nevozmozo.Lani predadov Vranec so 20.5 promili sekernost vkupno so vladinite subvencii dobiv 15.5 den za kg.A ovaa god so istiot kvalitet ke dobijam najmnogu do 11 den za kg.Sto e nedovolno za da gi pokrijam trosocite,za dobivka da ne zboruvame.
Од: Kimov Trajko
Датум: 14.09.2009 07:27:38
Vo pravo se lojzarite. Si gi dadoa svoite pari za troskovite na vinovata loza i sega neni treba vaseto grojze ili ke go zemime po poniska cena od lani. Dokolku nego resat problemot mozno e dago dignat vo vazdux podrumot za vino.
Од: kris
Датум: 14.09.2009 07:48:11
Ne sekirajte se LOZARI !!! Eve Grujo sprema novi izbori pa ima sansa da vi frli nekoja koska i da ve podzalaze... OSTVARUVAME... veli nasiot Grujo......
Од: Цацко
Датум: 14.09.2009 08:27:32
А тој наш пратеник кој што тврди дека работел многу во комисиите, што сработил за овие три години во тие комисии?? Тој е пратеник од Кавадарци и едино нешто што се очекува од него во парламентот е да зе заложи за цената на грозјето. Што сработил за овие три години на ова поле.
Од: do lozarite
Датум: 14.09.2009 11:37:04
Steta sto nema komentar Anita od Kavaarci no jas mislam vaka pricekajte ke ima izbori na Grujo mu trebaat 81pratenik za da moze da odlucuva i togas ke imate svetla idnina kako i mlekarite koj ovaa vlada gi tepase po ulici im go ukrade mlekoto gi donese do prosjacki stap a tie pak glasaa za Grujo e dragi moi kakov narod takva vlast i nema tuka lutenje.Svesni li ste deka vi isporacuvaat veke 3 g lazni i neostvarlivi vetuvanja,pa gledate li deka ako edno ti dade ke se falat ke se slikaat a koga 2 ti zema nigde gi nema i ke kazuvaat deka toa e sekade taka,e dodeka ne svatite deka ovoj Grujo e najgolem manipulant za sto treba kapa da mu simnat site dosegasni premieri nie samo ke toneme idnina nema.Zatoa vi predlagam dvapati da razmislite za kogo ke glasate od lazni vetuvanja leb nema,podobro vrapce vo tavce nego gulab na granka,tocno so vasi pari vi kupija prtokalovi maici i sega gi nosite a neste svesni deka toa treba da go platite e racunot stigna um vo glava .
Од: јас
Датум: 14.09.2009 11:40:44
Дали лозарите чуле за пазарна економија?Или уште „опинаат“ по старите социјалистички мерки?
Ако мене не ми се исплати да го откупам грозјето по некоја цена , никој жив нема да ме натера да давам повеќе пари !!А вам ако не ви се исплати да го продавате по таа цена, повелете , барајте купувач со повисока цена, а не да штрајкувте пред винариите за повеќе пари..
Од: tode
Датум: 14.09.2009 11:56:43
Gospoda vie ste privatnici i ako sakate prodavajte
ili ne prodavajte po taa cena, a vizbite se isto taka privatni, pa ne gledam sto ima vladata so vas sem da ve subvencionira.
P.S. moze da go donesete i na pazari, pa da go izedeme za 11 denari , nego ve Mrzi gospoda seljaci, so dva traktora grozje sakate nova skapa kola i stan vo skopje.
Од: кавадарчанец
Датум: 14.09.2009 12:12:32
Овој пратеник Д-р Јордан Гинев е оној што ги бранеше насилниците од плоштадот во Скопје кои ги тепаа студентите,демек- спонтано се собрале- насилниците.Внимавајте лозари и вие да не го оберете грозјето (ќотекот) од истиот пратеник.
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 14.09.2009 15:53:15
Jas mislam deka cenata ja diktira SDSM,a VMRO-DPMNE moze samo da ne gi ispolmi vetuvanjata bidejki cel svet e soocen so ekonomska kriza ,kako jas ja sledam situacijata vo ovoj problem ,kako prvo treba da se napravi komisija od strana na lozarite i da se utvrdi da li vizbite navistina imaat golema zaliha na vino ,ako e toa taka posle treba da se pravat sekakvi pregovori za cenata na otkupot i da baraat pomos ot vladata na RM ,KAKO MPOZEN PLASMAN VO DRUGITE DRZAVI,POTOCNO REGIONI STO JA OPKRUZUVAAT RM,no sepa toa treba da go napraveja mnogu porano ,a ne sega koga e najvznata zadaca -berbata ,sepak vladata ke napravi se ,no nemoze se odenas ..POZZ ORCE MAKEDONSKI strucnjak po vinarstvo i lozarstvo ,ODBRANA NA DIPLOMSKA RABOTA ZA OVOJ PROBLEM-KE SE RESI
Од: vvv
Датум: 14.09.2009 15:56:30
Ja gledam slikava i ne mozam da se iznacudam.Kordoni policija!!! Samo zatoa sto nekoj si go bara ona sto go zasluzuva. A kade bese ovaa ISTA policija koga nekoi samoinicijativno i nasilno go zazedoa medicinskoto uciliste vo Skopje???? Togas ne vidovme nitu eden edinstven policaec. SRAMOTA!!!
Од: pravda
Датум: 14.09.2009 18:33:15
Koga ke gi procitam komentarite na partiskite plukaci i poltroni a nemaat vrska sto komentiraat mi se kreva kosa na glava, sto se nepismeni i neuki mozat da ti go upropastat i zivotot i drzavata ne sum bil svesen do sega.Slusajte be bagro partiska,toa sto ekonomijata e pazarna ne znaci deka drzavata ne se grizi za plasmanot na proizvodite nadvor vo bel svet (naprotiv se secavate li koga strajkuvaa francuskite i britanskite zemjodelci),drzavata ne se krizi kolku ke proizvedes tuku so cel da go namali deficitot vo razmena so drugite drzavi se trudi domasnoto proizvodstvo da go izveze najmnogu sto moze,ama ovaa vlada nitu znae nitu moze zatoa zboruvame deka sme izolirani.Procitajte ja vasata programa-gradena,dogradena,nadgradena,pogrebana i ke vidite deka jasno pisuva deka ke otvorat Agroberza za zemjodelskite proizvodi ama ja nema ,sigurno madinjata na Aleksandar se povazni od nea,zatoa nemoj da ne ucite sto e pazarna ekonomija tuku sednete i vie naucete oti ste nepismena bagra