Број 2863  вторник, 16 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Црна Гора побара членство во ЕУ

Поранешните југословенски републики ги бараат европските вредности

Ѓукановиќ, Рен и Саркози во Париз

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Владата на Црна Гора вчера аплицираше за членство во Европската унија, како четврта држава од просторот на бивша Југославија и трета од регионот што се стави на листата на чекање на Брисел, по Хрватска и Македонија.

Иако со месеци француското претседателство вршеше притисок врз Подгорица да не го стори тоа, ветувањето од Ирска дека ќе има втор референдум ја одмрзна климата во Брисел спрема оваа земја. Еврокомесарот Оли Рен вчера ја поздрави апликацијата како „историски пресврт“ за земјата во правец на воспоставување на заедничките европски вредности или, поедноставно, во европеизацијата. Според него, Европската комисија е подготвена да изработи мислење за апликацијата што ќе го упати на одлучување на лидерите во Советот, нешто што како процес вообичаено трае околу една година. Притоа, Рен оцени дека Црна Гора направила важен прогрес и во неа има силен консензус околу прашањата битни за успех на патот кон ЕУ.

„Европската перспектива на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Црна Гора, е важна за стабилноста и просперитетот на регионот“, рече Рен, кој речиси сигурно нема да биде еврокомесар за проширување во наредниот мандат, но најавува одамна дека идната година ќе биде клучна за прогресот на регионот кон Унијата, нешто што се' поочигледно се однесува на сите, освен на Македонија. Црна Гора изминатата година стана мека на рускиот капитал и покрај ЕУ-ориентацијата и таквата состојба не остана незабележана од Брисел, па имаше и реакции во смисла како сака да стане ЕУ-членка ако и' ја распродава територијата на Русија.

Наскоро на листата на кандидатите, најверојатно, ќе се приклучи и Исланд, кој по финансискиот крах и речиси тоталниот банкрот доби охрабрување од ЕУ да аплицира за членство како начин трајно да се спаси од кризата. Процените се дека Исланд би можел да стане членка на ЕУ во 2011 година, практично во исто време со Хрватска, која треба да ги заклучи преговорите до крајот на идната 2009 година, а потоа да ја чека ратификацијата.

Во Брисел очекуваат по Црна Гора мошне брзо и Албанија да аплицира за членство некаде во текот на првата половина од идната година, чија кандидатура може да ја турка фактот дека веќе е членка на НАТО. Како отворена карта останува Србија која има привилегирани понуди и статус во Брисел, но Белград никако да ги реши прашањата што го кочат, така што и покрај навестувањата од ЕК дека до крајот на идната година може да добие кандидатски статус, сега не е јасно ни кога ќе аплицира. Тоа значи дека Србија може за една година да го добие тоа што Македонија го чекаше од 2001 до 2005 година, откако ја потпиша Спогодбата за асоцијација и стабилизација, што Србија ја има, ама се' уште со стенд-бај статус, односно не е активна додека не биде предаден Ратко Младиќ во Хаг.

Во работењето со Балканот, всушност, Брисел покажа невидена политичка инвентивност и јасна порака дека ниту едно правило и процедура не важи ако во моментот има друг интерес во Унијата. Односно да се забрза или забави евроинтеграцијата на некоја држава, што се гледа од потезите кои во одредени интервали ги влечеше Комисијата за да го држи целиот регион назад, а сега прескокнува фази за да го турне напред во однос на земјите на кои не им се брзаше којзнае колку да дојдат пред вратите на Брисел.

За потсетување, специјално за балканските земји ЕУ го измисли регионалниот пристап во 1997 година, за три години подоцна да измисли нова категорија, не кандидати туку „потенцијални кандидати“ за членство, а во согласност со тоа неколку месеци подоцна да ги промовира новите спогодби за стабилизација и асоцијација. Македонија е жртва на сите овие политички иновации, а како што се одвиваат настаните, ќе доживее уште некои други, со големи шанси идната година, место перспектива за членство, да добие само визна либерализација. Ако продолжи нашата интеграција со ова темпо, големи ќе бидат шансите Македонија да заврши во муслиманскиот пакет, кој формално не постои моментно, но се исцртува се' повеќе како можност, со Албанија, Косово и БиХ како последни во последниот бран на проширување на ЕУ.


Статијата е прочитана 282 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 16.12.2008 00:48:19
radje c,he evropa da stigne crnoj gori -nego da crnogorac stigne u -evropu......samo ne mi e jasno dali ke gi primaat kako naselba ili ,,varosh,,?
Од: sani
Датум: 16.12.2008 01:27:32
samo na hunzite ne im treba ni nato ni eu; ke im se skrsela kicmata. vaka koga placat za vizi pred ambasadi im e ispravena. no ne e samo vizite zaradi koi se bitni integraciite. tie spored mene se najmal problem ama koj da razbere. nieden od aktuelnava postava nema den raboteno na eu i nato problematikata i ne ja razbiraat i uplav imaat od istata. bashka se nepismeni pa gi perdashat strancive kako ke stignat, ama tie ne ja gledaat greshkata vo sebe, spored niv strancite imaat knishki vo sdsm; pa dajte im vmrovski kniski neli ste popametni
Од: marjan-viena
Датум: 16.12.2008 01:47:56
znaete li zosto crnogorcite ne go biraat poveke momir bulatovic za pretsedatel? covekot im vetil deka site ke gi vraboti.
Од: evropska hipokrizija
Датум: 16.12.2008 16:21:55
Ete ti go pravoto i zakonitosta koja gi propagira Evropa. Namesto da go upasat eden od najgolemite tobako sverceri, g-dinot Djukanovis , a Oli Ren i Srakozi go primaat kako visok drzavnik i pocesen gostin. Ete toa se vika evropska hipokrizija i beda

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Verbatim
Споменик и за Аларова
Станишев се подбиваше со Македонците во Бугарија