Број 2863  вторник, 16 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Станишев се подбиваше со Македонците во Бугарија

Лидерите на ОМО „Илинден“-ПИРИН не сакале партијата да се регистрира, тврдеше бугарскиот премиер

Тамара Грнчароска

Македонскиот премиер Никола Груевски остана безгласен за прашањето на правата на македонското малцинство во Бугарија и за регистрацијата на нивната политичка партија ОМО „Илинден“-ПИРИН откако бугарскиот премиер Сергеј Станишев вчера во Скопје изјави дека Бугарија ги исполнила одлуките на Судот во Стразбур околу ова прашање и дека „таа и да се регистрира, на изборите ќе добие многу малку гласови“. Скандалозна беше изјавата на Станишев дека лидерите на ОМО „Илинден“-ПИРИН, всушност, не сакаат да се регистрира партијата, „бидејќи тогаш нема веќе да бидат интересни“.

„Лидерите на таа организација не сакаат да ги исполнат условите за регистрација за да бидат во центарот на вниманието, инаку нема да бидат интересни“, рече бугарскиот премиер. Станишев го повтори својот став дека не постои политичко влијание врз регистрацијата ОМО „Илинден“-ПИРИН и дека регистрацијата е во рацете на бугарските судови. „Ако мислите дека некој политички е загрижен од регистрацијата од ОМО ’Илинден‘-ПИРИН, во заблуда сте“, изјави бугарскиот премиер..

Груевски, кој додека Станишев одговараше на новинарско прашање за ОМО „Илинден“-ПИРИН, само кимаше со главата, не даде никаква изјава поврзано со положбата на Македонците во Бугарија, но го премолчи и прашањето за пробугарската партија „Радко“ во Македонија, чија регистрација се' уште се наоѓа пред македонските судови.

Македонскиот премиер не одговори ниту на нападот на бугарските новинари и на својот бугарски колега врз македонските медиуми дека тие шират омраза спрема Бугарија и, како што рече Станишев, дека „некогаш пишувањето во медиумите влева отров во односите меѓу двете земји“. „Во двете земји постојат медиуми и политички сили кои го бараат она што не' дели, а не она што не' поврзува. Верувам дека добриот однос од Бугарија се' повеќе ќе има реципроцитет од другата страна“, рече Станишев. Груевски изјави дека Владата не поддржува никаква кампања на ниту еден медиум во однос на Бугарија. „Медиумите се независни и не можеме да влијаеме врз нив. Треба да се внимава на кажаниот збор“, изјави Груевски.

Груевски и Станишев, меѓу другото, вчера ја потенцираа добрата соработка меѓу двете земји и на економски и на политички план, во заедничките изјави за медиумите кои започнаа 20 минути пред закажаниот термин, во отсуство на речиси сите македонски медиуми, но во присуство на бугарските новинари. Притоа, тие ја пофалија постојаната нагорна линија на економската соработка, за што вчера беше потпишана и Спогодба за економска соработка меѓу двете земји од страна на министрите за економија на Македонија и на Бугарија. Груевски за економската соработка рече дека од 1999 година досега има зголемување на економската размената меѓу двете земји за 15 пати. „Се надеваме дека ќе постигнеме размена од една милијарда долари“, изјави Груевски.

Во делот на економската соработка, Станишев ја потенцираше бројката од 36 милиони евра директни бугарски инвестиции во Македонија, но и проектите во рамки на Коридорот 8, особено изградбата на патната и на железничката инфраструктура кон Бугарија и кон Албанија.

Прашан за вклучување на Македонија во проектот за нуклеарката „Белене“ во Бугарија, Груевски рече дека се прават анализи и се разгледува дали на нашата земји ќе и' одговараат условите или не.

Политичката соработка беше оценета како добра од двајцата премиери, при што Груевски изјави дека е задоволен од развојот на меѓусебните односи. Станишев изјави дека Бугарија на Самитот на НАТО во Букурешт инсистирала по решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција, да нема потреба од нов самит за Македонија да биде примена во Алијансата. „Уверен сум дека од интерес на Македонија е спорот поскоро да биде решен“, рече Станишев.

На прашањето за обнова на гробиштата на бугарските војници, Груевски рече дека Македонија ги почитува меѓународните правила за уредување странски гробишта, но нагласи дека нашата земја смета на реципроцитет околу тоа прашање.

Станишев вчера имаше средба и со македонскиот претседател Бранко Црвенковски, на која заеднички оценија дека меѓусебните односи се добри иако постои простор за интензивирање на соработката. Црвенковски му пренел на Станишев дека Македонија „и натаму очекува јасна и недвосмислена поддршка за нашите евроатлантски интеграции“ од Бугарија. Бугарскиот премиер вчера се сретна и со спикерот на македонското Собрание, Трајко Велјановски.

Коинциденција или смислено, еден ден пред посетата на Станишев на Македонија, неговиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивајло Калфин, во интервју за софиско „Ехо“, изјави дека „постои потреба од паметно лидерство за Македонија да го реши спорот со името со Грција“. Според него, Македонија ја пропушти шансата да се вклучи во европските и НАТО-интеграции. „Мислам дека проблемот со името беше решлив и дека по Самитот на НАТО беше возможно да се направат одредени позитивни чекори во следните неколку месеци“, изјави Калфин, според кого, наместо подобрување на ситуацијата, таа „дополнително се влоши кога Македонија излезе со нови барања“. „Тоа не и' помага многу на земјата, но тоа е избор на Македонија“, смета Калфин.

Тој верува дека е возможно да се најде прифатлив компромис околу името, „но имаме, настрана од спорот со името, барања околу идентитетот, јазикот, барање од страна на Македонија во врска со малцинство во Грција итн., сите овие дополнителни прашања што се изнесени на маса оваа година од страна на Македонија не се од помош“.


Статијата е прочитана 5305 пати.

Испрати коментар

Од: Vistina
Датум: 16.12.2008 00:16:01
Nazdravje Makedonci neka nie, Vladava si go pokaza vistinskoto lice, zamislete po se izgleda sme bile blgari, ako toa na Ljubco ne mu uspea, sega blgarskata vlada po tackicki pristapuva na problemot pa so populisticki soveti ja vodi nasata ni vlada Pa kaj da e ke ni soopstat deka nema Evropa, nema Nato ama Bugarija ni e tuka pa toa e neli !!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Todor
Датум: 16.12.2008 00:28:04
Podrzhuvanjeto na OMO ilinden samo kje gi vloshi odnosite so Bugarija, a nema da pomogne na makedoncite vo Bugarija, bidjki 99 procenti od niv se chuvstvuvaat bugari.
Од: commanddevil
Датум: 16.12.2008 00:33:33
ee se sobraa drustvoto na dpmne...se bugaras do bugaras...samo im falese i onoj pisacot -ljubco da bidat komplet..za omo ilinden ne e problem ..mozebi dpmne sakale da otvorat filijala vo sofija...vidi gi samo kakvi faci se na slikava pa ke ti e jasno--procitaj gi nivnite biografii-uste pojasno
Од: itar pejo
Датум: 16.12.2008 01:20:27
b'lgarino vi kaza deka OMO-Ilinden ne saka partija, ama b'lgarite im pomagaat, ama makedoncite nejkele! Ajde, bre! Samo koj budala ke vi poveruva?
Од: marjan-viena
Датум: 16.12.2008 01:32:48
da kazese gruevski nesto kontra vo ovoj slucaj,ke go obvinevte deka predizvikuva diplomatski skandali,ili pak deka ja zagrozuva ,,evropskata idnina,, i clenstvoto vo nato-bandata.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 16.12.2008 03:32:37
M A K E D O N I J A e pogolema od site negatori zaedno. Samo edno ne zaboravajte - Majkata na Isus bese Marija od Ptolomej ( Makedonska ) dinastija. Toa sto ne sme golemi vo momentov ( a ce bideme ) e kazna poradi ubivanje roden brar, tatko ili najblizok za da se dostigne do moc, vlast i slava, t.e. Maedonski sindrom na alcnost i samounistuvanje... a koga kaznata ce pomine, ce vidat site sto e Makedonija.
Од: МК
Датум: 16.12.2008 03:45:49
Се насобраа комунистите и атакуваа со коментари минути после утрешното интернет иэдание на Утрински. Како эа пример треба да се эапрашаат эошто Бранко Црвенковски како претседник на Македонија не го постави прашањето эа Македонското малцинство во Бугарија. Веднаш ваш прв эбор е Никола Груевски. Како? Груевски! Кој? Груевски? Бранко ? не Груевски! Второ Црвенковски и Сдсм беа 12 години на власт и ниту еднаш не ги отворија прашањата эа дискриминацијата на Македонските малцинства не само во Пиринска туку и во Егејска Македонија и мала Преспа. Само эа потсетување Никола Груевски беше првиот наш премиер кој што ги отвори егејските егэодуси на децата беглаци и нивните проблеми со грчката влада и на денешните етнички Македонци кои што живееат во Егејска Македонија. Затоа вашите критики нетрпат по што се неэаосновани и эаблудни. Но тоа не эначи дека оваа влада на Вмро Дпмне е перфектна. Можеби би требало повеќе да се эаинтересира и да поработи по дипломатски кругови эа Македонците од Пирин.
Од: srcev bolesnik
Датум: 16.12.2008 03:59:13
nemojte za ljubco bugarot ikonata na vmro, po nego bea isto vaka zashemeteni i shashardisani, ama frc on ni zatvor ni butur. a za bugarive srce ke mi pukne. se sekavam koa ni doagaa ne molea za mastiki i farmerki pa gi peglaa farmerkite so shav u sredina a sega ne tapshaat demek poddrshka od zemja jaka. e ke puknam ama so ovaa vlast ke docekame i kosovarite utre da doagaat vaka da ne tapshaat a do vcera plemenski ziveeja . of
Од: dragan
Датум: 16.12.2008 05:22:34
ne mi e jasno sto ima tolku prostiot narod vo Makedonija protiv Bugarija. Sto ima da se meshame vo tudji dvorovi , ako nashiot e za nikade. Prostaci samo okvalifikuvaat , kako bugarin srboman, a nikoj nikade ne kaza nisto za albancite. cuknete gi tie tikvi malku ii bidete realni. Nikoj od bg ne e doshol tuka da vi bara nesto i da vi nametnuva nekoi uslovi. Glupaci kako karakacanov i ostanati jadni dushi gi ima sekade . A za novinarite , posebna prikazna. i za Bg i za MK ne znaat kakva glupost da napishat
Од: ОМО Ilinden PIRIN - zasekogash
Датум: 16.12.2008 05:29:24
Баш ми е драго да го слушам г-нот Станишев како ја презентира бугарската сиромашна пропаганда. Кога нема аргументи може да користи само ароганција. Знае дека се уште се задолжени да ја исполнат пресудата на Страсбуршкиот суд и да ни вратат одземената регистрација! Знае дека не ние си ја нарачавме сами полицијата да врши тортура над нас, и тоа повеќе пати. Но и знае дека нема да сопреме се додека не ги добиеме нашите права. Зашто Македонија е на Македонците, и тоа го признава и мајка ти, г-н Станишев!!!
Од: Kocin-Sydney
Датум: 16.12.2008 05:43:23
Dosta so gluposti moi Makedonci. Malku treba trezveno razmisluvanje. Ne samo Vladata nechini. Na Kalfin mu odgovara da ja kritikuva Makedonija za propushtenata shansa ama na Kalfin mu odgovara da go izgubime identitetot toa shto go baraat Grcite po sekoja cena. Treba da se razbere nas identitetot ni e povazen i od NATO i od EU, bez identitet ke bideme nikoj i nishto!!!
Од: ljupco,bitola
Датум: 16.12.2008 06:08:42
Ако Груевски изреагираше како што треба на провокациите ќе беше нападнат од истиот овој медиум за создавање на нови непријатели на Македонија.Затоа што за прв пат ги спомна правата на Егејците во грција,беше прогласен, безмалку, за државен непријател.Па крајот не ви се наоѓа.
Од: kemba
Датум: 16.12.2008 06:20:27
Неможам да сватам како можи некој прво да ги гледа работите што не разделуваaт а не обратно, или тоа намерно го прави? Зарем негледаме дека од осамостојувањето преку 2001г. па до денес само Бугарија е подава раката секогаш кога сме пред давење,итоа сега како членка на ЕУ и НАТО. И упорно некој се обидува да ни каже дека нетреба да ја прифатиме во услови на Грчко-Европска изолација.Многу сакам да ја видам како сите Македонци, ОМО илинден регистрирана.Но треба да се направи разлика помегу Грчката дискриминација каде во Бугарија не е ни 1% во споредба со Грција.За крај што по мене е најбитно само со таков сојузник, на обединетиот Албански фактор нема премногу да му работи фантазијата.
Од: trpe original
Датум: 16.12.2008 07:41:45
Pa, tolku ni vredi drzavata i drzavnicite. Sekoj gostin se podbiva na nasa smetka vo nasa kuk"a! Dali sme mazohisti? Nemame nitu ponos nitu cest. Pa, svitkana sija sabja ne ja sece! I, najinteresno e sto za seto se vinovni odredeni mediumi. Eh, tie novinari (neprodadeni). Sram da im e sto mislat poinaku od Firerot. Pa ke gi tuzat, pa i ke gi osudat po kratka postapka (toa se vika prek sud). Ili da se prodadat na Velija, na BS i slicni.
Од: simbioza
Датум: 16.12.2008 07:55:06
Bravo za izvestajot ! Korektno,tocno,opsirno..... Vo drugite vesnici nitu zbor za OMO ILINDEN ?????
Од: Goran
Датум: 16.12.2008 08:02:04
Se soglasuvam celosno so Todor. Sum bil mnogu pati vo Pirinska Makedonija (Bansko, Blagoevgrad, Petric, Sandanski) i ne sum sretnal nisto drugo osven lugje sto se cuvstvuvaat Bugari. Tie samite kazuvaat deka OMO ilinden se tvorba na KOS so 50 lugje koi za da pravat problemi meggju dvete zemji zemaat solidna plata. Kolku lugje se cuvstvuvaat Makedonci dokaz e tokmu Stanisev - cist Makedonec, a premier na Bugarija i po cuvstvo Bugarin!? A da ne sme izlazani nie eve vekje 60 godini?
Од: Благоја
Датум: 16.12.2008 08:11:35
Па како да не премолчи кога тој што зборувал му е шеф.Да климаш со главата додека некој зборува значи дека со него и се сложуваш.Да не ни беше народов толку недоветен Груевски не ќе можеше да му продава патриотизам,скраја пак и да биде толку омилен вожд.Ова е само реприза на случајот со Георгиевски.
Од: Kuzman
Датум: 16.12.2008 08:18:03
Makedoncite se faktor koj ne bega nikade i Bugarija i Grcija mora da se soocat so toa. Kolku da im stvara toa bolka, realnosta e Makedonci postojat DENES, tie se makedonski Makedonci, ne grcki ili bugarski, sakaat da bidat samostalni i imaat pravo da bidat samostalni. Golema podrska za politikata na Gruevski i mladite okolu nego, konecno liderstvo koe se bazira vrz osnova na pravata na obicniot Makedonec pokraj pravata i na drugite.
Од: pameten
Датум: 16.12.2008 08:21:17
"Станишев се подбиваше со Македонците во Бугарија". Stanishev e Makedonec vo Bugarija! Takvi kako nego ima povekje od Makedoncite vo R.M! Mozhe da sporime do sabalje koj e roden i koj otroden. No fajde nema! Makedoncite koi se osekjat kako del od Bugarskiot narod i Makedoncite koi se osekjame kako poseben narod mora da se pomirime. Sporot e skolastichi. Malku pred Turctte da vleznat vo Konstantinopol Vizantijcite sporele kakov e polot na angelite!
Од: Vojslavec
Датум: 16.12.2008 08:55:03
Gi citam komentarite i i i nisto novo samo 10% logicni smireni normalni a ostanatoto za psiho analiza i toa ti e Makedonija .A za Grujo mozam da napisam :se obiduva da izgrade nesto .... posle 20veka rusenje..Pa procenete sami sto covek e..Ama ima vreme mlad e..sepak imam pozitivno mislenje .....taa pozitiva dovaga sama po sebe ....posle tie negativi sto pominaa ..Pozdrav za site Makedonci na planetava..
Од: Ano Nimen
Датум: 16.12.2008 09:02:58
Dole vlada!
Од: makedonce
Датум: 16.12.2008 09:07:04
nekoj ovde komentira deka bil vo pirinska makedonija, i deka tamu site bile bugari, jas bev vo sofija 1993i sretnav edno mlado dete na 20 godini bas od pirinskiot del na makedconijai toa rece deka vo pirinsko samo nekoj izrod e bugarin , i toa eden negov prv bratuced mu dale rabota vo policijata i se kazuval bugarin a site drugi rodnini makedonci...ete kolku burari imalo vo pirinskoo samo eden :))))
Од: Hunza
Датум: 16.12.2008 09:21:33
„На прашањето за обнова на гробиштата на бугарските војници, Груевски рече дека Македонија ги почитува меѓународните правила за уредување странски гробишта, но нагласи дека нашата земја смета на реципроцитет околу тоа прашање.” Stvarno se zbogatuva makedonskata istorija kata den ... Koga bila sozdana ARM, koga uspeala da vodi krvavi bitki vo Bugarija, pa da ima voeni grobista tamu ... Mislam da avtorot na vakvo otkritie sekako zasluzuva zaclenuvanje vo MANU.
Од: Бојан
Датум: 16.12.2008 09:29:06
Сергеј Станишев воопшто не се подбиваше со Македонците од една едноставна причина што и тој е Македонец од Струмичко. Во право беше за тоа што го кажа за ОМО Илинден. ОМО слободно може да се регистрира како културно здружение и да ги бара истите права, но тие не сакаат. И уште нешто, ние немаме право да кажуваме кој е Македонец во Бугарија. Не можеме да им го ускратуваме правото на над 2 милиона граѓани на Бугарија кои имаат македонско потекло да бидат Македонци, а ние за Македонци да ги сметаме само 5-те илјади Омовци. Македонците во Бугарија не се малцинство, туку се мнозинство, ги има повеќе отколку кај нас во РМ. Тоа што после 1945 година ние и тие имаме различни гледишта околу некои нешта не го менува фактот дека ние сме иста крв, еден народ.
Од: Трпе
Датум: 16.12.2008 09:47:21
Господинот Рејтинг се плаши од поголемиот брат.Па тоа е и нормално човеов нема други пријатели.Што би станало ако се скара и со бате.Зарем не знаеше да каже дека во Македонија и помали партии имат пратеници во собранието.Требаше да му каже дека во Македонија живеат гласачи за во Бугарија (60 до80 000 ) со бугарски пасоши.
Од: citatel
Датум: 16.12.2008 09:53:17
omo ilinden, treba citatelite da znaat za pretsedatatelot na omo ilinden deka se 5 braka, 4 se cuvstvuvaat bugari samo eden e makedonec
Од: zelezara
Датум: 16.12.2008 10:00:16
Do Kocin-Sidney.Lesno ti e tebe da komentiras i da ja branis vladata od Avstralija.Znaes li ti vo kakva drzava ziveeme?Najsiromasna drzava vo evropa sme a ti ke mi kazuvas ne ni trebalo Nato i EU.Epa gospodine od Sidnej so sto evra plata trezveno ne se razmisluva tuku nemoze da se svre kraj so kraj.Zatoa ke ve molam daj vie od diasporata nemoj da ni solite pamet i brkaj te si ja rabotata
Од: Cezar
Датум: 16.12.2008 10:22:58
'Se soglasuvam so Dragan: Sto tuku se mesame vo racistuvanje tudji dvorovi, a nasiot dvor e " berbat" . De se pletkame so "OMO Ilinden", de so "Vinozito", a kaj nas ne se znae koj jade i koj pie, Ludje osomniceni za zlocini primaat plata od Parlament i ne mozat da se dovedad na sud. A onaj Ace od Avstralija sto tresi "zeleni." Kade procital deka Marija bila od semejstvoto Ptolomeevi. Pa procitaj gi Evandjelijata po Mateja, Marko , Luka i Jovan i ce ti stani jasno deka taa bila evrejka. Tatko i bil Joakim a majka i Ana. Od vakvi " zeleni" istoricari kako Ace i Gospod -Bog ce go proglasime deka e od makedonsko poteklo. Pa dosta e so tresenje "zeleni" , Cel svet ni se smee.Se sto postoi vidno vo istorijata go proglasivmeso makedonski koreni. Ne znam kako uste Gaj Julie cezar i Hanibal ne gi proglasivme makedonci. No ima vreme.
Од: Marina
Датум: 16.12.2008 10:30:52
„Ако мислите дека некој политички е загрижен од регистрацијата од ОМО ’Илинден‘-ПИРИН, во заблуда сте“ Ako Stanisev ne e zagrizen nema ni da spomnuva vnatresno politicki problemi od Bugarija vo stranska drzava, ama e zagrizen i samo saka da go isprovocira Gruevski i site nas, i da ne iskara za toa sto nekoj vo negovata drzava ne e zadovolen od nego. Stanisev da si ja bara vinata za Bugarskite problemi vo Bugarija, a ne da bara kaj komsijata da mu gi resi problemite. Bravo Grujo nema potreba da reagiras za nesto sto ne te zasega. ОМО „Илинден“-ПИРИН, всушност, не сакаат да се регистрира партијата, „бидејќи тогаш нема веќе да бидат интересни“ Stanisev ne zamaraj ne so problemite tvoi koi nie kako gragjani na Makedonija ne mozeme da ti gi resime, nie NE ziveeme vo Bugarija!
Од: ljupco,bitola
Датум: 16.12.2008 10:58:50
Majcica Blgarija e sekogas so nas, za razlika od Srbija koja ni vrti grb po potreba.Nie nikogas nema da gi sakame Bugarite,tolku,kolku sto ne sakaat i ljubat tie.
Од: Branko M
Датум: 16.12.2008 11:00:39
Bravo za Ace od Avstralija, stanishev si ja pokaza svojata glupost i nekultura. Samo da go podsetam deka i balkanskiot diktator S. Milosevic, vikase deka nema drugi naciji osven srpska i se vide do kade go dovede narodot. A aramija kako sto se stanishev i Co, treba da se pokrija so usite i da se zamija pred da oda vo Brisel oti na EU od niv veke mu se povraka.
Од: bucuk
Датум: 16.12.2008 11:00:50
...se sekavam koa ni doagaa ne molea za mastiki i farmerki... Da , ama togas bese Jugoslavija, bucuk!
Од: srebre
Датум: 16.12.2008 11:59:15
komentarive dragi sonarodnici vi se nula se crno gledata a milijarda dolari razmena e 15pati povece od pred 10god ni zbor nemate demek goran bil 100pati bo bug nese cuvsvuvale bugari pa jasno sekade pa i vo bug se vrsi asimilacija a zosto turcite vo bug 1milion sto im gi smenija iminjata nesi gúi povratija svoite turski iminja?i tie li se bugari?ili cista asimilacija?a i jas sum bil 100pati vo bug i nasiot jazik vrska nema so bugarskiot da e ist povrsinski se razbirame i nisto povece
Од: kole
Датум: 16.12.2008 13:37:40
Ne treba drug komentar, otvorete go oficijalniot Vladin vesnik Vecer... MOLK... a za patriotot Grujo ne znaat kako da go velicaat, e sega barem se vide kakov patriot e zeleniot (sto bi rekol Frcko) Grujica... sirotiot ne ni razbra sto kaza Stanisev... siroti Pirinci od kogo ocekuvaat poddrska???
Од: Slave
Датум: 16.12.2008 13:56:28
Prav e Stanisev - "Liderite na taa organizacija (OMO Ilinden) ne sakaat da bidat registrirani, inaku nema da bidat interesni". Na vojvodata Stojko Stojkov brakjata, majka mu i tatko mu se deklarirat ko bugari, samo Stojkov e makedonec vo familijata. Izgleda ili Stojkov e lud ili e kop..le. Ama ako za vseki lud ili sekoe kop..le se pravaat partii so ke pravaat normalnite. Pozz
Од: vesna
Датум: 16.12.2008 14:45:42
Само за потсетување. За кои бугарски војници да се прават или одржуваат споменици? За оние од балканските војни, првата светска или втората? Значи треба да се направат споменици за оние кои се бореле на страната на окупаторите на Македонија и на светот . За потсетување Бугарите во двете светски војни беа на страната на антантата и фашизмот (во втората)..
Од: mark
Датум: 16.12.2008 14:56:48
bugarite se vo dogovor so grcite i tie za vlez vo EU iNATO ke baraat da se izjasnime za jazikot bideki nego priznavaat.Za molkot na portokaloviot patriot nema sto da se komentira dovolno e samo da ve potsetam:koj ja namesti najgolemata bugarofilka za direktor na Makedonskiot kulturen centar vo sofija,a go razresi eden od najgolemite Makedonci vo Blgarija mislam deka se preziva MICOV ako dobro sum zapamtil na toj profesor i denes bugarite mu vrsat razni pritisoci.Gruevski ima isti stavovi vo odnos na blgarite kako LJUBCO iDOSTA za kratko vreme ke se vidi
Од: vesna
Датум: 16.12.2008 15:22:43
Do Marjan-Viena i do Ljupco Bitola-NAJPAMETNI STE KOGA VE NEMA, a ti ljupco ako Bugarija ti e MAJCICA slobodno odi si i nikogas ne vrakaj se .I site takvi kako tebe
Од: Briselskiot Konzulat
Датум: 16.12.2008 15:23:31
do srebre.a so koj jazik imame nesto opsto? so albanskiot ili so spanskiot?Makedonskiot i Bugarskiot jazik se od eden del - Zapadni jugoslovenski jazici. Luge, Bugarija saka da ni bide drugar, ispolzuvajte go toa! Bugarija ja saka Makedonskata zemlja i sekogas ke ni poddrza, opravete go problemot so albancive i zemljata ke se opravi.....
Од: Kicevo
Датум: 16.12.2008 15:49:40
Г.дин Станишев за фОРУМ изјавил дека мораме да се спогодиме за името и што побрго да влеземе во ЕУ,оти тоа било добро за македонците..е па Г.дине Станишев денес се чув со мој роднини во Лондон и ми кажаа дека сите Бугари се вратени,а после Нова година не смее да има никој во Британија,сем некој што има само државјанство од државата...Е,па не вреди да се лаже народот дека ке работиме во ЕУ,оти сега барај им чаре на вашите сите се враќаат по нова година во Бугарија,а некој како реков веке се вратиле...Позз.до Македонците....пс.нека демантир некој ако лажам...денес тоа ми е кажано од Лондон
Од: Goran BT
Датум: 16.12.2008 16:24:26
Доста често слушаме и гледаме за Бугарското противење на формирањето на политичка партија на Маќедонците во Бугарија што е легитимно бидејки зивејат голем број на луѓе со Маќедонско етничко потекло. Е сега анализирајчи ја сосотијбата каде ја гледам јас грешката, спрема законот за државјанства на Р. Бугарија сите граѓани на Бугарија имаат право на двојно државјанство затоа сметам дека Маќедонската влада треба под нај итно да му издаде државјанства на сите оние Бугарски државјани кои себеси се чуствуваат како Маќедонци така ќе има легитимно право да се грижи за нив бидејки се истовремено и државјани на Маќедонија. Со тоа кога ќе дојди официјален Бугарски претсавник да му речи било која влада еве ние се грижиме за Маќедонците во Бугарија , вака само ако се продолжи ќе биди како повод за провокации на просрпските медиуми. Истото треба да се направи и со егејците кои се државјани на Грција. Поздрав и без етиќетирање да зборуваме со факти.
Од: spase - australia
Датум: 16.12.2008 16:51:24
kakvi blgari covece ne postoji takva nacija blgarija ima trakijci i makedonci najgolemiot procent 80% posle turci i ostanatite a blgari vistinski dali ima 2% prasanje e od ovaa zolta azijska rasa so zamizani oci ostana imeto koje ne sodejstvuva so koj narodi ziveat vo blgarija. Zalosna slika makedonec kako stanisev da velici nekakvi nepostoecki blgari stram za nego prvo drugo neka ne lazat za omo ilinden nie ne pieme mastilo se znae sto pravea sto pravat kakva propaganda non-stop smisluvaat seto na kraj nema da im uspee samo se zanesuvaat pod nekakvi nevidlivi sili rabotat vo interes na nekakva blgarska nacija gluposti nevideni SVESTE TE SE DODEKA IMA VREME deka denot se blizi kolku YUSLOVENI sto postoeja sega gi nema taka i ovaa blgarska nacija ke ja snema vestacki stvorena od germanci i rusi pregolem zalak za ovie EU zemji bese makedonija nanazad ali sega druga e pesnata ke se vratat rabotite na svoje mesto MAKEDONIJA NA MAKEDONCITE i na nikoj drug.
Од: Sandanski / Bulgaria
Датум: 16.12.2008 17:18:51
Jas sum ot Sandanski i sakam da vi kazam deka vo Pirinsko nikoj ne bara mkd i nikoj ne se cuvstva makedonec. Ne se sekirajte i si ja gledajte vasata rabota, oti ako i Bugarija vi obrne grb so ke pravite ??? A OMO-ilinden e organizacija na banda pijanici !
Од: veles do marina
Датум: 16.12.2008 17:22:42
marina izgleda uste si drugarka tvrdinite vo ohrid od kade sto si da ne gi izgradivme nie ili samuil carot bugarski.pa nemoj so ovakvi gluposti da se tresat ne sme na forum ili ti uste so socijalistickata istorija.
Од: blagoj ungar
Датум: 16.12.2008 18:11:32
G-din Stanisev,mislam deka po poteklo ste od Egej,pa ako e taka,togas treba da Vi e jasno,kako sto im e jasno na stotici iljadi Makedonci vo zemjata vo koja Vie ste premier,deka NEMA PAZAR so IMETO MAKEDONIJA.
Од: Mакедонија
Датум: 16.12.2008 19:23:25
Школата е таа исто како во времето на Лубчо каков учител таков ученикн - сичките дитекно за Блгоевград.
Од: Dr.Mihail Sorko , Ohrid.
Датум: 16.12.2008 19:23:52
* Za LUGJETO e sekogas podobro da gi cuvaat MOSTOVITE , otkolku da gi srusat * Od Koranot.
Од: Daniel Stojanovski
Датум: 16.12.2008 20:03:59
Ova e vistinskoto lice na Nikola Gruevski, sega se dokaza deka toj e ist kako i negoviot ucitel Ljubco Georgievski!!!!! Braka ajde da im go pokazeme mestoto na lokalnite i pretsedatelskite izbori!!!!
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 16.12.2008 20:24:14
Од ортачко и кучинјата бегаат,камо ли да се гради заедничка нуклеарка, сега и словенците и хрватите се пишман за заедничката нуклеарка КРШКО и неможат да се договорат на кој колку му припаѓа струја и по која цена,а уште помалку каде и што со отпадниот материјал од нуклеарското гориво крсте поп/стефанија

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Verbatim
Споменик и за Аларова
Црна Гора побара членство во ЕУ