Лајмска болест кај двајца битолчани
БИТОЛА - Центарот за јавно здравје - Битола потврди дека кај двајца битолчани на возраст меѓу 20 и 30 години е дијагностицирана лајмска болест, која се пренесува со каснување од крлеж. „Болеста ја имаа во најлесна фаза, како кожна манифестација. Тие се примени и згрижени во дневната болница на Инфективното одделение“, изјави Тони Коњановски, стручен соработник во ЈЗО Центар за јавно здравје - Бито��а. Оттаму објаснуваат дека болеста ја предизвикуваат животни кои во себе ја имаат бактеријата борелија бурдор, а потоа крлежите ја пренесуваат од животните на човекот.
Според Тони Коњановски, болеста се манифестира во неколку фази -првата е кожна, од пет до 30 дена по каснувањето од крлеж кога се јаву��аат концентрични црвени кругови на кожата. Ретко може да се јават и поголеми компликации. Во околу 15 отсто случаи, болеста се манифестира со нарушувања на централниот нервен систем, кои можат да завршат со енцефалит. Во третиот стадиум, кој може да трае и повеќе години, се јавуваат ревматски промени на зглобовите.
Од битолскиот Центар за јавно здравје велат дека само 30 отсто од крлежите ја пренесуваат лајмската болест. При подолг престој во природа, граѓаните треба да направат самопроверка. Ако забележат крлеж веднаш да побараат стручна помош во најблиската здравствена установа, а не да го отстрануваат сами, предупредуваат лекарите. (Д.Р.) |