Бијонсе
Неисполнета желбата да стане мајка
Популарната пејачка Бијонсе наскоро ќе наполни 30 години, а не и' се исполни желбата да добие дете пред својот роденден. Гостувајќи во живо во ТВ-емисијата на Пирс Морган, Бијонсе открила дека нема да се реализира во улогата на мајка до нејзиниот роденден на 4 септември кога ќе наполни 30 години.
„Вистина е дека велев оти ќе родам дете до 30. година, но и дека тогаш ќе заминам во пензија. А сега не ни помислувам на пензија. Значи, заклучете сами дали наскоро ќе станам мајка“ - рекла Бијонсе со насмевка.
Инаку, неодамна во медиумите се појавија шпекулации дека убавата бринета се разведува од својот сопруг Џеј Зи. До несогласувања, наводно, дошло зашто тој веќе на големо размислува за деца, додека Бијонсе макар уште две години би посветила на својата кариера. Меѓутоа, тоа беше само трач зашто убавата пејачка подоцна објаснила дека популарниот хип-хопер е љубовта на нејзиниот живот и дека од ден на ден го сака се' повеќе. |