Мишел Јео
Протерана од Мјанмар поради улога во филм
Актерката Мишел Јео била депортирана од Мјанмар поради улогата во новиот филм во кој го толкува продемократскиот лидер Аунг Сан Су Чи.
Неименувано официјално лице од владата изјавило дека актерката, која е по потекло од Мјанмар, допатувала во таа земја на 22 јуни и била депортирана истиот ден зашто се наоѓа на „црната листа“.
Меѓутоа, властите воопшто не објасниле зашто Јео воопшто се нашла на оваа листа, но познато е дека режимот ги отфрла барањата за виза на новинарите и критичарите на власта.
Филмот на режисерот Лук Бесон, за животот на Си Чи, под наслов „Дама“ би требало да се појави во кината наскоро и актерката изразила надеж дека нејзиното толкување на ликот на лидерот на опозицијата ќе помогне во подигнувањето на свеста за нејзината приказна.
Холивудската актерка престојуваше во Мјанмар во декември минатата година и извесно време мина со Су Чи поради филмот, кој е снимен на Тајланд. |