Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Македонија

Бедата најголем проблем во Прилеп

ПРИЛЕП - Корупцијата е трета на листата најголеми проблеми на граѓаните, по сиромаштијата и невработеноста. Ова се заклуч��ците од анкетата што ја реализира невладината организација „Центар за граѓански иницијативи“ во три општини: Прилеп, Долнени и Кичево. Граѓаните сметаат дека во државата има корупција, но не постои соодветна законска регулатива, ниту доволно санкции за да се спречи оваа општествена аномалија.

„24 проценти од анкетираните сметаат дека најмногу корупција има во политичките партии, 60 отсто одговориле дека државата нема ефикасно законодавство, а за спречување на корупцијата, 49 отсто испитаници сметаат дека е потребно поефикасно работење на судството. Голем дел, или 80 проценти веруваат дека корупцијата може да се намали“, изјави Марина Ѓорѓиоска-Китаноска, заменик-директор на програми во центарот.

Испитаниците ги посочиле и патиштата за брзо откривање на коруптивните случаи, но општ заклучок е дека без развој на свеста, тешко може оваа аномалија, која е навлезена во сите општествени пори, да се стави под контрола.

„Информираноста на граѓаните за законите од областа за спречување на корупцијата е на незначително ниво и се појави потреба од обуки на припадниците од ромската заедница во насока како да постапуваат со конкретен случај на корупција“, информира Илија Адамчески, правен советник во Центарот.

По завршување на целосната анализа, сите заклучоци и препораки од проектот, „Центарот за граѓански иницијативи“ ќе им ги стави на располагање на надлежните институции, а комплетна информација ќе биде проследена до Антикорупциска комисија за да може да се преземат мерки и да се зголемат заштитните механизми секаде каде што затајува системот. (Мн.Т.)


#
Статијата е прочитана 910 пати.

Испрати коментар

Од: svedska
Датум: 22.09.2010 12:47:23
neli vie prilepcani cesto na ovie str davate gordost patrioti gi stitite grujo nevi treba eu....pa togas sto se bunete zivejte vo siromastija koga nesakate eu..........
Од: ilija
Датум: 22.09.2010 13:09:40
korupcijata-nevrabotenosta i siromastijata nese samo vo prilep nego i vo celata drzava no prilepcani se po- gordi -smeli pase izjasnuvat otvoreno.
Од: сељак
Датум: 22.09.2010 13:50:01
Во голема заблуда се прилепчани. Најголем проблем, не само во Прилеп, во целата држава е владата на грујо и децата околу него.
Од: Spase
Датум: 22.09.2010 16:38:01
Tesko na prilepcani so politicarite koi gi ima.Ovaa segasnava vlast od DPMNE kradi kolku sho ke stasa a SDSM e izgubena vo svemiro.Zato prilepcani se prasuvaat dali se polosi vmrovcite na celo so Marjan gradonacalniko ili komunjarite kaj sho se glavni Djemovci.Gore visoko dolu dlaboko.Katastrofa

Најди! во Утрински
Македонија
Во Лажец не си велат ниту добар ден
Војници ги уредуваат партизанските гробишта



"""